• Latest
ПРОТЕСТИ СО ЗАДОЦНЕТО ПАЛЕЊЕ Е, ова веќе беше поттик на промените и тоа не беше студентски туку граѓанска низа на протести, 2016 (фото: ЦИВИЛ)

Преглед на настани: За шарената револуција говореа видни активисти, експерти и лидери, никој повеќе не може да ја зароби државата, за Камчев уште 30 дена во Шутка

April 12, 2021
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Во Кавадарци роденденот завршил со убиство – обвинение против 43-годишник што го убил брат му од користољубие

October 28, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CNBC Television

Бесент го нарече „руски пропагандист“ претставникот на Кремљ, Дмитриев кој ги минимизираше санкциите на САД

October 28, 2025
Трамп и Путин на Аљаска. Фото: Скриншот

Русија се повлекува од договорот со САД за отстранување на плутониумот доволен за илјадници нуклеарни боеви глави

October 28, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: На пет дена до втор круг од локалните избори – ветувања за исчистено Скопје во рок од 72 часа, финансиска поддршка од 7000 денари за пензионерите, разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025

Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

October 27, 2025

Зебрњак: Историјата како алатка за влијание и тензии во Северна Македонија

October 27, 2025

ДИК утре ќе ги објави конечните резултати од првиот круг на локалните избори – разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025
Фото: МВР

Приведени двајца полицајци за грабежот на златарницата во Гостивар

October 27, 2025
Креирано со помош на ВИ

Новата нуклеарна ракета на Путин – демонстрација на сила или страв од пораз?

October 27, 2025

ЕУ ја потпиша Конвенцијата на ОН за борба против сајбер криминалот

October 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: За шарената револуција говореа видни активисти, експерти и лидери, никој повеќе не може да ја зароби државата, за Камчев уште 30 дена во Шутка

April 12, 2021 17:09
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
ПРОТЕСТИ СО ЗАДОЦНЕТО ПАЛЕЊЕ Е, ова веќе беше поттик на промените и тоа не беше студентски туку граѓанска низа на протести, 2016 (фото: ЦИВИЛ)

ПРОТЕСТИ СО ЗАДОЦНЕТО ПАЛЕЊЕ Е, ова веќе беше поттик на промените и тоа не беше студентски туку граѓанска низа на протести, 2016 (фото: ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ ЦИВИЛ одбележа пет години Шарена револуција

По повод јубилејот Пет години Шарена револуција, ЦИВИЛ организираше денес програма во живо, која започна во 12 часот. Програмата беше пренесувана на Фејсбук страницата и Јутуб каналот на ЦИВИЛ.

На настанот се поканети и говореа за шарената револуција 14 соговорници: Владанка Димковска- актерка и активистка, Сашо Орданоски-политички аналитичар Бојан Маричиќ- министер за правда, Кате Колозова- професорка, Ненад Јовановиќ- експерт, Ацо Кондев – фотограф, Јане Ѓорѓиоски – новинар и активист, Мирјана Најчевска- професорка, Павле Богоевски – активист, Зоран Иванов- новинар, Миле Милановиќ-активист, Агрон Биба-автор и актер кои учествуваа во Шарената револуција, како и во низа други протести за демократија, правда, слобода и еднаквост во нашата земја, како и Дехран Муратов и Петрит Сарачини од тимот на ЦИВИЛ. Настанот го модерираше Џабир Дерала.

Пораката на Цивил, по повод овој ден е: Борбата за човекови права и слободи, правда, слобода и еднаквост во нашето општество продолжува. Сеќавањата на Шарената револуција мора да продолжат да живеат како сведоштва за моќта на гласот на обесправените, моќта на граѓанките и граѓаните кои сите овие години не останаа неми, глуви и слепи на неправдите.

 ИЗЈАВА НА ДЕНОТ Заев: „Шарената револуција“ е јасниот и гласен изблик на граѓаните дека никој не може да им ја одземе слободата и да ги зароби општеството и државата

„На истекот од петте години од почетокот на едно од најважните граѓански движења за демократија и правда, најважната придобивка од „Шарената револуција“ е јасниот и гласен изблик на граѓаните дека никој не може да им ја одземе слободата и да ги зароби општеството и државата и дека тие знаат да застанат во одбрана на овие вредности и да се спротивстават на брутален режим“, објави Зоран Заев на својот Фејсбук профил.

„Континуираните, секојдневни и ненасилни протести низ симболот на боите го изразуваа обединетото граѓанско општество со знамињата во разни бои кои се вееја во долгите колони. Ова движење беше шарено во својата суштина, затоа што здружи граѓани со разни идеолошки убедувања, од различни политички партии, од најширокиот спектар на граѓанските организации од целата земја, од различни етнички заедници и какви било други припадности.

„Шарена револуција“ предизвика огромни промени во македонската политичка и општествена реалност. Процеси кои потоа поминаа низ институционалната рамка откако претходеа реформи во правосудството, во изборниот законик, во медиумите и во јавната администрација, изјави премиерот Заев.

 ФЛЕШ ВЕСТИ

ЕКОНОМИЈА Министерството за финансии на својата веб-страна го објави Календарот на даночна регулатива – нова алатка за транспарентност и поголема предвидливост на бизнис климата во земјава.

КОВИД-19 Над 600 новинари и медиумски работници денеска се вакцинираа во салата „Борис Трајковски“.

Организаторите на настани, почнувајќи од денеска, ќе протестираат секој ден пред Владата сé до постигнување на взаемно прифатливо и одржливо решение.

Вакцинирани 25.000 граѓани во СЦ Борис Трајковски.

ПРАВДА Одбраната на Камчев смета дека доказните прибирани на незаконит начин или со кршење на слободите и правата, како и доказите произлезени од нив, не можат да се користат и врз нив не може да се заснова судска одлука, по што кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје  му ја продолжи за уште 30 дена мерката притвор на Јордан Камчев

КОРУПЦИЈА Додека за претераната урбанизација и градежна експанзија граѓаните сметаат дека е резултат на коруптивни активности на локалната власт, сепак во голема мера тоа се должи и на пасивната и поларизирана јавност.

ИЗБОРИ  „Прирачник за млади гласачи“ претставува иницијатива за воспоставување на понепосредна и поголема двонасочна комуникација помеѓу ДИК и младите луѓе, со цел на лицата кои за прв пат гласаат да им се обезбеди полесен пристап во рамки на изборните процеси, како и соодветно информирање за нивните права, можности и законски обврски.

ПОЛИТИКА Премиерот Зоран Заев по средбата во Собранието со лидерите на Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши, изјави дека имале успешен напредок и сериозен исчекор во разговорите, истакнувајќи дека до крајот на неделава на основа на анализата која експертите ќе ја направат, ќе може да се финишираме со законското решение за државјанствата.

Ако некој го прекрши законот ќе си одговара, без разлика со кого е близок, се дружел или пиел кафе, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарјаќи на новинарско прашање во врска со обвинувањата од страна на опозицијата за вмешаност на негов братучет во запленетата дрога во вредност од 800 илјади евра при заедничката акција на МВР и на ДЕА.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Магистратурата помага да се стекне специјализирано знаење за да се напредува во областа која се студира, истражува. Како што се развива работната сила, постдипломски студии покажуваат дека посветеноста е на подобрување на експертиза и кредибилитет. Може да се фокусира на одредено поле на студии, што помага да се стане поконкурентен во областа која сакаме. Придобивките од магистратура, исто така, можат да помогнат да се надградат тековни способности, нови вештини, па дури и да се премине на целосно ново поле. Со магистратура, може значително да се зголемат приходите. Во просек, вработените со диплома во Соединетите Американски Држави заработуваат 65.400 УСД годишно, додека оние со магистратура заработуваат просечен годишен приход од 80.200 УСД – зголемување за 23 проценти. Но ова е само во западните земји, а во Република Северна Македонија од 2014 година заработка од плата или повисока плата нема за магистри и доктори на науки.„ Пишува Сафит Зеќири во колумната „Магистратура само за титула “М-р”, не и за повисока плата“

„Протестот, односно правото на протест како јавен колективен или индивидуален истап против неправилно делување, е едно од основните човекови права и слободи, коишто ние како општество го применувавме масовно во изминатите години, во борбата против еден криминален режим. Протестот е најживата и моќна форма на искажување револт и незадоволство кон одредена неправилна појава, и како таква, често е најинструментализирана и манипулирана форма на дејствија на темни структури во секоја земја во светот, како и кај нас. Во општествено политичките превирања во нашата земја, години наназад се прибегнува кон протест, односно, јавниот истап се користи како укажување кон многу аномалии, криминал и корупција во највисоките државни институции.“ пишува Дијана Тахири во колумната „Протест -прочистувачки елемент на општеството“

„Шарената револуција заврши, но нејзините идеали и ден денес се присутни и се чувствуваат во општеството. Шарената револуција беше повеќе од фарбање со боја на Триумфалната капија, Собранието, Владата… шаренилото беше во тоа што на протестите присуствуваа и стари и млади, и машки и женски, и хетеро и хомосексуалци, и стрејт и геј лица, и православни и муслимани и атеисти, и Македонци и Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци… едноставно на никој не му беше важно кој од каде доаѓа.“ пишува Дехран Муратов во колумната „Шаренилото на Шарената револуција“.

„Не знам дали видовте, најгнасните удари по прекарните работници, т.е. хонорарци во Владата дојдоа токму од оние што се продаваат во јавноста како нивни заштитници. Почнувајќи од димчињата и партијата која се декларира како заштитник на работниците, па се до некои бивши и сегашни демек „синдикални“ активисти. А знаете зошто?

Затоа што тие немаат врска со работничките права, ниту со маките на хонорарците и авторите со непостојан ангажман,“ пишува Петрит Сарачини во „Тие што треба да ги заштитуваат, удрија најсилно по хонорарците“.

 К.И.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Експлозии во романските и унгарските рафинерии за нафта поврзани со Русија

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ