• Latest

Дерала: Медиумската неписменост се користи за манипулирање со јавното мнение, пласирање лажни вести и дезинформации за политички профит

May 4, 2021
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Дерала: Медиумската неписменост се користи за манипулирање со јавното мнение, пласирање лажни вести и дезинформации за политички профит

May 4, 2021 12:32
in ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Светскиот ден на слободата на печатот е и ден на поддршка на медиумите кои се изложени на обиди за нивно укинување или ограничување на нивната слободата на изразување, но и ден на сеќавање на новинарите кои ги загубија животите во текот на својата работа. Оваа година, темата на Светскиот ден на слободата на медиумите е „Информацијата како јавно добро“.

„Постигнувањата по падот на режимот во сферата на јакнењето на медиумските слободи се евидентни, но придружени се со низа слабости и предизвици. Слабостите и предизвиците се последица и од трендови со поширок регионален и глобален карактер, но не мал дел од нив се и од субјективна природа“ – е став на ЦИВИЛ од минатата година, кој се нагласува и оваа година.

Во Северна Македонија стана норма проруските политичари да напаѓаат активисти, бранители на човекови права и новинари со недолично однесување на Интернет, малтретирање и закани по нашите животи. Мојот случај, како претседател на организацијата за човекови права ЦИВИЛ, не е исклучок, но сигурно е еден од нај илустративните, се вели во најавата на текстот на Џабир Дерала за Хајнрих Бел.

„ЦИВИЛ како организација и нејзиниот персонал се честа мета на ваквите закани. Неодамна добивме телефонски повик за смртна закана до канцелариите на ЦИВИЛ, со видлива телефонски број на повикувачот. Моите колеги се нарекуваат предавници, платеници, шпиони, џабиристи (што и да значи тоа). Луѓето повикуваат на егзекуција, јавно согорување, затвор, јавно судење и строга казна за членовите на нашата организација“ – пишува Дерала во споменатиот текст.

Токму првиот човек на Цивил, Џабир Дерала беше гостин во Утрински брифинг.

Моите опсервации не се разликуваат многу од оние на експертите во земјава и во меѓународната заедница, организации кои ги следат состојбите во земјава. Што се однесува до Северна Македонија ние имаме еден многу сериозен проблем – тоа е една сериозна политичка и медиумска неписменост. Таа медиумска неписменост се користи за да може да се манипулира со јавното мнение, да се пласираат лажни вести и дезинформации кои пак имаат цел да се оствари некаков политички профит преку говорот на омразата – најчесто етничка, родова, политичка основа…

Проблемот со македонското општество е повеќекратен – се уште владее неказнивоста – имате ситуација во која бившите добро познати перјаници на режимот на Груевски се уште, без никаков проблем пласираат ужасно вулгарен и напаѓачки говор во јавната сфера, не само на дел од социјалните мрежи, туку и во медиумите, вели Дерала во Утрински Брифинг.

Очигледно е дека оваа пропаганда, без оглед дали вие сте на власт или опозиција користи и алтернативни извори на средства и алтернативни начини да се пласира црната пропаганда. Имаме една нагорна линија на пропагандата. Имаат доста софистицирани методи. Оние што се во ситуација да бегаат од правдата, да ја манипулираат државата, да работат за други интереси, имаат доволно средства и финансиски и технички и човечки ресурси да можат да лансираат кампања во кое време сакаат и се многу успешни и тие се засноваат на искуства многу познати во светот, смета Дерала.

Во една демократска земја секогаш е полесно да се биде во опозиција отколку на власт. Во нашиот случај се работи за една пропагандна активност која има многу пари зад себе. И тоа еден дел од истражувачките новинари доста успешно го разоткрија во 2018 година, а тоа е еден многу мал дел што всушност се случува. Заради тоа системот мора да почне да работи, ако не може на политички план, тогаш мора финансиската полиција да се погрижи сите средства кои се добиваат во медиумите да се добиваат на жиро сметка и да бидат транспарентни.

Сепак морам да кажам дека црните пари во политиката и во медиумите не се само проблем кој се однесува само на финансиските закони. Тоа е секогаш и безбедносен проблем. Заради тоа една Влада мора да се соочи со изборот меѓу тоа да се справи со безбедносни предизвици кои се предизвикани од таквото финансирање, или пак да не се изложува на ризик да биде премногу критикувана заради контрола на финансиите на медиумите. Како може да ги контролира Вашите и моите средства а да не ги контролира финансиите на еден дел од таа сфера. Тоа треба некој да седне да размисли помеѓу безбедноста и фер односот, вели Дерала.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ