ВЕСТ НА ДЕНОТ
Груби и Алаѓозовски на јавен настан на ЦИВИЛ: „Европските вредности – (не)возможна мисија?“
ЦИВИЛ организираше јавен настан на тема „Европските вредности – (не)возможна мисија: Еднаквоста, недискриминацијата и мултикултурализмот низ призмата на политиките и практиките на национално ниво“ на која учествувале првиот вицепремиер, Артан Груби и националниот координатор за интеркултурализам, Роберт Алаѓозовски. Модератор на настанот беше Џабир Дерала од ЦИВИЛ.
Главното прашање на панел дискусијата се однесува на можностите, политиките и практиките на национално ниво во промовирањето на европските вредности, а во тие рамки и еднаквоста, недискриминацијата и мултикултурализмот во земјата.
Првиот вицепремиер, Артан Груби, на јавниот настан на ЦИВИЛ на тема „Европските вредности – (не)возможна мисија: Еднаквоста, недискриминацијата и мултикултурализмот низ призмата на политиките и практиките на национално ниво“ зборуваше за европските вредности како начин на живот.
„Да бидам најискрен, синоќа кога ме потсетија за настанов и ми испратија готов говор, го видов сабајле и не ми се допадна и си напишав нов бидејќи треба да се испратат пораки важни.
Денес, по тоа што видов, настанот е за европските вредности. Нашата земја ги споделува европските вредности за мир, толеранција, владеење на право итн. Но во својата суштина, европските вредности вред се многу повеќе од една default состојба на една целина. Тоа е начин на живот и пожртвуваност за мирот. Нашиот континент имал подолги периоди на војна отколку на мир.
Различностите се придобивка и колорит, но во исто време е и проблем од верски, етички и други прашања. Тоа е поради дискриминација. Еднаквоста е формулата за мултикултурата. Колку државата е по лојална кон граѓаните, толку граѓаните се полојални кон државата.
Не може општество да биде едно ако не сме еднакви. Сите наши влади беа евроатлански и силно посветени за ЕУ и НАТО бидејќи силно веруваа во таа посветеност. Во 2018 Евроатланскиот сојуз ги отвори вратите за Хрватска и Албанија, но не и за нас.
Го постигнавме и ратификувавме Преспанскиот договор и добро соседскиот договор со Бугарија, го променивме Уставот и го ратификувавме Охридскиот Рамковен договор. Одржавме локални парламентарни и претседателски избори. Го сменивме начинот на размислување и делување. Тоа го направивме хазардски без многу размислување.
Европа е вториот најмал континент на планетата по големина. Едноставна слика со тажна црно бела графика покажува дека нашиот континент повеќе од 2000 години е повеќе во војна отколку во мир.
Кога носеа одлука тогашните ЕУ лидери беа храбри, миротворни. Одлуката ја носеа имајќи ја одговорноста за носење на мир. Не верувам дека мислеле кога ја носеле одлуката како да стигнат до следните избори.
Ова наше општество наместо да се награди е пред голем предизвик поради уште еден бесмислен спор, кој ти вели дека си нешто што не си. Спор кој ти вели дека до 1945 година зборуваш еден јазик а од 1945 година наваму зборуваш друг јазик.
Јас не знам како да си објаснам себе си, а потоа и на моите деца, која е причината која ние чекаме пред затворена врата во 2021 година. Нема да се откажеме и ќе продолжиме да ја градиме Европа дома бидејќи е есенцијално. Есенцијални се толеранција, еднаквост и недискриминација“, истакна Груби.
„Реторички е прашањето дали е возможно да има недискриминација, еднаквост и почитување на мултикултурализмот во нашето општество, и за нас нема друга алтернатива освен да ги ги подржуваме и веруваме во европските вредности и имаме обврска да ги спроведеме“, истакна националниот координатор за интеркултурализам, Роберт Алаѓозовски.
„Поаѓајќи од состојбата на негативни појави во минатото кои беа нотирани во низа извештаи, ние решивме да им ставиме крај на дискриминацијата, нееднаквоста, поделеноста, особено меѓуетничката поделба. Ова стратегија е да се надминат сите разлики и да не прави поделби на „или-или ситуации“. Мултикултурата мора да живее и да биде достапна. Особено со цел да ја надминеме таа поделба и јаз во општеството. Недржавничко е ако од предизвиците се разочараме. Секогаш ќе се соочуваме со предизвици, но мора да продолжиме со работа. Министерството за политички систем доживеа трансформација за да може да функционира подобро“, истакна Алаѓозовски.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Муратов за Утрински брифинг: Ако сакаме да бидеме граѓани на Европа треба да се насочиме кон почитување на различностите
ЦИВИЛ ВО ЖИВО
Важно е да се разберат европските вредности
ФЛЕШ ВЕСТИ
БЛАГОДАРНОСТ Владата на РСМ ќе додели 200.000 картички за српските туристи со по 760 денари за патарина во два правци, колку што чини транзитот по Коридор 10 низ Северна Македонија.
СРЕДБА Вашата независност, ефикасност и транспарентност се рефлектира во унапредувањето на параметрите на живот на граѓаните и вие сте коректив на институциите и органите на државната управа во насока на обезбедување поефикасен сервис на граѓаните и заштитата на нивните права, му порача премиерот Зоран Заев на народниот правобранител Насер Зибери на денешната средба во Владата.
ЕКОНОМИЈА Од 50 илјади до 750 илјади евра е сумата за која општините во Република Северна Македонија ќе можат да аплицираат на јавниот повик за користење средства за инвестиции во општински енергетски ефикасни објекти, чиј вкупен фонд изнесува 10,5 милиони евра, а беше објавен пред една недела.
ПРАВДА Министерот за правда Бојан Маричиќ во обраќањето на настанот „Организации од јавен интерес – регионалните и домашните искуства во пресрет на измената на Законот за здруженија и фондации“ кажа дека граѓанскиот сектор кога беше најпотребно и во најтешките моменти за државата се постави како брана на авторитаризмот и беше клучниот фактор кој се бореше за демократизација на државата. Маричиќ ја потенцираше улогата на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, како советодавно тело на Владата за унапредување на соработката, дијалогот и поттикнување на развојот на граѓанскиот сектор.
ДОБРОСОСЕДСТВО Како можност за обновување на дијалогот и довербата и за зајакнување на односите меѓу Северна Македонија и Бугарија во духот на Договорот за соработка, пријателство и добрососедство, ги оценија претседателите Стево Пендаровски и Румен Радев заедничкото патуваење за Рим и Ватикан и заедничкото чествување на Светите браќа Кирил и Методиј.
СЛОБОДНА ЗОНА
„Сме слушнале за мултикултурни друштва и групи, но дали сме размислувале за мултикултурни индивидуи и за тоа што тие носат во организациите? Мултикултурни индивидуи – како што се Кинеско-Канаѓаните, Турско-Германците или Арапско-Американците, или во многу примери неколку заедници во нашата земја – обично размислуваат, перципираат, се однесуваат и одговараат на глобалните проблеми на работното место на посложени начини отколку на монокултурните лица“, пишува Диана Тахири во мултикултурниот текст со наслов „Што нѐ прави мултикултурни“.