Владата вчера соопшти дека инспекциски служби во периодот од 26 октомври до 1 ноември извршиле вкупно 4.716 контроли, од кои 1750 се инспекциски надзори.
„Во овој период Државниот пазарен инспекторат ( ДПИ ) спроведе 2.966 контроли и 588 надзори. Контролите се спроведени според Закон за заштита на населението од заразни болести, Закон за заштита на потрошувачи, Закон за трговија, Закон за нерегистрирана дејност, Закон за угостителска дејност, Закон за градежни материјали, Закон за занаетчиска дејност, Закон за енергетика, Закон за метрологија, Закон за безбедност на производите и Закон за заштита од пушењето“, соопштуваат од Влада.
Од Влада додаваат дека ДПИ има изречено решенија за забрана за вршење дејност на седум објекти во Гостивар, Битола,Скопје и Куманово.
„Прекршувањата се во делот на непочитување на здравствените протоколи, односно одржување на прослави, за непочитување за растојание помеѓу маси и носење маски. При контролите ДПИ изрече 65 решенија и тоа 4 решенија по Закон за заштита на населението од заразни болести (Скопје- 49 решенија по Закон за финансиска дисциплина- 3 решенија по Закон за нерегистрирана дејност- 1 решенија по Закон за трговија- 2 решенија по Закон за угостителска дејност- 1 решение по Закон за заштита на потрошувачи)“, стои во соопштението.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат во истиот период извршил 91 надзор, при што изречени се 10.553 решенија,од кои 10.538 се за изолација на болни од КОВИД19 и контакти на болни од КОВИД-19, а 15 решенија се за констатирани неправилности по спроведен надзор.
„Инспекторатот за труд во изминатата недела спроведе 572 надзори, при што издадени се 30 решенија за отсуство на ознаки за дизенфекција, промотивни материали за носење заштитни маски, евиденција на работно време, лична заштита на вработени и други непарвилности по материјалните закони.
Во истиот период Инспекторатот за транспорт изврши 66 надзори, при што изречени 4 кривични пријави за непочитување на здравствените протоколи и тоа: 2 за непочитување на на Протоколот за вршење на меѓународен превоз на патници на граничен премин Деве Баир и една на граничен премин Табановце во Штип и Струмица за непочитување на Протоколот за вршење на меѓуградски превоз на патници. Инспекторатот изрече и 5 прекршочни пријави, а издадени се 14 решенија и 3 платни налози“, додаваат од Влада.
За истиот период, Агенцијата за лекови и медицински средства МАЛМЕД спроведе 39 надзори во аптеки во целата држава, по основ почитување на мерките на Владата во однос на издавање на антибиотици и проверка на податоци за формирани цени на заштитни средства од корона вирус, а при тоа не се констатирани прекршувања на законските одредби и отстапувања од протоколите.
„Инспекторатот на Агенцијата за храна и ветеринарство во истиот период спроведе 394 надзори во однос на спроведување на мерките по Закон за заштита на населението од заразни болести,а останати контроли се по закон за безбедност на храна. При тоа издадени се 4 решенија, еден платен налог и спроведени 28 едукации. Констатирани недостатоци за неизвршени здравствени прегледи,неспроведување на општи хигиенски мерки,нерегистриран објект, производ со поминат рок“, велат од Влада.
A. П.