Извесен Горан Прзин на својот Фејсук профил сподели вознемирувачки обвинувања упатени кон невладината организација ХЕРА како и министерката за образование и наука, Мила Царовска. Во објавата пишува дека ХЕРА се залага за „Сексуализација и Педофилија на децата“. Во вознемирувачката содржина објавени се фотографии од интернет и линк од видео со наслов Трговија со фетуси под заклетва.
Објавата беше споделувана и во групи на Фејсбук, меѓу кои и групата „Македонски антиваксери“.
Ало Влада и дпне опозиција на северната (вукојебина)! Од тука, во кое својство и со кој легитимитет ХЕРА си зела за право да нуди програми за ССО (сексуализација) на нашите деца?“.
Тој во друг пост шири говор на омраза кон ЛГБТИ заедницата.


ЦИВИЛ Центар за слобода реагира дека говорот на омразата останува највидлива алатка за пресметка со прогресивните проекти и реформи. Институциите се повикани веднаш да реагираат соодветно на законот, а јавноста и медиумите решително да ги осудат и отфрлат ваквите појави. Неказнивоста мора да престане.
Д.М.














































