• Latest

Изјави на денот: Дерала, Димитров, Едштадлер…

May 4, 2021

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Изјави на денот: Дерала, Димитров, Едштадлер…

May 4, 2021 19:00
in ДНЕВНИК, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во изјави на денот, Дерала на интервју во Утрински брифинг за состојбите на слободата на медиумите во земјава, Димитров за пристапните преговори за влез во ЕУ, Едштатлер смета дека Северна Македонија и Албанија треба заедно да ги започнат пристапните преговори.

Дерала: Медиумската неписменост се користи за манипулирање со јавното мнение, пласирање лажни вести и дезинформации за политички профит

Моите опсервации не се разликуваат многу од оние на експертите во земјава и во меѓународната заедница, организации кои ги следат состојбите во земјава. Што се однесува до Северна Македонија ние имаме еден многу сериозен проблем – тоа е една сериозна политичка и медиумска неписменост. Таа медиумска неписменост се користи за да може да се манипулира со јавното мнение, да се пласираат лажни вести и дезинформации кои пак имаат цел да се оствари некаков политички профит преку говорот на омразата – најчесто етничка, родова, политичка основа…

Проблемот со македонското општество е повеќекратен – се уште владее неказнивоста – имате ситуација во која бившите добро познати перјаници на режимот на Груевски се уште, без никаков проблем пласираат ужасно вулгарен и напаѓачки говор во јавната сфера, не само на дел од социјалните мрежи, туку и во медиумите, вели Дерала во Утрински Брифинг.

Очигледно е дека оваа пропаганда, без оглед дали вие сте на власт или опозиција користи и алтернативни извори на средства и алтернативни начини да се пласира црната пропаганда. Имаме една нагорна линија на пропагандата. Имаат доста софистицирани методи. Оние што се во ситуација да бегаат од правдата, да ја манипулираат државата, да работат за други интереси, имаат доволно средства и финансиски и технички и човечки ресурси да можат да лансираат кампања во кое време сакаат и се многу успешни и тие се засноваат на искуства многу познати во светот, смета Дерала.

Во една демократска земја секогаш е полесно да се биде во опозиција отколку на власт. Во нашиот случај се работи за една пропагандна активност која има многу пари зад себе. И тоа еден дел од истражувачките новинари доста успешно го разоткрија во 2018 година, а тоа е еден многу мал дел што всушност се случува. Заради тоа системот мора да почне да работи, ако не може на политички план, тогаш мора финансиската полиција да се погрижи сите средства кои се добиваат во медиумите да се добиваат на жиро сметка и да бидат транспарентни.

Димитров: Време е да ги почнеме пристапните преговори со ЕУ

Време е да почнеме пристапни преговори. Вистински тест за ЕУ е токму нашиот случај, бидејќи ние сме земја кандидат 16 години, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на заедничката прес-конференција по билатералната средба со австриската министерка за Европа и Устав, Каролине Едштадлер.

Одговарајќи на новинарско прашање дали се очекува и други земји да го блокираат почетокот на преговорите за нашето членство во Унијата, Димитров нагласи дека императивот за успех е навистина огромен годинава, потенцирајќи дека она што го говори за ЕУ и за реформите, се потпира на ветувањата од Брисел.

– Нас во јуни 2018 година ни рекоа – го цртаме патот да почнете преговори во јуни 2019 година. Во јуни 2019 година ни рекоа, сепак ќе одлучиме во октомври 2019, а во октомври 2019 година ни

рекоа, не можеме сега да донесеме одлука. Одлуката се донесе во март 2020 година, меѓутоа уште не може да биде спроведена. Затоа сум се поискрен и се поотворен и мислам дека вистински тест за ЕУ е токму нашиот случај, ние сме земја кандидат 16 години, а во нивото на усогласеност сме апсолутно во слична, а во определени области и во подобра кондиција со државите кои веќе многу години се во пристапниот процес, истакна Димитров.

Едштадлер: Раздвојувањето на Северна Македонија и Албанија во пристапниот процес кон ЕУ може да биде ризично и треба да се спречи

Сојузната министерка за Европа и Устав на Република Австрија, Каролине Едштадлер смета дека Северна Македонија и Албанија треба заедно да го продолжат пристапниот процес кон Европската унија. Раздвојувањето на двете земји во тој процес, вели таа, може да биде ризично и тоа треба да се спречи.

-Ние сакаме Албанија и Северна Македонија заеднички да добијат реална перспектива во Европската унија. Ние сме на мислење дека ќе биде ризично и во секој случај ќе треба да се спречи овие две земји во овој процес да ги разделиме. „Леавинг но оне бехинд“ или не оставањето никој назад во преговорите ќе треба да остане како девиза, рече министерката Едштадлер одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата со вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.

Д.Т. 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ