• Latest

Царовска: Воспоставуваме национални стандарди што секое дете треба да постигне со завршување на деветолетка

December 19, 2020

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МУЛТИКУЛТУРА

Царовска: Воспоставуваме национални стандарди што секое дете треба да постигне со завршување на деветолетка

December 19, 2020 10:28
in МУЛТИКУЛТУРА, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Со новата концепција за основно образование за прв пат се воспоставуваат национални стандарди со кои се определуваат компетенциите што треба да ги стекнат учениците во текот на деветолетката. Досега целото образование беше содржински насочено, а за прв пат се воспоставува образование коешто ќе гледа резултати од учење, што е меѓународен стандард, рече министерката за образование и наука Мила Царовска.

Нашите национални стандарди се изготвуваат врз основа на рамката што ја дава ОЕЦД. Министерката Царовска објасни дека националните стандарди се однесуваат на осум подрачја околу кои се групирани компетенциите, и тие се јазична писменост; користење други јазици; математика, природни науки и технологија; дигитална писменост; личен и социјален развој; демократска култура и граѓанство; претприемништво и уметничко изразување, култура и мултикултура.

-Ова се осумте национални стандарди коишто секое дете ќе треба да ги има во моментот кога ќе излезе од деветолетка, рече Царовска во синоќешното интервју за Сител.

Создаваме групирање на основни предмети за да може секој ученик да ги постигне како компетенции, објасни министерката. Но, секој ученик, за да може да го постигне својот основен потенцијал, бира два изборни предмети во текот на годината, по еден во полугодие. Изборните предмети се од четири поглавја: дополнувања на знаења од основните предмети, други вештини како градинарство, готвење, техничко образование, потоа спортски активности и поглавје за личен развој.

-За прв пат и како стандард се воведува личен развој. Зошто? Затоа што воспитанието беше многу запуштено. Сега го враќаме назад. Со изборниот предмет ученикот го надополнува образованието и учествува во креирање на својот образовен план во деветтолетка, рече Царовска.

Учениците ќе бидат минимум шест часа во училиште, за да може покрај часовите по основните предмети да имаат и дополнителни активности.

-Она што е видливо, е дека на образовниот систем му е потребна итна реформа и реорганизација. Исто, јасно е видливо дека не е вложувано многу години, дека не е усогласено со потребите на современото живеење, ниту во општо образовните програми, ниту во стручните програми, и токму затоа, како министерство за образование наука интензивно се подготвуваме за реформа, и во основно, и во гимназиско и во средно стручно образование, затоа што ако не се преземат активности сега, сметам дека во наредните пет години огромен човечки потенцијал уште повеќе ќе биде забележително дека го губиме. Не само напуштајќи ја државата туку и капацитетот што ќе остане тука, нема да може да одговори на потребите на пазарот на трудот, изјави министерката Царовска во интервју за ЦИВИЛ Медиа, со осврнување на состојбите на образовниот систем, приоритетите, долгогодишното партизирање на наставниот кадар, европските вредности во образовната програма и настава…

 

Царовска: Во образовниот систем не е вложувано многу години, системот на креирање наставни содржини мора да се промени

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ