• Latest

Пресек: Меѓународен ден против хомофобијата, дигитализација на 200 судници, шест години по најголемиот граѓански протест

May 17, 2021

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (7): Затвореници пуштени на викенд не можеле да го остварат правото на гласање поради отсуство во Избирачкиот список

November 12, 2025

Српските студенти ја прекинаа блокадата на Јавниот радиодифузен сервис откако ја освоија концесијата

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (6): Над 20 починати лица фигурираат на Избирачкиот список на едно избирачко место

November 12, 2025
Israeli settlers set fire on a Palestinian warehouse
Source: Screenshot Al-Jazeera

Израелски доселеници запалија палестински магацин и земјиште додека нападите на Западниот Брег се зголемуваат

November 12, 2025
Креирано со помош на ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (5): Општа караница на ИМ помеѓу партиските набљудувачи и ИО, за тоа кој пријавил наводен инцидент

November 12, 2025
Фптп: Скриншот од видео на ВВС

Трамп напиша писмо во кое бара од израелскиот претседател да го помилува Нетанјаху во судењето за корупција

November 12, 2025
Фото: веб страна на украинскиот претседател

Зеленски бара разрешување на министрите за правда и енергетика на Украина

November 12, 2025
Илустрација ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (4): Недостапни избирачки места – правото на глас заглавено на втор кат

November 12, 2025
Фотографија: UNOPS South East Europe - Platform X

Конференција Western Balkans 2030: Потребни се десетици милијарди евра за да се прилагоди регионот на климатските промени

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (3): ИО не дозволил да гласа граѓанин кој го имало при проверка со фингрпринт, но го немало во Избирачкиот список, иако во првиот круг му дозволиле

November 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Пресек: Меѓународен ден против хомофобијата, дигитализација на 200 судници, шест години по најголемиот граѓански протест

May 17, 2021 17:50
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Ден на борба против хомофобијата

ИДАХОБИТ се обележува секоја година на 17-ти Мај за да се привлече вниманието на властите, медиумите, јавноста, креаторите на јавното мислење и локалните авотритети за ситуацијата со која се соочуваат ЛГБТИ лицата (лезбејки, геј, бисексуалци, трансродови лица и интерсекс) и сите тие кои не се однесуваат во согласност со повеќето сексуални и родови норми.

Европската Унија во соработка со Советот на Европа, како дел од проектот „Унапредување на различноста и еднаквоста во Северна Македонија“, денеска организираше онлајн дебата по повод 17 мај – Меѓународен ден против хомофобијата, трансфобијата и бифобијата на која се дискутираше за состојбата на ЛГБТ заедницата во државата и со какви проблеми се соочуваат тие.

„Дискриминацијата базирана на сексуална ориентација или родов идентитет е неприфатлива за Северна Македонија, држава како дом во кој сите се еднакви“, напиша денеска на Фејсбук премиерот Зоран Заев по повод 17 Мај, Меѓународниот ден против хомофобијата, трансфобијата и биофобијата.
„Денеска е Меѓународниот ден против хомофобијата, трансфобијата и бифобијата. Убав ден да застанеме во заштита и да им оддадеме почит на сите што ги бранат и промовираат правата на припадниците на ЛГБТИ заедницата. Да порачаме дека во борбата за еднакви можности, без оглед на сексуалната ориентација или родовиот идентитет, секој може да го даде својот придонес“, напиша Заев.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Маричиќ: Вложуваме напори да ја зголемиме ефикасноста во борбата против нелегалните финансиски текови

„Во претстојниот период, нашиот фокус е на подготовка на нов Закон за потекло на имот, како и подготовка на нов Кривичен законик. Најзначајно, Северна Македонија работи на воведување на концептот на дигитална судница, а во наредниот период ќе дигитализираме околу 200 судници во државата“, истакна министерот за правда, Бојан Маричиќ, кој преку видео-врска се обрати на 30 – тата сесија на Комисијата за спречување на криминал и кривична правда на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (УНОДЦ).

ЦИВИЛ во живо

Разузнавачка операција и 160 медиуми во обид за враќање на Груевски и други акценти

Во денешното издание на ЦИВИЛ во живо, меѓу другото, станува збор и за две алармантни информации опфатени во анализата на ИФИМЕС, како и анализата „Десант за уривање на Зоран Заев“. Првата е дека во тек е разузнавачка операција за враќање на Груевски на власт, а втората е дека во таа операција се вклучени дури 160 медиуми.

Xhabir Deralla потсети и на 17 мај 2015 година – најголемиот граѓански протест во историјата на државата на кој се побара крај за режимот на Груевски.

Воедно, Дерала потсети и на Меѓународниот ден за борба против хомофобијата.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

ЦИВИЛ утре со панел дискусија „Еднаквост, недискриминација и мултикултурализам во Северна Македонија: Состојби, предизвици и перспективи“

ЦИВИЛ организира панел дискусија на тема „Еднаквост, недискриминација и мултикултурализам во Северна Македонија: Состојби, предизвици и перспективи“, на 18 мај (утре), во хотелот Парк Резиденс (зад градскиот стадион) во Скопје,  со почеток во 13 часот.

Панелот е дел од проектот „Европски перспективи“ кој ЦИВИЛ го спроведува со поддршка од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија од 1 април оваа година.

Учесници на панелот ќе бидат Еран Куртиш, директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, Мерсиха Смаиловиќ, активистка, Ашмет Елезовски директор на Национален Ромски центар, и Џељо Хоџиќ од АОПЗ. Настанот ќе го модерира Дијана Тахири – ЦИВИЛ.

Во согласност со протоколите за заштита од Ковид-19, панелот ќе се одржи без публика, а на панелистите ќе им овозможиме да присуствуваат физички и онлајн. Настанот ќе трае 60 минути.

Иницијатива „Направи разлика: Почитувај ги различностите“

ЦИВИЛ денеска продолжи со видео продукција на пораки од познати личности, како дел од Иницијативата „Направи разлика: Почитувај ги различностите“. Тимот на ЦИВИЛ денеска беше на сет со Кристина Арнаудова  во центарот на Скопје.

Говор на омраза кон ЛГБТИ лицата и на Меѓународниот ден за борба против хомофобија, трансфобија и бифобија

Коментари со експлицитен говор на омраза на Фејсбук објавата на Претседателот на државата, Стево Пендаровски, кој по повод Меѓународен ден за борба против хомофобија, трансфобија и бифобија напишал: „Неприфатлива е дискриминацијата базирана на сексуална ориентација или родов идентитет. Сите треба да ги уживаат основните човекови права и не смее да има исклучоци по ниту еден основ. Како општество за жал не сме имуни на предрасуди, стигматизација и говор на омраза кон лицата кои се дел од ЛГБТИ заедницата. Денеска но и секој следен ден, институционално, но и како поединци да придонесеме кон зголемување на свеста за прифаќање на различноста и почитување на правото на избор“.

Под објавата на Претседателот има стотици коментари со говор на омраза кон ЛГБТИ+ заедницата.

Говор на омраза кон ЛГБТИ лицата и на Меѓународниот ден за борба против хомофобија, трансфобија и бифобија

ФЛЕШ ВЕСТИ

ПОЛИТИКА Претседателот Стево Пендаровски учествува на десеттиот јубилеен состанок на Процесот Брдо-Бриони во Словенија.

„Проширувањето на ЕУ мора да продолжи во пост-ковид Европа. Историските прашања немаат ништо заедничко со процесот на европската интеграција. Регионалната соработка е клучна за побрз напредок на земјите од Западен Балкан“, напиша Пендаровски на Фејсбук.

Видео средба меѓу министерот за надворешни работи Бујар Османи и шефот на чешката дипломатија Јакуб Кулханек: Што поскоро усвојување на преговарачката рамка и формален почеток на преговорите со ЕУ

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби оствари средба со Русос Кундурос, новиот грчки амбасадор во Република Северна Македонија на која заеднички се согласиле дека Република Северна Македонија и Грција, преку пријателството и унапредувањето на нејзиниот дух, континуирано ја промовираат стабилноста на целиот Западен Балкан од кога се потпиша Преспанскиот Договор.

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, оствари средба со Народниот правобранител на Република Северна Македонија, Насер Зибери, по повод предавањето на Годишниот извештај за работата на Народниот правобранител на Република Северна Македонија за 2020 година

Денеска во Собранието на Република Северна Македонија се одржа состанок како дел од работатата за Реформата на Собранискиот канал и унапредување на парламентарното емитување, конкретно, за разгледување на нацрт Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за Собранието на Република Македонија.

ОПШТЕСТВО  Пред точно шест години, на 17 мај 2015 година во Скопје се одржа најголемиот граѓански протест против режимот на Никола Груевски. Според проценките на странските медиуми, на протестот излегоа меѓу 70 и 100 илјади граѓанки и граѓани. Со слоганот #Доаѓаме! граѓаните најавија жестока борба за слобода и демократија, а единствениот начин за ослободување на државата од режимот беше тој да падне.

ОБРАЗОВАНИЕ Прилепските средни училишта ги промовираа можностите што ги нуди стручното образование, како дел од активностите од кампањата „Учи паметно, работи стручно“ на Министерството за образование и наука

Иницијативата „Учебници и настава мора да има“ побара средба со премиерот Зоран Заев по неуспешниот обид да го убедат МОН за повлекување на Законот за учебници

КОВИД-19 Комисијата за заразни болести не препорачува олабавување на рестриктивните мерки. Тие предлагаат забраната за движење на населението, полицискиот час, од полноќ до 4 часот наутро, да продолжи да важи и во наредните две недели, односно до 1 јуни.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по примањето на вакцината против ковид-19 денеска во Куманово изрази задоволство што меѓу граѓаните на Куманово имаат добра пријавеност за вакцинирање, а над 10% од населението на градот веќе е имунизирано, што на дело ја покажува одговорноста како град во однос на процесот на имунизација.

ТЕХНОЛОГИИ ФИТР објави повик за воспоставување на лаборатории за млади за што се обезбедени девет милиони денари

СЛОБОДНА ЗОНА

„На 17 мај се случи обединувањето на различните, наспроти оние што владееја цела деценија постојано делејќи ги граѓаните по речиси сите основи. Луѓето во земјата, без оглед на етничка, верска, идеолошка, сексуална и друга припадност излегоа масовно на улица, како никогаш пред тоа, и покажаа дека огромно мнозинство на народот во земјата сака да гледа кон заедничка иднина, а не кон поделбите и минатото. 17 мај е ден на врзувањето на знамињата, појава која се случуваше спорадично на некои од антирежимските протести, но која експлодираше како масовна порака токму на тој ден“, вели Петрит Сарачини во „Зошто треба да сме горди на 17 мај?“

„Коњски скок“ е назив за операцијата Rösselsprung (потег во шахот) со која германскиот Вермахт, во соработка со усташите и четниците, се обиде да го зароби или ликвидира Јосип Броз Тито, на 25 мај 1944 година. Во југословенската историографија, операцијата е позната и како „Десантот на Дрвар“. Познат е и истоимениот југословенски црно-бел филм од 1963 година“, Џабир Дерала во анализата „Десант за уривање на Зоран Заев“

„Газдата остануваше да спие во ново изградениот дом, зошто е можно утредента да го посетат од општината и да запишуваат нешто во црвените тетратки и намрштено постојано да повторуваат – ќе мора да срушиш сам или ние ќе рушиме, а ти ќе ги платиш трошоците. Имаше и стресни состојби кога се рушеа неколку тули од ќошињата, но горе доле сѐ со тоа завршуваше“, вели Војо Маневски во колумната „Дивоградби“

„Претседателот на државата Стево Пендаровски не го потпиша Указот за прогласување на Законот за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти изгласан од Собранието на Република Северна Македонија во мај 2021 година.

Со право.

И со многу издржано образложение“, вели Мијрана Најчевска во „Франсис Бекон во нашето маало“

 

Б. Јордановска

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ