• Latest

Владата со нови рестриктивни мерки: Зголемен полициски час, целосна забрана за работа на угостителски објекти и фитнес сали

April 5, 2021

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Владата со нови рестриктивни мерки: Зголемен полициски час, целосна забрана за работа на угостителски објекти и фитнес сали

April 5, 2021 16:49
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Следејќи ја моменталната епидемиолошка состојба со КОВИД-19 и препораките на Кризниот штаб, Владата на денешната седница донесе одлука полицискиот час да започнува во 20 часот навечер и да трае до 5 часот наутро.

Од овие причини, Владата донесе нови рестриктивни мерки:

Забрана и посебен режим на движење на граѓаните на територијата на Република Северна Македонија, во временски период од 20:00 часот до 05:00 часот наредниот ден, почнувајќи од 6 април 2021 година, (вторник) до 20 април 2021 година (вторник).

Скриншот од прес-конференцијата на премиерот Заев, министерот Филипче, заменик-министерот Хасани и епидемиологот Караџовски

На граѓаните, кои извршиле имунизација/вакцинација во центрите за вакцини, за временскиот период непосредно пред започнувањето на забраната и посебниот режим на движење, им се дозволува враќање до своите живеалишта, престојувалишта, врз основа на потврда за извршена вакцинација.

Целосна забрана за посетители, гости, во сите  угостителски објекти, кафетерии,  ресторани, барови, клубови и други објекти, кои во склоп на истиот даваат угостителски услуги, како и во угостителските објекти, дел за исхрана во угостителските објекти за сместување, хотели, мотели, хостел, пансион и други објекти за сместување или на бензински станици. А, оние угостителски објекти кои вршат подготовка и продажба на храна, можат да остваруваат продажба на алтернативни начини: онлајн или телефонски нарачки и слично. И, сите заедно, да вршат достава или да овозможуваат самостојно подигнување на нарачката надвор од угостителскиот објект преку штанд/пулт, почнувајќи од 7 април 2021 година (среда) до 20 април 2021 година (вторник).

Скриншот од прес-конференцијата на премиерот Заев, министерот Филипче, заменик-министерот Хасани и епидемиологот Караџовски

Исклучок од ова се, угостителските објекти на Меѓународниот аеродром „Скопје“ и аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид, како и угостителските објекти, деловите за исхрана во угостителски објекти за сместување, хотел, мотел, хостел, пансион и други објекти за сместување, за посета од лица сместени во овие објекти.

Целосна забрана за посетители и гости во сите обложувалници, односно приемот на посетителите и работата на обложувалниците да биде овозможена исклучиво преку вршење на шалтерска услуга, шалтер, штанд, пулт. Односно, угостителскиот објект, дел во обложувалниците, како и во казината, да биде затворен за посетители почнувајќи од 7 април 2021 година (среда) до 20 април 2021 година (вторник).

Целосна забрана за посетители и гости во сите вежбални, фитнес клубови, спортски центри и сали наменети за вежбање, почнувајќи од 6 април 2021 година (вторник) до 20 април 2021 година (вторник).
Се забранува организирање, одржување и присуство, учество на секаков вид на семинари, обуки, работилници, курсеви, конференции и други настани од ваков вид почнувајќи од 6 април 2021 година (вторник) до 20 април 2021 година (вторник).

Скриншот од прес-конференцијата на премиерот Заев, министерот Филипче, заменик-министерот Хасани и епидемиологот Караџовски

На земјоделците им се овозможува движење врз основа на дозволите од подрачните единици и општинските кризни штабови до пазарите и назад од пазарите, до нивите и слично. Мерка која што беше овозможена пролетта.

За време на забраната и посебниот режим на движење на територијата на Република Северна Македонија сите граѓани кои живеат во станбени објекти за колективно домување и што имаат домашни миленичиња (куче) да може да ги изнесуваат надвор од своите домови во вечерните часови во времетраење од еден час, почнувајќи од 22:00 часот до 23:00, најмногу до 100 метри од објектот во кој живеат.

Останува на сила, строгата забрана за групирање на повеќе од четворица граѓани.

Скриншот од прес-конференцијата на премиерот Заев, министерот Филипче, заменик-министерот Хасани и епидемиологот Караџовски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ