„Во пресрет на Меѓународниот ден на Ромите, интересно е што не говориме на јазик кој е клучен сегмент од нашиот идентитет, не говориме на ромски. Дури и на некои настани на кои се говори од нас за нас и за проблемите со кои се соочуваме не само на локално туку и на национално ниво“, изјави Тефик Махмут, граѓански активист, на дебатата на ЦИВИЛ „На ‘балот’ за човековите права на Ромите“.
„Кога говориме за правична и соодветна застапеност убаво би било да направиме разлика меѓу тоа што е правична, а што соодветна застапеност. Да, можеби имаме делумна соодветна застапеност во органите на власта, но немаме, но немаме правична застапеност. Ние поднесовме барања до сите министерства што фигурираат во рамки на Владата, да видиме колку Роми има застапени и да ја регулираме таа некоја правична и соодветна застапеност… Немаме ниту еден вработен во министерство за култура, немаме Ром којшто работи во Министерството. Замислете, во држава која е или претендира да биде мултикултурна, а второ момент е што немаме Роми кои се инкорпорирани во повисоките ешалони на власта.
Имаме способни кадри, кои да имавме способни кадри кои што се инсталирани во органите на власта, немаше да имаме недостаток на политичка соодветна застапеност. Тоа е тоа како добар индикатор дека истите не си ја работат својата работа. Можеби се способни да служат како мегафони на власта, без разлика кој ќе дојде на власти да се шлепаат со истите. Или сме способни да правиме селфиња пред мостови со бездомници или идеме на екскурзии по ромските маала.
Сметам дека етничките димензии на нашиот идентитет не ја детерминираат нашата компетентност. Со други зборови не треба да бидеме само на позиции од кои што ќе работиме само на ромски прашања. Имаме компетентни професионалци што можат да работат за мејнстрим прашања за било што поврзано не само за нас како етничка група, туку и за државата како колективна цел на сите нас“, истакна Махмут.
Б. Ј.
монтажа: Ариан Мехмети