• Latest

Филипче и Ангелов заедно со невладините организации во битка со Ковид-19

December 18, 2020
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Филипче и Ангелов заедно со невладините организации во битка со Ковид-19

December 18, 2020 17:39
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за здравство Венко Филипче во обраќањето на форумот „Справување со кризата со (не)доволни ресурси“, организиран од Македонскиот центар за меѓународна соработка и Цивика мобилитас, истакна дека се намалува бројот на заболени, но треба да бидеме внимателни затоа што се можни изненадувања.

На форумот, претставниците на граѓанските организации имаа можност да дискутираат со министерот за здравство Венко Филипче, со в.д. директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов и со Зоран Дранговски од Македонското здружение на млади правници кој е еден од претставниците на здруженијата и фондациите во Главниот штаб за управување со кризи при Центарот за управување со кризи. Модератор беше Герман Филков.

Филипче нагласи дека очигледно овој вирус не го прати моделот на вируси од истата група на вируси во кои се јавува. Имавме еден тренд на стабилизација прво, па сега и намалување и внимателни сме, следиме како ќе биде овој период пред нас. Тој уште додаде дека не може да има еден идентичен протокол за лекување од оваа болест и секој пациент треба да биде воден од самиот матичен лекар.

„Мора да се направи проценка врз основа на клиничката состојба на пациентот, затоа што видовме многу сценарија за оваа болест што уште еднаш нѐ враќаат на заклучокот дека имаме работа со непознат вирус“, рече Филипче.

 Во однос на тестирањето кажа дека брзите тестови кои се на располагање малку ја променија сликата и најави дека ќе биде дистрибуирано дополнително количество тестови.

„Имаме некои најави дека има некои специфични лекови, тоа се оние специфични моноклонални антитела кои директно помагаат за оваа болест. Ни се понуди и аплициравме, ЕУ ни понуди да бидеме дел од заедничката набавка тогаш кога ќе биде на располагање. Така што влеговме во тој систем, доколку тој лек се потврди за да биде конкретно наменет“, заклучи Филипче.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов во своето обраќање на форумот посочи дека Главниот штаб работи според акциски план чија основна надлежност е борбата против ковид-19, намалување на ширењето на заразата и бројот на болни, за да се намали притисокот врз здравството во нашата држава.

„Центарот за управување со кризи остварува поврзување со невладиниот сектор, којшто несебично се вклучува во рамки на можностите и капацитетите, што е проширување на фронтот за борба против пандемијата на оптимално можна организирана линија и со невладините организации коишто се и секако значаен ресурс на општеството“, истакна Ангелов.

Тој нагласи дека приоритетот рационалното и ефикасно искористување на расположливите национални ресурси, а во согласност со Акцискиот план за посеопфатно дејствување против ширењето на Ковид-19, се поставува како „врв“ при секоја активност. Истовремено, како и што е запозната јавноста, Ангелов информираше и за јакнење на капацитетите на Главниот штаб за управување со кризи, со учество на надворешни соработници од невладиниот сектор, што е проширување на фронтот за борба против пандемијата на оптимално организирана линија и со невладините организации коишто се значаен ресурс на општеството.

Инаку, невладините организации, според информациите, а и нивното произнесување во јавноста, сериозно се преструктуираа согласно нивните можности и капацитети и здружено се координираат и меѓу себе за борба против пандемијата во нашата држава и со Центарот за управување со кризи. Притоа, тие се произнесоа и во јавноста дека во поглед на помошта, што ќе ја понудат и што ја нудат, дека се координираат да биде системска, соодветна на потребите на граѓаните и да биде канализирана преку Центарот за управување со кризи во државата, согласно и неговата поставеност како координатор за кризни состојби.

Неодамна, да се потсетиме, на 30 ноември, Македонски центар за меѓународна соработка – МЦМС и „Цивика мобилитас“ иницираа и реализираа средба со претставници на граѓанските организации од којашто произлегоа заклучоци за потребите на целните групи и препораки за идните активности со кои може да им се излезе во пресрет на граѓаните и на институциите. Целта на овој тематски форум е да се дискутира и договори во кои области и како граѓанските организации можат поконкретно да им помогнат на институциите во справувањето со пандемијата, особено на тие што се директно вклучени во Системот за управување со кризи што се координирани од Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК, којшто е целосна подршка и на владините тела Управувачки комитет и Група за Проценка.

Уранија Пировска од Хелсиншки комитет и Зоран Дранговски од Здружението на Млади правници, се претставници на невладините организации и учествуваат во работата на ЦУК, односно немаат право на глас, само ја надгледуваат работата. Во понеделник директорот на ЦУК, Ангелов ќе ги сослуша претставниците на НВО организациите кои се нивните предлози и препораки за справување со ковид кризата.

Д.М.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ