• Latest

Филипче: Да бидеме одговорни, да не дозволиме најубавите мигови да се претворат во лоши спомени

December 15, 2020
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026

Кој ќе ја искористи фрустрацијата која ја манифестираат носителите на власта?

June 18, 2026

Лени Фрчкоска и Марта Стевковска ја добиja наградата „Гласник на невидливите“ за сторијата „Женското е туѓа фамилија“

June 17, 2026
Фон дер Лејен, Зеленски, Кошта (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Украина цврсто на патот кон ЕУ: Во услови на брутална агресија, под постојан напад врз цивилите – првиот кластер во пристапните преговори е отворен

June 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Филипче: Да бидеме одговорни, да не дозволиме најубавите мигови да се претворат во лоши спомени

December 15, 2020 14:40
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

„Состојбата со коронавирусот останува стабилна, но и натаму има голем број на заболени и хоспитализирани лица. Во просек изминатата недела болнички се лекуваат околу 1300 или 1400 пациенти, болниците и натаму се под навистина голем притисок, но слободни кревети има во континуитет, практично целиот изминат период од повеќе од една недела бројот на слободни болнички кревети е константен, што значи дека добро се манаџира делот со хоспитализација. Има околу 150 слободни кревети на територијата на државата, “, изјави министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција.

Филипче додаде дека ја пратат ситуацијата и во регионот, која иако има трендови на забавување, во регионот има се уште голем број на нови случаи и починати лица.

„Модуларните болници се во фаза на изработка, односно поставување, во Гевлегија е завршена инсталацијата, сега следат во Штип, Кичево, Струга, Битола и Струмица и тоа е нешто што очекуваме во следниот период, со оваа динамика која започна, се одвива, за жал има доцнење поради блокада од опозицијата за време на техничката Влада“, истакна Филипче.

Во однос на вакцините за коронавирусот подготовката за прием, министерот изјави дека дистрибуцијата и вакцинација се одвива со одлична динамика, се одзвале сите компании кои работат на чување и дистрибуција на вакцини со солидни услови, а единствено нешто што недостасува, а ќе стигне на почетокот на јануари, се фрижидерите за температура на -70 степени, кои се добиени преку донација.

„Активни сме на три полиња за набавка на вакцини, едниот Ковакс системот каде набавивме над 800.000 дози за 400.000 граѓани, денеска на седницата помина информацијата со која УНИЦЕФ се вклучува помошта во делот на склучување на договори и транспорт на вакцините до нашата земја од тој произведител кој ќе биде одреден од ковакс системот“, изјави Филипче.

Министерот изјави дека во разговор со неговиот грчки колега, им е укажано дека Македонија може да смета на дел од првата количина која ќе стигне во Грција.

„Третиот механизам е преку понудата на канцеларијата на Европската делегација тука кај нас. Вакцините ќе бидат бесплатни. Апелирам граѓаните да не подлегнуваат на лажните вести, гледаме дека се интевизираат, и бројот на дезинформации се големи, примарната цел е заштита на населението и намалување на сметен исход од КОВИД-19“, додаде Филипче.

Новите рестриктивни мерки опфаќаат скратување на работното време на угостителските ибјекти, до 18 часот, забрана за организирање нов настани на плоштади од општините, предновогодишни и новогодишни забави од работни организации, верските заедници да не повикуваат на масовни гурпирање и собири за верските празници, нема собирање по дома препораки, ниту во викендици.

„Од денеска ја започнуваме кампањата „Празнувај одговорно“, со која сакаме да ја подигнеме свеста за одгворно почитување на мерките, да нема групирање за слави, јавен простор, по паркови и да не се напуштаат домовите без некоја посебна потреба. Да бидеме одговорни, но и да не дозволиме најубавите мигови да се претворат во лоши спомени, да прославиме одговорно и да мислиме на здравјето, славењето може да почека, здравјето не“, додаде Филипче.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ