• Latest

Избирачкиот список како алваџиски тефтер

April 27, 2016
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Лула повторно претседател на Бразил, нов предизвик за Трамп во Латинска Америка

October 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Избирачкиот список како алваџиски тефтер

April 27, 2016 13:54
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Избирачкиот список е како алваџиски тефтер. Веднаш по неговото објавување, телефонот почна да ѕвони. Веднаш се јавија луѓе кои забележаа дека со овој документ нешто сериозно не е в ред. Сè уште.

Пишува: Џабир Дерала
Пишува: Џабир Дерала

Меѓу нив беше и една госпоѓа која ни кажа дека нејзиниот син веќе 15 години живее во странство, но го нашла на списокот на гласачи кои гласаат во Македонија. Таа ни кажа дека нејзиниот син на Списокот бил означен со ѕвездичка до изборите во 2014 година, што значи дека е лице кое не живее во државата (иселено лице), односно гласа во македонско дипломатско претставништво во странство, а не во матичната земја. Од тие избори, значи, во 2014 година, овој наш сограѓанин е на пописот на гласачи во земјава. Да, тоа се изборите на кои ЦИВИЛ им ја оспори легитимноста, како и на претходните, локални и претседателски.
Ѕвездичката која говори за тоа дека еден граѓанин не гласа во земјава, туку во странство, без барање и согласност на нашиот сограѓанин, некој ја тргнал.
И сега, по „епското“ чистење на Избирачкиот список, тој наш сограѓанин од дијаспората е на списокот на гласачи во земјава, како да живее тука. Осведочено, документирано. Според соговорничката на мојата колешка Марија, случајот е пријавен уште пред парламентарните избори во 2014-та, но Државната изборна комисија не направила корекција. Пред еден месец, во законски предвидениот рок, ДИК добива уште едно барање за корекција во истиов случај. Но, утрото кога ДИК го става Избирачкиот список на увид, нашата сограѓанка го наоѓа името на својот син како гласач во Македонија. Значи, веќе втор изборен процес, никој не преземал ништо во врска со ова.
Додека го пишувам ова, на загрепскиот аеродром, читам во нашата интерна комуникација за нови случаи кои пристигнуваат до нашата канцеларија. Додека стасам до Скопје, сигурно ќе има уште неколку.
Уште колку вакви случаи има?! Ова и многу други прашања се нижат секој ден. И тоа само за Избирачкиот список, а за сите останати, не помалку важни работи, уште повеќе.
Многумина немаат ниту сила, ниту време, а ниту интерес да ја истераат правдата. Не е ни чудо, по толку изборни процеси во кои се манипулираше со волјата на гласачите, а власта се освојуваше вулгарно и насилнички. Едноставно, на граѓаните, фатени во многуте стапици на власта, со време им стана сеедно, а голем дел од нив не смеат или мислат дека не смеат да реагираат. Да не говориме за оние кои не знаат дека можат да пријават дека нешто не е в ред, а уште помалку знаат каде тоа да го сторат. Во случајот со оваа приказна, испаѓа дека е сеедно дали некој ќе реагира, бидејќи институциите, едноставно, не функционираат.
Тоа е дел и од стратегијата на апашите. Да се изморат луѓето, да ги напушти вербата и надежта дека може нешто да променат. Да се избрише идејата дека некој може да се побуни. Да се направат тие работи неважни.
Ме радува дека свеста се буди. Ме радува што сè повеќе луѓе говорат гласно. Но, тоа не е доволно. Ни оддалеку.
Гледам и слушам, не се малку оние што не веруваат дека е можна демократија во Македонија, не веруваат дека, и да дојде до промени, тоа ќе биде само ротација на моќници. Тоа го слушам и од оние кои велат дека на овие им е доста и дека не може да биде полошо од ова и ваквото владеење.
Да претпоставиме, за миг, дека ќе се согласам со ваквиот став, дека суштински промени не се можни. Но! Секогаш постои барем едно „но“, зарем не? Тоа ќе биде така, само под еден услов. Ако се остави власта (било која власт!), да ја практикува својата моќ без нашата (граѓанската) контрола. Ако им се остави на тие што ги плаќаме да ги толкуваат Уставот и законите по свое. Ако не бараме одговори, без оглед на тоа колку долго ќе нè игнорираат, бидејќи игнорирањето не може вечно да трае. Ако се помириме. Ако се потчиниме на масовната корупција која, на крајот, ние ја плаќаме и тоа повеќекратно. Значи, мора да бидеме будни и да учествуваме!
Да се вратам на Избирачкиот список. Се прашувам, дали има некој во земјава што верува дека некој сериозно подготвува слободни избори? Се надевам, не, бидејќи тоа ќе биде тешка заблуда.
Македонија се соочува со обид за уште една изборна кражба, избори со кои ќе се потврдат претходните изборни кражби, избори за заштита и спас на криминалците. Во тоа, сигурен сум, нема сомнеж повеќе.
Во меѓувреме, се апсат демонстранти кои бараат демократија и владеење на правото, се демонизираат активистите и организациите кои бараат почитување на човековите права и почитување на Уставот. И политичките затвореници сè уште гнијат по затвори.
Го газат Уставот како да е „тоалетна хартија“. Од узурпаторите во Уставниот суд, до узурпаторите на Илинденска ББ и во претседателскиот кабинет.
Сите врзани со веќе сосема видливата спрега на злоупотреба и тешки криминали. И ќе продолжат да го прават тоа, сè додека можат. Сè додека се обидуваме да најдеме оправдување за нашата малодушност и помирливост, божем, некој друг е поумен од нас, поспособен и „надлежен“. Нема такви. Ако ни го украдоа вчерашниот ден, денес и утре се наши. И тоа, наши се само толку колку што секој од нас ќе реши да бидат наши.


 

Објавено на Плусинфо
Tags: апашивластизбирачки списокизбориМакедонијаЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ