Филипче нагласи дека очигледно овој вирус не го прати моделот на вируси од истата група на вируси во кои се јавува. Имавме еден тренд на стабилизација прво, па сега и намалување и внимателни сме, следиме како ќе биде овој период пред нас. Тој уште додаде дека не може да има еден идентичен протокол за лекување од оваа болест и секој пациент треба да биде воден од самиот матичен лекар.
„Мора да се направи проценка врз основа на клиничката состојба на пациентот, затоа што видовме многу сценарија за оваа болест што уште еднаш нѐ враќаат на заклучокот дека имаме работа со непознат вирус“, рече Филипче.
Во однос на тестирањето кажа дека брзите тестови кои се на располагање малку ја променија сликата и најави дека ќе биде дистрибуирано дополнително количество тестови.
„Имаме некои најави дека има некои специфични лекови, тоа се оние специфични моноклонални антитела кои директно помагаат за оваа болест. Ни се понуди и аплициравме, ЕУ ни понуди да бидеме дел од заедничката набавка тогаш кога ќе биде на располагање. Така што влеговме во тој систем, доколку тој лек се потврди за да биде конкретно наменет“, заклучи Филипче.
Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов во своето обраќање на форумот посочи дека Главниот штаб работи според акциски план чија основна надлежност е борбата против ковид-19, намалување на ширењето на заразата и бројот на болни, за да се намали притисокот врз здравството во нашата држава.
„Центарот за управување со кризи остварува поврзување со невладиниот сектор, којшто несебично се вклучува во рамки на можностите и капацитетите, што е проширување на фронтот за борба против пандемијата на оптимално можна организирана линија и со невладините организации коишто се и секако значаен ресурс на општеството“, истакна Ангелов.
Тој нагласи дека приоритетот рационалното и ефикасно искористување на расположливите национални ресурси, а во согласност со Акцискиот план за посеопфатно дејствување против ширењето на Ковид-19, се поставува како „врв“ при секоја активност. Истовремено, како и што е запозната јавноста, Ангелов информираше и за јакнење на капацитетите на Главниот штаб за управување со кризи, со учество на надворешни соработници од невладиниот сектор, што е проширување на фронтот за борба против пандемијата на оптимално организирана линија и со невладините организации коишто се значаен ресурс на општеството.
Инаку, невладините организации, според информациите, а и нивното произнесување во јавноста, сериозно се преструктуираа согласно нивните можности и капацитети и здружено се координираат и меѓу себе за борба против пандемијата во нашата држава и со Центарот за управување со кризи. Притоа, тие се произнесоа и во јавноста дека во поглед на помошта, што ќе ја понудат и што ја нудат, дека се координираат да биде системска, соодветна на потребите на граѓаните и да биде канализирана преку Центарот за управување со кризи во државата, согласно и неговата поставеност како координатор за кризни состојби.
Неодамна, да се потсетиме, на 30 ноември, Македонски центар за меѓународна соработка – МЦМС и „Цивика мобилитас“ иницираа и реализираа средба со претставници на граѓанските организации од којашто произлегоа заклучоци за потребите на целните групи и препораки за идните активности со кои може да им се излезе во пресрет на граѓаните и на институциите. Целта на овој тематски форум е да се дискутира и договори во кои области и како граѓанските организации можат поконкретно да им помогнат на институциите во справувањето со пандемијата, особено на тие што се директно вклучени во Системот за управување со кризи што се координирани од Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК, којшто е целосна подршка и на владините тела Управувачки комитет и Група за Проценка.
Уранија Пировска од Хелсиншки комитет и Зоран Дранговски од Здружението на Млади правници, се претставници на невладините организации и учествуваат во работата на ЦУК, односно немаат право на глас, само ја надгледуваат работата. Во понеделник директорот на ЦУК, Ангелов ќе ги сослуша претставниците на НВО организациите кои се нивните предлози и препораки за справување со ковид кризата.
Д.М.