• Latest

Жените од Шуто Оризари прашуваат: Кога ќе имаме матичен гинеколог во нашата општина?

January 22, 2021

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026

Од сушите до маркетите: Зошто новиот глобален ценовен удар допрва ќе стигне до потрошувачите

August 24, 2026
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Жените од Шуто Оризари прашуваат: Кога ќе имаме матичен гинеколог во нашата општина?

- Прво ни беше кажано дека ќе се отвори гинеколошката ординација од 1 декември 2020, па потоа на почетокот на јануари во 2021 година, но еве скоро помина цел месец ние се уште немаме гинеколог“, вели Салија Беќир.

January 22, 2021 13:55
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Иницијативата на жени од Шуто Оризари денеска одбележува годишнина од немање на матичен гинеколог во општина Шуто Оризари!

Салија Беќир Халим за ЦИВИЛ Медиа изјави дека уште во октомври минатата година министерот за здравство, Венко Филипче, информираше дека жените од Шуто Оризари ќе добијат гинеколог, односно д-р Божидар Бошковски кој е искусен гинеколог, ќе им биде на располагање на сите пациентки од оваа општина.

„Иако Министерството за здравство најави отворање на нова гинеколошка ординација, истата се уште не е отворена и репродуктивното здравје на жените од нашата општина веќе подолго време е ставено во ризик. 8.000-13.000 жени во репродуктивен период немаат матичен гинеколог во Шуто Оризари, иако сме на сред пандемија со ковид-19 откако пред една година гинекологот ја затвори својата гинеколошката ординација. Прво ни беше кажано дека ќе се отвори гинеколошката ординација од 1 декември 2020, па потоа на почетокот на јануари во 2021 година, но еве скоро помина цел месец ние се уште немаме гинеколог“, вели Салија Беќир.

Таа нагласи дека жените од Шуто Оризари повторно ќе останат без гинеколог, бидејќи д-р Бошковски треба да замине на пензија за година ипол, додавајќи: „И да почне со работа гинеколошката ординација, таа за краток период повторно ќе биде затворена, затоа треба државата уште сега да почне да подготвува специјализанти, односно да најде замена за докторот кога ќе си замине“, вели таа.

Инцијативата на жени од Шуто Оризари апелира до Министерство за здравство најитно да ја заврши постапката за отпочнување на работа на гинеколошката ординација во Шуто Оризари, како и да обезбеди трајно решение за овозможување на пристап до гинеколошки услуги на жените Ромки.

 Дехран Муратов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ