• Latest

Преглед на настани: Утврдена листа на кандидати за членови на ДИК, Бучковски во посета на Софија, лекот Ивермектин од утре во аптеките

January 11, 2021
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: Утврдена листа на кандидати за членови на ДИК, Бучковски во посета на Софија, лекот Ивермектин од утре во аптеките

January 11, 2021 17:12
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Утврдена листата на кандидати за членови на ДИК, Насер Зибери предложен за народен правобранител

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница ја утврди листата на пријавени кандидати за избор на претседател и членови на ДИК, а на предлог на ДУИ, Насер Зибер со седум гласа „за“ е утврден за предлог-кандидат за народен правобранител.

Како што претходно објави МИА, огласот за членови на ДИК заврши, а до Комисијата се пристигнати пријави од 14 кандидати меѓу кои има и поранешни и актуелни членови, но и вработени во службите во Комисијата и правници. Мандатот на актуелниот состав на ДИК завршува на 15 јануари. Досега само ВМРО-ДПМНЕ ја потврди поддршката за Александар Даштевски за претседател на ДИК.

Според процедурата, откако денеска Комисијата за прашања на избори и именувања ќе ја утврди листата на кандидати, ја испраќа до претседателот на Собранието Талат Џафери, кој пак во рок од три дена ја препраќа до партиите кои треба да се изјаснат кои кандидати ги поддржуваат за членови на највисокото изборно тело во државата. Листата со поддржани кандидати се доставува назад до Комисијата за прашања на избори и именувања, која ја утврдува и потоа таа се доставуваа до пленумот кој треба да гласа. Рок за одговор од партиите нема, но постапката, според досегашите искуства, може да заврши во рок од еден ден.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

СКЕН: Национализмот, таа темна дамка (прв дел)

Борјан Ефремов – Перспективи 2021: Од септември секој студент дневно да добие по 120 денари за исхрана

ФЛЕШ ВЕСТИ

Специјалниот претставник за дијалогот со Бугарија Владо Бучковски, денеска е во посета на Софија, каде што е планирано да оствари средба со претставниците на Република Бугарија на повеќе нивоа, соопшти МНР.

Гордана Јанкуловска, поранешната министерка за внатрешни работи, денеска во сведочењето за случајот  со организацијата на протестите на 27 април 2017 година, изјави дека  ВМРО-ДПМНЕ не го организирала упадот во Собранието.

Собранието денеска и официјално ќе ја започне работата во новата 2021 година, иако минатата недела веќе се одржа една седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

Во ковид-центрите во болниците низ земјава се лекуваат вкупно 797 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот и има околу 518 празни болнички кревети.

Лекот Ивермектин кој се користи за лекување на заболени од Ковид-19 веќе е стигнат во земјава и од утре ќе се продава во аптеките ширум земјава, изјави за МИА директорот на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), Љирим Шабани.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Според една социолошка студија објавена кон средината на минатата година во списанието „Форбс“, Доналд Трамп, во просек, кажувал по 23.3 лаги дневно, и тоа мерено во месеците во 2020 година пред епидемијата со ковид да земе силен трагичен замав во САД и пред влегувањето во завршните месеци од американското предизборие. Датабазата на „Вашингтон пост“, пак, за континуирана фактичка проверка на изјавите на Трамп, констатира околу 20.000 лаги на Трамп во 2020 до минатиот септември, а потоа во двата предизборни лански месеци, просекот на неговите лаги се искачува и до 50 дневно“, пишува Сашо Орданоски во колумната „И Трамп постојано лажеше, па гледаме до кај стигна“.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ