• Latest
Claus Grünstäudl on Unsplash

Изјави на денот: Дерала, Махмут, Спасовски…

April 7, 2021

АВМУ: Уште две прекршочни постапки за непочитување на изборниот молк

October 20, 2025
Илустрација ВИ

Локалните избори огледало на централната власт: Трендови од 2017 до 2025 година

October 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Зеленски подготвен за разговор со Трамп и Путин по „отворениот“ состанок во Белата куќа, каде Трамп го повика да ги прифати условите, или Москва може да ја „уништи“ Украина

October 20, 2025
Илустрација: ВИ

Висок тренд на неважечки гласачки ливчиња – пораст во однос на претходните изборни циклуси!

October 20, 2025

Повеќе од 53 илјади гласачки ливчиња – неважечки!

October 20, 2025
Скриншот од видео на WION

Венс за Томахавките за Украина: Трамп го слушна ова барање и сè уште одлучува

October 20, 2025

Првични неофицијални податоци на ДИК: ВМРО-ДПМНЕ за советнички листи освои околу 302.000 гласа, СДСМ 126.000, НАИ 114.000, ВРЕДИ 91.000, ЛЕВИЦА 57.000 и ЗНАМ 38.000

October 20, 2025
Креирано со помош на ВИ

Само една жена избрана за градоначалничка во првиот круг, уште три ќе се борат во вториот

October 20, 2025
Скриншот од видео на Times News

Центристот Родриго Паз победи на претседателските избори во Боливија, со што заврши речиси 20 годишното левичарско владеење

October 20, 2025
Фото: МИА Архива

Политико: Новите членки на ЕУ би можеле да се приклучат без право на вето

October 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Изјави на денот: Дерала, Махмут, Спасовски…

April 7, 2021 19:00
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Claus Grünstäudl on Unsplash

Claus Grünstäudl on Unsplash

Share on FacebookShare on Twitter

Од дебатата на ЦИВИЛ „На „балот“ на човековите права на Ромите“- Дерала се осврна на можните решенија во однос на тешката состојба со човековите права на ромската заедница, Махмут за правичната и соодветната застапеност на Ромите, Спасовски ја открива врската на уапсените со Мицкоски.

Дерала: Ромите се жртва на длабоко всадена расистичка идеологија на супериорност над нив

-Би сакал да кажам неколку зборови повеќе, од моето лично искуство и од мојата лична позиција во поглед на ова многу важно прашање. Бев многу возбуден кога падна идејата на колегиум за организирање на еден ваков настан. Знаеме дека на 8 април сите ќе побрзаат да си дадат свои придонеси, медиумски, да се пофалат, па и да празнуваат по овој ден, евентуално да прекршат некои од правилата за заштита од Ковид  кризата. Но, затоа е и битно, денеска, барем два дена порано од тој ден, да упатиме еден аларм, изјави Џабир Дерала на дебатата на ЦИВИЛ  „На „балот“ на човековите права на Ромите“.

Со сето уважување кон добрите и исцрпни информации за тоа што се прави или што се планира да се прави, би сакал да спомнам неколку состојби, општи, во светот, а на тие состојби Северна Македонија воопшто не е исклучок. За жал, ниту од далеку. Тоа што го гледаме веќе со децении, еве ќе зборувам за последните триесет години, гледаме структурна дискриминација на Ромите, гледаме стигматизација, општоприфатена од практично сите заедници кои живеат во нашата земја, гледаме насилство, кое е и структурно, меѓутоа е насилство кое е проширено во соседствата, во заедниците итн. Ова е една ситуација, која, гледано и на глобални нивоа, гледаме широка распространета идеологија з а расната доминација, за расната супериорност во однос на Ромите. И тоа е уверување кое е проширено меѓу огромен број луѓе, како во светот, така и во нашата земја, во нашето општество. Знаете, може да припаѓате на која било заедница, меѓутоа, знаете дека сте барем малку повредни од Ромите!

Махмут: Етничките димензии на ромскиот идентитет не ја детерминираат нашата компетентност

Во пресрет на Меѓународниот ден на Ромите, интересно е што не говориме на јазик кој е клучен сегмент од нашиот идентитет, не говориме на ромски. Дури и на некои настани на кои се говори од нас за нас и за проблемите со кои се соочуваме не само на локално туку и на национално ниво“, изјави Тефик Махмут, граѓански активист, на дебатата на ЦИВИЛ „На ‘балот’ за човековите права на Ромите“.

„Кога говориме за правична и соодветна застапеност убаво би било да направиме разлика меѓу тоа што е правична, а што соодветна застапеност. Да, можеби имаме делумна соодветна застапеност во органите на власта, но немаме, но немаме правична застапеност. Ние поднесовме барања до сите министерства што фигурираат во рамки на Владата, да видиме колку Роми има застапени и да ја регулираме таа некоја правична и соодветна застапеност… Немаме ниту еден вработен во министерство за култура, немаме Ром којшто работи во Министерството. Замислете, во држава која е или претендира да биде мултикултурна, а второ момент е што немаме Роми кои се инкорпорирани во повисоките ешалони на власта.

Спасовски за Утрински брифинг: Еден од уапсените е во тесна врска и секојдневни контакти со лидерот на опозицијата

„Ако нудите документи и докази, а тоа не го правите во Јавното обвинителство, се отвораат многу дилеми за кои треба да се даде одговор. Ако имаме предвид дека еден од уапсените е во тесна врска и секојдневни контакти со лидерот на опозицијата, тогаш се отвора сериозна дилема зошто тоа е направено… Дел од документите кои ги има ВМРО-ДПМНЕ се од институцијата МВР“, изјави Спасовски во Утрински брифинг.

Тој вели истрагата била водена повеќе од година дена со вклученост на стратешките партнери Интерпол од Лион и Интерпол Скопје.

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    175 shares
    Share 70 Tweet 44
  • Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    163 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ