• Latest

Инспекциските служби извршиле 4716 контроли, седум угостителски објекти добиле забрана за вршење дејност

November 5, 2020
Кијив, 19 ноември 2026 (ДСНС)

Кијив под целодневен руски терор: Загинати цивили и оштетени амбасади – Кримскиот мост повторно погоден

November 19, 2026
Фотографија: Колаж/АП

Пораките на триото Си – Трамп – Путин од Шенжен

November 19, 2026
Јана Коцевска (фото: ИМА)

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

Тврдењето на Сиљановска-Давкова падна при основна проверка на фактите: Уставниот „рекорд“ не постои

November 19, 2026
Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје (Wikipedia)

Скопје меѓу „шампон“ и ѓубре: Што велат 247 коментари за првата година на Орце Ѓорѓиевски?

November 19, 2026

Европска комисија предлага нови 45 милијарди евра за Украина во 2027 година

November 19, 2026

Правилното чување на тутунот е важно за зачувување на квалитетот пред откупот

November 19, 2026
Поморскиот сообраќај во Црното Море се соочува со зголемени безбедносни ризици. (Фото: Mosbatho / Wikimedia Commons, CC BY 4.0)

Два поморски инцидента за два дена во Црното Море, спасени 31 морнар

November 18, 2026
Гордана Сиљановска-Давкова гласа за вториот круг на претседателските избори во 2024. Фото: Toshe Ognjanov (VOA). Извор: Wikipedia

Сиљановска-Давкова и „рекордот“ во бројот на уставни измени: Тврдењето падна на проверката на фактите – статистиката во служба на националистичката реторика

November 18, 2026
Анти-владини протести, Братислава, 17 ноември 2026 (Фото: Скриншот од видео на APT News)

Словачка: Илјадници демонстранти протестираа против владата на Роберт Фицо

November 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Инспекциските служби извршиле 4716 контроли, седум угостителски објекти добиле забрана за вршење дејност

November 5, 2020 08:30
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Владата вчера соопшти дека инспекциски служби во периодот од 26 октомври до 1 ноември извршиле вкупно 4.716  контроли, од кои 1750 се инспекциски надзори.

„Во овој период Државниот пазарен инспекторат ( ДПИ ) спроведе 2.966 контроли и 588 надзори. Контролите се спроведени според Закон за заштита на населението од заразни болести, Закон за заштита на потрошувачи, Закон за трговија, Закон за нерегистрирана дејност, Закон за угостителска дејност, Закон за градежни материјали,  Закон за занаетчиска дејност, Закон за енергетика, Закон за метрологија, Закон за безбедност на производите и Закон за заштита од пушењето“, соопштуваат од Влада.

Од Влада додаваат дека ДПИ има изречено решенија за забрана за вршење дејност на седум објекти во Гостивар, Битола,Скопје и Куманово.

„Прекршувањата се во делот на непочитување на здравствените протоколи, односно одржување на прослави, за непочитување за растојание помеѓу маси и носење маски. При контролите ДПИ изрече 65 решенија и тоа 4 решенија по Закон за заштита на населението од заразни болести (Скопје- 49 решенија по Закон за финансиска дисциплина- 3 решенија по Закон за нерегистрирана дејност- 1 решенија по Закон за трговија- 2 решенија по Закон за угостителска дејност- 1 решение по Закон за заштита на потрошувачи)“, стои во соопштението.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат во истиот период извршил 91 надзор, при што изречени се 10.553 решенија,од кои 10.538 се за изолација на болни од КОВИД19 и контакти на болни од КОВИД-19, а 15 решенија се за констатирани неправилности по спроведен надзор.

„Инспекторатот за труд во изминатата недела спроведе 572 надзори, при што издадени се 30 решенија за отсуство на ознаки за дизенфекција, промотивни материали за носење заштитни маски, евиденција на работно време, лична заштита на вработени и други непарвилности по материјалните закони.
Во истиот период Инспекторатот за транспорт изврши 66 надзори, при што изречени 4 кривични пријави за непочитување на здравствените протоколи и тоа:  2 за непочитување на на Протоколот за вршење на меѓународен превоз на патници на граничен премин Деве Баир и една на граничен премин Табановце  во Штип и Струмица за непочитување на Протоколот за вршење на меѓуградски превоз на патници. Инспекторатот изрече и 5 прекршочни пријави, а издадени се 14 решенија и 3 платни налози“, додаваат од Влада.

За истиот период, Агенцијата за лекови и медицински средства МАЛМЕД спроведе 39 надзори во аптеки во целата држава, по основ почитување на мерките на Владата во однос на издавање на антибиотици и проверка на податоци за формирани цени на заштитни средства од корона вирус, а при тоа не се констатирани прекршувања на законските одредби и отстапувања од протоколите.

„Инспекторатот на Агенцијата за храна и ветеринарство во истиот период спроведе 394 надзори во однос на спроведување на мерките по Закон за заштита на населението од заразни болести,а останати контроли се по закон за безбедност на храна. При тоа издадени се 4 решенија, еден платен налог и спроведени 28 едукации. Констатирани недостатоци за неизвршени здравствени прегледи,неспроведување на општи хигиенски мерки,нерегистриран објект, производ со поминат рок“, велат од Влада.

A. П. 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ