Граѓанките и граѓаните не ги плаќаат политичарите да сеат омраза и непријателства, не ги плаќаат да им штетат на институциите и на демократските процеси, туку да работат и да носат одлуки за добробитта на општеството и државата.
Крајно време е граѓанското општество да преземе иницијатива и едногласно да ги отфрли говорот на омразата и повиците на насилство во јавната комуникација. Пораката околу која има огромна потреба да се согласат организациите на граѓанското општество, медиумите и пошироката јавност е едноставна. Политичкото несогласување не е и не смее да се претвори во непријателство и повици за пресметка до истребување. Тоа е спротивно на сите правни и морални принципи на функционирање во едно демократско општество.
– цитат од колумната „Не ги плаќаме политичарите да сеат омраза и непријателства“ на Џабир Дерала, објавена во ЦИВИЛ МЕДИА, на 20 април 2021 г.