• Latest

Царовска: Во образовниот систем не е вложувано многу години, системот на креирање наставни содржини мора да се промени

December 7, 2020

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026

По обвинувањата за изборна измама, Израел ги потврди резултатите и влегува во коалициски преговори

November 4, 2026
Фото; Unsplash

Масовни протести во Чешка против реформата на јавните медиуми: Илјадници граѓани бараат заштита на медиумската независност

November 4, 2026

ИНФОГРАФИК: „Блунами“ во САД – што донесе синиот бран и што е следно за Трамп и светот

November 4, 2026

Син бран ја менува Америка: Демократите го освоија Конгресот, Трамп ја губи политичката доминација во Вашингтон

November 4, 2026

Проширувањето на ЕУ забрзува, Северна Македонија ризикува да остане на маргините

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Царовска: Во образовниот систем не е вложувано многу години, системот на креирање наставни содржини мора да се промени

December 7, 2020 16:43
in ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ Медиа разговараше со министерката за образование и наука, Мила Царовска, за состојбите на образовниот систем, приоритетите, долгогодишното партизирање на наставниот кадар, европските вредности во образовната програма и настава…

ЦИВИЛ Медиа: Во каква состојба е македонскиот образовен систем? Има ли македонското општество капацитет да изгради современ образовен систем? Кои се приоритетите?

Царовска: Она што е видливо, е дека на образовниот систем му е потребна итна реформа и реорганизација. Исто, јасно е видливо дека не е вложувано многу години, дека не е усогласено со потребите на современото живеење, ниту во општо образовните програми, ниту во стручните програми, и токму затоа, како министерство за образование наука интензивно се подготвуваме за реформа, и во основно, и во гимназиско и во средно стручно образование, затоа што ако не се преземат активности сега, сметам дека во наредните пет години огромен човечки потенцијал уште повеќе ќе биде забележително дека го губиме. Не само напуштајќи ја државата туку и капацитетот што ќе остане тука, нема да може да одговори на потребите на пазарот на трудот.

ЦИВИЛ Медиа: Долго време наставниот кадар страдаше од систематско партизирање. Истото се однесува и на наставните програми на сите нивоа на образованието, основното, средното и високото. Можеме ли да очекуваме надминување на партизацијата во образованието?

Царовска: Се гледа дека имало тенденција на држење на наставниците на кратко јаже, и условување со нивните работни места, и учеството во одредени партиски задачи, и токму затоа се работи на кариерен развој, законот е донесен, но системот за кариерен развој на наставниот кадар не е подготвен. На тоа работиме интензивно, за да може да се обезбеди квалитетно работно место за секој наставник и сигурно работно место заради тоа што системот на вработување е така направен, да може со години да останете на определено време со помал број на часови, и таа калкулација што била направена претходно, сега ќе се потрудиме да ја надминеме. Со тоа ги затвораме вратите за партизација кај наставниот кадар, затоа што наставниот кадар е клучот за квалитетно образование. Ако имаме квалитетен наставен кадар, и во полоши инфраструктурни услови ќе имаме квалитетна настава и ќе имаме квалитетни ученици понатаму коишто ќе може бргу да се адаптираат на потребите коишто се од современото живеење. Кога имате неквалитетен наставен кадар, тогаш и најдобрите инфраструктурни услови, не нудат квалитетна настава. Затоа, мојот фокус ќе биде поддршка на наставниот кадар, обезбедување квалитетни работни места, гарантирани работни места, за да може тие да го дадат својот максимум на креативност во учење на децата.

ЦИВИЛ Медиа: Дали и како Министерството за образование и наука има план за вградување на европските вредности и човековите права и слободи во образовните програми?

Царовска: Бевме сведоци дека многу учебници во многу наставни програми, дискриминации и стереотипи беа дел од нив. И затоа, прв чекор што го преземавме беше укинување, или повлекување на учебникот по македонски јазик за петто одделение, за којшто имаше дебата во јавноста, неколку години…Токму затоа го повлековме, за да покажеме политичка волја, дека системот на креирање наставни содржини мора да се промени, тој мора да се базира на докази и аргументи и мора да биде подготвен од квалитетни наставници и од високото образование, и од наставата во основно или средно образование , но исто така и граѓанските организации треба да имаат свој удел … Да гарантираме дека пристапот, проактивен, за заштита на човекови права, недискриминација, ќе биде дел од наставните курикули. Не само подготовката на наставните материјали, туку и наставната програма се менува за основно образование, и тука ќе имаме провлекување на човековите права, правата на децата, недискриминација, сите стереотипи коишто денеска ги имаме, на нив ќе дејствуваме проактивно, со содржини коишто ќе бидат во новата наставна програма. Процесот е започнат, формирана е новата група, концепцијата ја очекуваме некаде во средината на декември, додека новата наставна програма ја очекуваме во март-април, и веќе да почнеме да создаваме материјали, 2021 /2022 да ја започнеме со нова концепција.

Дијана Тахири

камера: Атанас Петровски

монтажа: Ариан Мехмети

фотографија: Биљана Јордановска

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ