Денеска до Министерството за внатрешни работи беше поднесена пријава за говор на омраза и закани до Петар Богојески, државен советник во Министерството за одбрана од страна на активисти од повеќе граѓански здруженија
Богојески на повеќе наврати на неговиот приватен Фејсбук профил предизвикува национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост.
„И без да ја барам, поддршката ја добив, како што еве на денешната прес-конференција при поднесувањето од бројни невладини организации од Бошњачката заедница, но исто така и Ромската заедница излезе со поддршка, кои што и тие се здружени во одредена коалиција, како две најпогодени заедници од неговиот континуиран говор на омраза„ истакна Мерсиха Смаиловиќ од Здружение на граѓани ЛЕГИС Скопје на прашањето на ЦИВИЛ дали е побарана поширока поддршка и од кого.
„Пријавивме како што кажав за говор на омраза, поднесов пријава по првиот пост во Хелсиншки комитет, но потоа бидејќи продолжија неговите постови, моментално ќе покренеме постапка за вознемирување бидејќи постовите се континуирани, “додаде Смаиловиќ на прашањето дали некоја од организациите одбила да ги поддржи.
Подносителите на пријавата се:
Селма Ризвановиќ Мандал – Здружение на жени ЕДУ НИСА Скопје,
Аделаид Каришиќ – Бошњачки Истражувачки Центар Скопје,
Изета Бабачиќ – Здружение на бошњачката жена Диванхана Скопје,
Мерсиха Смаиловиќ – Здружение на граѓани ЛЕГИС Скопје,
Мухамед Шукурица – Форум на Бошњаците во Македонија и
Јусуф Чоловиќ – Здружение на граѓани НАФАКА.
Ирена Крџиќ
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Ариан Мехмети