• Latest

Преглед на денот: Строги Ковид-рестрикции, државата е финансиски стабилна, започна вакцинацијата, демонтажа на „галиите“ на Груевски

April 5, 2021
Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

Графикон на неделата: Европа стана најголемиот купувач на американско оружје додека руската закана расте

November 11, 2025
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
Поранешната хрватска министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, се јави во затворот Реметинец на отслужување на казната. Фото: Љубомир Костовски/Фејсбук

Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

November 11, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на денот: Строги Ковид-рестрикции, државата е финансиски стабилна, започна вакцинацијата, демонтажа на „галиите“ на Груевски

April 5, 2021 16:58
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ Владата со нови рестриктивни мерки: Полициски час од 20 до 05 часот, целосна забрана за работа на угостителски објекти и фитнес сали

Забрана и посебен режим на движење на граѓаните на територијата на Република Северна Македонија, во временски период од 20:00 часот до 05:00 часот наредниот ден, почнувајќи од 6 април 2021 година, (вторник) до 20 април 2021 година (вторник), се новите мерки што ги препорача Комисијата за заразни болести, Владата ги прифати, а ги соопшти  премиерот Зоран Заев на заедничката прес конференција со министерот за здравство д-р Венко Филипче, заменикот мин. за здравство Илир  Хасани и  епидемиологот Жарко Караџовски.

На граѓаните, кои извршиле имунизација/вакцинација во центрите за вакцини, за временскиот период непосредно пред започнувањето на забраната и посебниот режим на движење, им се дозволува враќање до своите живеалишта, престојувалишта, врз основа на потврда за извршена вакцинација.

Целосна забрана за посетители, гости, во сите  угостителски објекти, кафетерии,  ресторани, барови, клубови и други објекти, кои во склоп на истиот даваат угостителски услуги, како и во угостителските објекти, дел за исхрана во угостителските објекти за сместување, хотели, мотели, хостел, пансион и други објекти за сместување или на бензински станици. А, оние угостителски објекти кои вршат подготовка и продажба на храна, можат да остваруваат продажба на алтернативни начини: онлајн или телефонски нарачки и слично. И, сите заедно, да вршат достава или да овозможуваат самостојно подигнување на нарачката надвор од угостителскиот објект преку штанд/пулт, почнувајќи од 7 април 2021 година (среда) до 20 април 2021 година (вторник).

Исклучок од ова се, угостителските објекти на Меѓународниот аеродром „Скопје“ и аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид, како и угостителските објекти, деловите за исхрана во угостителски објекти за сместување, хотел, мотел, хостел, пансион и други објекти за сместување, за посета од лица сместени во овие објекти.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ Заев: Нема економски калкулации заради здравствени аспекти

„Нема економски калкулации заради здравствените аспекти. Здравјето пред се и над се. Државата е стабилна финансиски, ликвидна е финансиски и немаме предрасуди се што треба да направиме да го осигураме здравјето на граѓаните. Ама да носите пред време мерки и да правите штета на економијата нема потреба. Се носат мерки тогаш кога треба, еве денеска треба. А ќе има и одлуки за поддршка на бизнисите кои ќе бидат засегнати од новите мерки. Никој нема да биде оставен сам, ова е држава за сите.“, изјави премиерот Зоран Заев на прес конференцијата

ФЛЕШ ВЕСТИ

Имунизација Масовното вакцинирање на населението против Ковид-19 во земјава официјално започна  денеска во А1 Арената (сала „Борис Трајковски“). Закажани се термини за 3000 граѓани, кои ќе бидат вакцинирани со руската вакцина „Спутник В“.

Во оваа фаза ќе бидат имунизирани лица од т.н. критична инфраструктура – вработени во МВР, АРМ, новинари, возачи на автобуси, пожарникари, воспитувачки во градинките, вработени на патарини и други.

Образование Во учебникот по Социологија за втора година од средното образование има крајно дискриминаторска и ксенофобична  содржина со етнички предрасуди и  стереотипи   во однос на  наталитетот на помалите етнички заедници во земјава, односно за начинот на репродукција кај овие заедници

Полиција и  медиуми  Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) преку своите адвокати ќе постапи по барањето на Убавка Јаневска, новинар од онлајн медиумот ,,Дума.мк“ и ќе поднесе претставка до внатрешната контрола на Министерството за внатрешни работи да спроведе истрага за овој случај и доколку се утврди пречекорување на овластувањата на полициските службеници, ЗНМ ќе инсистира на соодветни дисциплински мерки

Ск 2014 „Галиите“ на Груевски кои се дел од злогласниот проект Скопје 2014 кој чинеше околу една милијарда евра, конечно се демонтираат.

Поштенска марка во  чест на Блаже Конески  во По повод јубилејот – 100 години од раѓањето на македонскиот великан, Блаже Конески, АД „Пошта на Северна Македонија“ денеска ќе промовира пригодна поштенска марка

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

Панел дискусија на ЦИВИЛ: На „балот“ за човековите права на Ромите

ЦИВИЛ во пресрет на Меѓународниот ден на Ромите – 8 април, организира панел дискусија на тема: На „балот“ за човековите права на Ромите, која ќе се одржи на 6 април 2021 година, вторник, со почеток во 13 часот. Поради новите рестриктивни мерки на Владата за спречување и заштита од Ковид-19, дискусијата ќе се организира преку платформата Зум.

На дебатата ќе учествуваат Заменик-народен правобранител, Васка Бајрамовска-Мустафа, Елвис Мемети, советник за инклузија на Ромите во Владата на РСМ, Мабера Камбери, претставничка на МТСП, Тефик Махмут, граѓански активист и Рамуш Муарем – Цирко, новинар.

Ром(к)ите честопати се мета на најразлични предрасуди и осуди од општеството, истовремено заборавени од институциите и политичарите, кои се посетувани единствено во време на предизборието. Во фокусот на панел дискусијата, ЦИВИЛ повторно ќе праша – Кој ги тркала Ромите сите овие години наназад? Што е со сите (празни) ветувања? До кога ќе започнуваме процеси на нивна интеграција во општеството на кои крајот не им се гледа?

Панел дискусијата ќе биде пренесувана во живо на Фејсбук страницата на ЦИВИЛ, а содржините што ќе произлезат од панел дискусијата ќе бидат објавени на медиумската платформа на организацијата на македонски, албански и англиски јазик. Посебни видео прилози ќе бидат објавени и на YouTube каналот на ЦИВИЛ. Како и секогаш, редакциите со кои ЦИВИЛ има соработка се поканети да ги преземат сите медиумски содржини со соодветна атрибуција и линк.

Панел дискусијата ќе трае околу еден час. За време на дискусијата, тимот на ЦИВИЛ ќе ги следи реакциите и прашањата на социјалните мрежи и дел од нив ќе ги пренесе до учесниците во дискусијата.

СЛОБОДНА ЗОНА

Слободна зона на ЦИВИЛ  денеска со Џабир Дерала, Војо Маневски и Сафит Зеќири.

„Јавно ги повикувам истражните органи, МВР, ОЈО и други релевантни институции, државните комисии за заштита од дискриминацијата и за спречување на корупцијата, вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, како и раководствата и соодветните дисциплински комисии во институциите, јавните претпријатија и установи (кој колку е надлежен), да преземат решителни чекори за санкционирање на сите поединци кои своето работно место во јавната администрација го злоупотребуваат на различни начини, за да креираат и дистрибуираат лажни вести, дезинформации и говор на омразата.

За почеток, ги повикувам да преземат итни чекори за почитување на етичкиот кодекс кој го донесе Владата и кој сите вработени во јавниот сектор се обврзани да го почитуваат – од премиерот и министрите, до последниот вработен во администрацијата. Воедно, да се повикаат и на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси и да го применат. Барем тоа не е тешко, лесни четива се, а последиците од мерките предвидени со овие правни документи се благи, неспоредливи со последиците од дејствувањето на оние за кои зборувам овде.“, пишува Џабир Дерала во колумната „Јадат државен леб, а шират црна пропаганда, лажат и клеветат“

„Нема ништо страшно во попишувањето, тоа е статистичка операција, а вие од неа правите политика зошто немате други аргументи. Мицковски потиснат од внатре, од вашите, бара излез во некакви заговори и сѐ му е пропаднато. Е сигурно дека е така штом не е тој на власт. Тие околу него си уживаа во привилегии, а Заев им ги скрати. Нормално дека нема да го сакаат. Ако се политичари нека понудат проекти, па нека ги гласа народот. А не вака се не чини, а ние сме добри. Е, што они од Марс да не паднаа, по десет години беа на разни министерски и директорски места. Да имавте внатрешни реформи ќе можеше да се разговара, вака со кадрите на Груевски тешко ќе оди разговорот, го цементира својот став Ристо.“, пишува Војо Маневски во колумната „Обичен разговор“

„Во еден кус разговор со еден угостител   во Делчево, на прашањето каде се луѓето, ми одговори дека многумина се по европските земји, и дека  само за време на  летниот период се враќаат дома. Во  Берово не забележав движење, а во Кочани, бидејќи беше пазарен ден, беше поинаку. Виница ништо посебно, исто така делуваше празно, а пак во Кратово освен неколку дечиња и стари лица, не видов движење на младина. Пробиштип ми остави впечаток  на чист град, среден центар и убаво вкусно кафе каде што можев да забележам малку повеќе движење за разлика од гореспоменатите градови. Штип неколкупати сум поминал и забележено е дека има движење и студенти од други градови и земји, и како што велат и самите, барем има кој да се прошета по штипските улици. Интересно  беше во Свети Николе, како што кажаа и самите граѓани,  како за среќа, забележав малку повеќе движење, но не е  како што било пред неколку години. Гевгелија така празна,  во Струмица имаше нешто повеќе, дури и мала гужва по улиците додека излегов од градот со автомобил. Во Кавадарци времето се погоди да дува ветер, може тоа беше и причина да не се забележи движење на кавадарчани, а Неготино празнично делуваше, можеби излезени на излет.

Каде е младината, зар сите отидоа надвор од земјава, или можеби  во Скопје?“, пишува Сафит Зеќири во колумната „Истокот празен, и западот не е за фалење…“

Д. Тахири

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ