Груби: Еднаквоста е предвесник на интеграцијата и на мирот
Првиот вицепремиер, Артан Груби на почетокот од јавниот настан на ЦИВИЛ на тема „Европските вредности – (не)возможна мисија: Еднаквоста, недискриминацијата и мултикултурализмот низ призмата на политиките и практиките на национално ниво“, меѓу другото говореше за тоа дека земјата ги дели европските вредности за мир, демократско и функционално општество, како земја во која владее законот и пазарната економија.
„Да го кажам тоа што сите го очекуваат, како некоја неизбежна состојка на зготвен оброк, како нешто што е неизбежно, а тоа е дека нашата земја ги споделува европските вредности за мир, функционално демократско општество, владеење на правото, пазарна економија, и така натаму. Но, во својата суштина, европските вредности се многу повеќе од една дифолт состојка од една целина, тоа е начин на живот, секојдневие, убедување, но истовремено и пожртвуваност за еден идеал, а тоа е мирот“, истакна Груби.
Смаиловиќ: Со поддршкa и на ромската заедница покренуваме постапка за вознемирување против Богојески
Денеска до Министерството за внатрешни работи беше поднесена пријава за говор на омраза и закани до Петар Богојески, државен советник во Министерството за одбрана од страна на активисти од повеќе граѓански здруженија.
„Реторички е прашањето дали е возможно да има недискриминација, еднаквост и почитување на мултикултурализмот во нашето општество, и за нас нема друга алтернатива освен да ги ги поддржуваме и веруваме во европските вредности и имаме обврска да ги спроведеме“, истакна националниот координатор за интеркултурализам, Роберт Алаѓозовски, на јавниот наста на ЦИВИЛ на тема „Европските вредности – (не)возможна мисија: Еднаквоста, недискриминацијата и мултикултурализмот низ призмата на политиките и практиките на национално ниво“.
Заев: Градиме пријателства и соработка, очекуваме ЕУ да го испорача заслуженото
Немаме дилеми да ги испорачаме гаранциите. Ние сме мирољубив народ и од нас може да се очекува само градење пријателство и соработка, вели премиерот Зоран Заев по повод изјавата на бугарскиот претседател Румен Радев дека Бугарија сака јасни гаранции за нејзината национална безбедност и нејзините национални интереси.
Заев во интервју за „Фокус“ додава дека „ако се мисли на краткото и долгото име, Северна Македонија е исто што и Република Северна Македонија и точно се однесува на државата без никакви територијални претензии ниту кон Бугарија ниту кон другите соседи“.