• Latest

Преглед на настани: Спасовски смета дека Мијалков е во државата, Шекеринска за партискиот беџ на Ковачки, три доживотни за „Монструм“…

February 23, 2021

Трамп си побарал да го номинираат за Нобелова награда за мир

August 16, 2025

Измените и дополнувањата во Изборниот законик ќе се донесат по скратена постапка, прифатен амандманот на Левица, независните кандидати да соберат потписи од 0,5 отсто регистрирани гласачи

August 16, 2025
Андриј Сибига. Фото: Фејсбук

Сибига: Украина ја поддржува иницијативата на Трамп за трилатерална средба помеѓу Украина, САД и Русија,

August 16, 2025

Меланија Трамп му испрати писмо на Путин за киднапираните деца од Украина

August 16, 2025
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски
Фото извор- официјален профил  на ФБ на Зеленски

Зеленски: Мора да се постигне траен мир, а не само уште една пауза, во понеделник ќе се сретнам со Трамп во Вашингтон

August 16, 2025
EU2017EE Estonian Presidency, CC BY 2.0, via Wikimedia Commons

Европскиот совет вети поддршка за Украина во заедничка изјава за самитот Трамп-Путин

August 16, 2025

Пет месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“, денеска се одржува осумнаесеттиот „Марш на ангелите“ во Кочани

August 16, 2025
Фото: ЦУК / Фејсбук

Пожарот кај Јажинце и понатаму активен, соопштија од ЦУК

August 16, 2025

Едно од пет деца во Газа страда од неухранетост, предупредуваат ОН

August 16, 2025

Независните кандидати наместо од еден отсто, треба да соберат потписи од 0,95 проценти од запишаните избирачи во ИЕ, денеска гласање во Собранието

August 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: Спасовски смета дека Мијалков е во државата, Шекеринска за партискиот беџ на Ковачки, три доживотни за „Монструм“…

February 23, 2021 16:22
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ– Спасовски: Ги отфрлам сите шпекулации за договор, сметаме дека Мијалков е се уште во државата

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на првата прес конференција по бегството на обвинетиот во „Таргет – Тврдина“ Сашо Мијалков, ја објави хронологијата на дејствијата на МВР и ЈО пред, и по бегството.

-Дозволете ми пред сè да ги отфрлам сите шпекулации за било какви договори и со било кого. МВР ги презеде сите расположливи мерки за обезбедувањето на лицето и активно работи на пронаоѓањето и негово приведување пред лицето на правдата.“, истакна министерот Спасовски .

Министерството за внатрешни работи, на својата веб страница во делот на потраги, ажурираше објавената потерница по поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, од национална во меѓународна потерница.

На новинарско прашање дали се сомнева дека има „кртови“ во министерството, Спасовски изјави дека се сомнева во „кртови“ во целиот систем, во сите институции. Спасовски изјави дека проверуваат и меѓу своите редови, и дека тоа треба да се прави во сите институции на системот, и дека имаат сознанија дека Мијалков е се уште во државата.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ– Шекеринска: Жалам што на некои партиската значка им е поважна од државната

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска одговарајќи на новинарско прашање на ЦИВИЛ Медиа за постапките на полковникот Драган Ковачки изрази жалење што, како што рече, праксата на рушење на институцијата која му дава плата и натаму продолжува. Меѓутоа, нагласи таа, нека им е на чест на сите оние на кои партиската значка им е поважна од државната значка.

-Да сте македонски државјанин и да ги слушате овие зборови на американските колеги и сојузници и задоволството од соработката со нашата Армија и одбрана и после тоа да ги чуете коментарите од еден за жал офицер на истата таа армија, ќе мислете дека станува збор за две различни земји, две различни армии и два различни одбранбени система. Знам дека најголемиот дел знаат на кого повеќе ќе му веруваат, изјави Шекеринска, која заедно со амбасадорката на САД, Кејт Брнз го посетија армискиот полигон „Криволак“ каде беа информирани за претстојните активности за реализација на вежбата „Одлучен удар – 21“.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Правда – Во Основниот кривичен суд денеска се објавуваат пресудите за обвинетите во случајот „Монструм“.

Доживотен затвор добија Алил Демири и браќата Агим и Африм Исмаиловиќ, обвинети за тероризам, додека обвинетиот Хаки Азири се осудува на казна затвор од 9 години, а Фејзи Азири е осуден на казна затвор од 15 години.

Одбраната најави жалби по пресудата и по мерките притвор, и порача дека се убедени дека на крај ќе докажат дека обвинетите не се сторители на овој, како што рекоа, грозоморен чин.

Попис – Објавен конкурс за попишувачи и реонски инструктори за Пописот 2021

Образование – Регионалниот фонд за предизвици, на денешната Национална конференција го претстави првиот повик за поддршка на инвестиции во учење преку работа и дуален модел на образование, во износ од 150.000 до 600.000 евра.

МОН ги повикува средните стручни училишта и компаниите да се пријават за грантови на Германската развојна банка

Антикорупција – Националната стратегија на ДКСК за спречување корупција и судир на интереси усвоена на собраниска комисија

СЛОБОДНА ЗОНА

„Како омилен соопштувач на болни вистини, со сиот ризик од спружување од дежурните плукачи, Младиќот би сакал директно од Кристалната топка да ви ги пренесе впечатоците за прашањето што ве мачи и ќе ве мачи со денови и недели – кој е крив за бегството на Мијалков? Да одиме со ред.“, пишува Петрит Сарачини во колумната „Кој е крив за бегството на Мијалков?“

„Неговото бегство, пак, е посреден доказ дека нешто во македонскиот правен систем мора да се сменило „од неговото време“, бидејќи се уплашил, па побегнал, во очи на долгогодишната затворска казна што очекува(ше) во петок да му биде пресудена… Или посреден доказ дека во македонскиот правен систем ништо не се променило, штом и нему му успева да ја „кидне“ пред судот да му ја испорача правдата.“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Долга е сенката на Мијалков“

„Колку државата треба да потроши на училишта? Дали да се изгради нов аеродром? Дали владата треба да обезбеди доделување на станови? Дали треба да се намалат загадувачките емисии? Сите овие се примери на колективно донесување одлуки, за кои обично се потпираме на креаторите на политики за да направат избори во наше име.“, пишува Сафит Зеќири во колумната „Од економска теорија до избор на добра политика“

„Разбирливо е да се побараат одговори, па и одговорност и од премиерот за уште едно бегство на осуденик од највисок ранг. Да не ги споменувам уште пет-шесте други бегства на помалите началници и нивните солдати сега расеани низ Европа. Разбирливо е да се насочи вниманието и кон министерот за внатрешни и да се побараат одговори и одговорност. Еве, да прифатиме дека е разбирливо да ги обвинат и активистите за човекови права затоа што се бореле против криминалниот режим на Груевски. И јас ќе бидам крив, не е проблем. Но никако не можам да разберам како тоа никому не му текна да го впери прстот онаму каде што е моќта да се одлучува за ограничувањето на движењето на еден ваков профил како Мијалков.“, пишува Џабир Дерала во Рафалот “Бегството на Мијалков и неодговорените прашања“

„Во прес конференцијата која се одржа минатата недела пред МВР (Министерството за Внатрешни Работи), платформата побара со рок до 8-ми март да има „кривичен прогон на сторителите од случајот „Јавна соба“ и за полнолетните жртви на случајот, а не само за делото „производство и дистрибуција на детска порнографија”.“ Односно платформата побара темелно разрешување на случајот „Јавна Соба“ и кривични пријави врз основа на „злоупотреба на лични податоци, посредување во вршење проституција, загрозување на безбедноста или ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем во зависност од околностите на случајот“, пишува Елена Гаговска во колумната „Полицајците не се маргинализирано малцинство“

Д. Тахири

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ: Моделирање и пристапи (1)

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • БГНЕС: Иницијативата на Поповска во служба на агендата на Мицкоски за оддалечување на Македонија од членството во ЕУ

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Без автор, со агенда: Јахта-пропаганда и предизборен спин на Плусинфо

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ