• Latest

СЈО: Одлуката на Иванов не го штити незаконски стекнатиот имот!

April 14, 2016

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

СЈО: Одлуката на Иванов не го штити незаконски стекнатиот имот!

April 14, 2016 16:31
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Специјалното Јавно обвинителство продолжува со својата работа! На денешната прес- конференција СЈО ја најави новата истрага под наслов “Транспортер”, која се однесува на  превоз на ученици во Општина Битола.

“Во досегашните случаи кои ги истражуваше СЈО, во најголем дел беа инволвирани претставници на централната власт, на тоа не биле имуни ниту локалните власти”, соопшти обвинителката Фатиме Фетаи, обраќајќи се на македонски, албански и турски јазик. Фетаи истакна дека постојан сериозни уверувања дека во Општина Битола, преку нејзиниот градоначалник Владимир Талески, за време на неговиот мандат „плаќала поскап превоз од оној од Токио“.

[youtube width=”600″ height=”344″]https://www.youtube.com/watch?v=-pwRL27Abl0[/youtube]

На овој начин, на Буџетот, а со тоа на сите граѓан(к)и им се нанела вкупна штета од околу 360.000 евра за само две учебни години, информираше Фетаи. Талески во договор со директорите на основните училишта и превозниците „Хера Турс“, „Транскоп“ АД, „Џем Турс“, „Боби Турс“, „Марија Транс“, „Хера превоз Новка“ и „Гопеш Транс“ и други. Започната е истрага против 22 лица, кои ја злоупотребиле службената положба.

[youtube width=”600″ height=”344″]https://www.youtube.com/watch?v=x-O-CR320_0[/youtube]

И покрај тоа што со аболицирањето на Ѓорге Иванов, градоначалникот на Битола е засега помилуван, тоа не ја опфаќа незаконски прибавената имотна корист, која како што информираше Фетаи – ќе биде конфискувана, како од градоначалникот, така и од сите учесници во незаконското договарање на превозот на ученици. “СЈО досега има покренато пет истраги и планира да продолжи со својата работа. Почитуваниот претседател Иванов, ќе има многу, многу работа во наредниот период!”, рече Катица Јанева, зборувајќи за аболицирањето на сите лица од власта и од опозицијата, против кои се води кривична постапка.

DSC_0076

Портпаролката на СЈО Ленче Ристеска, одговарајќи на новинарски прашања, истакна дека  СЈО не му дало податоци на претседателот Иванов во однос на лицата за кои се водат постапки. И на специјалните обвинители им е нејасно како конкретните податоци завршиле кај претседателот, затоа што многумина од лицата за кои се однесува аболицијата никогаш не биле јавно споменати.

Што се однесува до аболицирањето на специјалните јавни обвинител(к)и, Ристеска, истакна дека СЈО не ја прифаќа аболицијата. “На овој начин сме ставени во ист кош со лица за кои ние имаме цврсти докази за сторени кривични дела”, истакна Ристеска.

DSC_0019

На прес-конференција присуствуваа амбасадорите на Германија, Кристине Алтхаузер, на Велика Британија, Чарлс Гарет, како и дипломатски лретставници на Италија, Чешка и други држави-членки на ЕУ.

Марија Теговска

Print Friendly, PDF & Email
Tags: аболицијаимоткривична постапкапревозпретседателСЈОТранспортер
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result