Од денеска, 28 април, престанува да важи забраната за организирање на семинари, обуки, работилници, курсеви, конференции и други настани од ваков тип, соопшти Владата, која ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести.
Од утре, 28 април, полицискиот час ќе почнува во 21:00, а не од 20:00 како досега. Забраната и посебниот режим на движење нема да важи ноќта меѓу 1 мај – 2 мај, за време на Велигден, како и вечерта на 13 мај за време на Рамазан Бајрам.
„Од 28 април сите угостителски објекти ќе можат да работат само во отворените делови, односно на терасите на угостителските објекти и тоа до 20:30 часот после што ќе бидат затворени за посетители.
Оние компании од угостителската дејност регистрирани за прослави (свадби, родендени, крштевки и слично) ќе можат да ја организираат работата само како ресторани на отворено, односно на терасите, а забраната за организирање свадби, родендени, крштевки и слично, останува. Исклучок од ова се угостителските објекти на меѓународните аеродроми, како и во објектите за сместување (хотели, мотели, хостели, пансиони и друго) за лицата кои се сместени во овие објекти, кои ќе продолжат да работат како и до сега“ – соопшти Владата.
Ќе се применуваат и адаптираните протоколи за работа на кафетериите и рестораните. Новите мерки ќе важат до 15 мај.












