• Latest

Николовски: Транспарентни институции за разлика од расипништвото на министрите и директорите до 2016 година

June 6, 2021
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Хипокризија

August 9, 2026

SNAFU… Сите губат, некои само побрзо

August 9, 2026

ТЕРОР: Во последните 48 часа, Одеса, Кијив и 12 области под руски напад; најмалку четворица цивили загинаа во Кијив и областа, меѓу нив и тригодишно дете

August 9, 2026

Кога протоколот ја отсликува надворешната политика

August 8, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Два залaка и чувство на сопственост

August 8, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Србија – Украина: Цената на Вучиќ

August 7, 2026
Илустрација ВИ

Безбедносно тестирање: Напредните AI модели покажаа автономно измамничко однесување, експертите бараат построга регулација

August 6, 2026

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Архива

По жестоките руски напади: НАТО работи на итна испорака на противвоздушна одбрана за Украина

August 6, 2026

Сите цистерни со сертификат, нема штета: Што покажуваат доказите за „Мазут“?

August 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Николовски: Транспарентни институции за разлика од расипништвото на министрите и директорите до 2016 година

-Во 2016 година Владата на ВМРО-ДПМНЕ со транспарентност од 25 проценти и Влада предводена од Зоран Заев 2021 година со 95,7 отсто транспарентност. Граѓаните треба да знаат, да бидат информирани и да знаат дали некој троши службени пари за одела, забави, скапи хотели… она што се случуваше до 2016 година што го потврдуваше расипништвито на министрите и директорите. Денеска имаме отчетност и транспарентност, граѓаните можат да го видат секој налог што се потпишува, истакна вицепремиерот Николовски.

June 6, 2021 11:40
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Општините, министерствата и Владата стануваат транспарентни институции. За 18 проценти е зголемена нивната активна транспарентност споредено со 2016 година, односно нивната транспарентност изнесува 63 отсто, за разлика од 2016, кога била 45 проценти.

Ова денеска на прес-конференција го истакна вицепремиерот за борба против корупција и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски на која ги презентираше најновите податоци на извештајот за Индекс на активна транспарентност 2021 година на Центарот за граѓански комуникации.

-Дури 62 од вкупно опфатените 98 институции ја подобриле својата активна транспарентност во 2021 година во однос на 2016 година. Ако во 2016 година само 24 институции биле во категоријата „многу добра“ и „добра“ транспарентност, оваа година дури 62 институции се во овие две категории. Особено се забележува подобрување на транспарентноста кај министерствата. Во 2016 година само едно министерство било во категориите „многу добра“ и „добра“ транспарентност. Оваа година дури 12 министерства ја подобриле транспарентноста и се искачиле токму во овие две категории, информираше Николовски.

Во делот на транспарентноста на општините, според Извештајот, општина Карпош има 100 проценти активна транспарентност, а подобрување е забележано кај 51 општина. Значително подобрување е регистрирано кај општина Валандово, којашто во 2016 година од категоријата „многу лоша транспарентност“ со 17,9 проценти, годинава со 94,3 отсто е во групата на општини со „многу добра транспарентност“.  Слично е и кај општина Кавадарци, која од категоријата „слаба транспарентност“ во 2016 година со 38,8 проценти, годинава со 80,6 отсто е рангирана како општина со „многу добра активна транспарентност“.

-Активната транспарентност е особено важна за општините, како места каде што граѓаните секојдневно се обраќаат за услуги што им се потребни. Затоа и информациите што ги објавуваат треба да бидат јавни и достапни, бидејќи граѓаните имаат право да знаат, како и за што локалната самоуправа ги троши народните пари, порача вицепремиерот за борба против корупцијата.

Индексот, според Николовски, бележи подобрување кај транспарентноста на министерствата. Од 16 министерства и Владата, кај дури 13 и кај Владата, е регистриран пораст на исполнетоста на обврските од активната транспарентност. Владата од категорија просечна транспарентност во 2016 година со 25 отсто, оваа година се искачи на 93,5 проценти, и е во категорија на „многу добра транспаренстнот“. Министерство за одбрана со 100 проценти, годинава е прво на листата на институции за активна транспарентност, за разлика од 2016, кога со  47,6 проценти беше во групата на институции со „просечна транспарентност“.

Во однос на 2016, МВР и министерствата за финансии и здравство бележат раст на активна транспарентност, односно од категоријата на „просечна транспарентност“ или „слаба транспарентност“  сега се рангирана како институции со „многу добра транспарентност“.

Вицепремиерот Николовски нагласи дека владините политики даваат позитивни резултати и дека за тоа покажуваат и други извештаи за меѓународни рангирања меѓу кои и извештајот на Европската комисија за 2020 година, каде беше нотирано дека Северна Македонија со усвојувањето на Стратегијата за транспарентност на Владата на Република Северна Македонија 2019-2021 година, е првата земја во регионот што ја направи транспарентноста своја политика.

Прашан за обвинувањата на опозицијата дека биле најкоруптивна Влада, Николовски рече дека бројките доволно говорат.

-Во 2016 година Владата на ВМРО-ДПМНЕ со транспарентност од 25 проценти и Влада предводена од Зоран Заев 2021 година со 95,7 отсто транспарентност. Граѓаните треба да знаат, да бидат информирани и да знаат дали некој троши службени пари за одела, забави, скапи хотели… она што се случуваше до 2016 година што го потврдуваше расипништвито на министрите и директорите. Денеска имаме отчетност и транспарентност, граѓаните можат да го видат секој налог што се потпишува, истакна вицепремиерот Николовски.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ