• Latest

Дали ќе нѐ огрее (лажно) сонце на слободата?

April 30, 2016
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Дали ќе нѐ огрее (лажно) сонце на слободата?

April 30, 2016 17:09
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Почнаа апсењата, почнаа тепањата, почнаа и убиствата… Така е секогаш, најтемно е пред да се раздени. А не е првпат, нели, ќе забележите, вакви „убавини“ да ни се сервираат како празнична „атмосфера“.

Пишува: Петрит Сарачини
Пишува: Петрит Сарачини

Освен со насилството, придружено со стандардната пропаганда, заканите, уцените, поткупот, началниците не се откажале и од својата игра на инсталирање на „лажно сонце на слободата“, меѓу оние кои се борат против режимот. Сепак, и ним им е јасно дека крајот се ближи, па се обидуваат да најдат понтонски мостови за „мирен“ трансфер на власта, од себе – кај себе.

Наголемо во јавноста, не само во началничките медиуми и медиумски структури, туку и во оние кои се делумно независни, а каде што има инсталирано медиумски началници и полициски прислужници, веќе се спроведува оваа стратегија. Лажното сонце на слободата ќе свети силно и примамливо, море и херојски ако треба, со цел да ја засени вистинската опозиција и борци кои 10 години се борат со овој режим, секојдневно бивајќи под жесток удар на началниците и нивната пропаганда. Токму тие луѓе, кои и онака ги гледавте малку, ќе ги гледате уште помалку во/на медиумите, на сметка на некои структури кои ја имаа тежината на оние 20-30 луѓеоколу нив, а сега ќе држат “банка” во медиумите и ќе зборуваат во име на сите што се против власта. Ќе зборуваат оние, кои ретко или никогаш не беа плукани и напаѓани од мирките, буреците, сармите и милојковците.

Од сенка, оооп, на сонце.

Обидите за поделби во „Шарената револуција“ ќе продолжат. Ќе продолжи и лажната и релативизирачка дебата во медиумите, меѓу супститутите на оние кои што ја имаат вистинската моќ и одговорност. На пример, некои медиуми упорно ги викаат ГДОМ – граѓанско движење, пази богати, како да седат на маса спроти вистински граѓански активисти, иако тоа е лажен баланс, бидејќи ГДОМ = ВМРО, а граѓанските движења не се исто што и СДСМ (освен за началниците, се разбира). Наместо вистинска дебата меѓу СДСМ и ВМРО, ќе добиваме релативизаторски и заменски дебати, а што е уште подегутантно, началнички дебати, каде што притаените началници ќе се расправаат жестоко со претставниците на ачик – началниците.

Можеби ќе растревожам некого од моите соборци со ова писание, можеби некој ќе смета дека сега не му е време, дека правам поделби… Но. јас сметам дека токму сега му е време, пред да се испечеме и ослепиме од сонцето кое ќе ни се сервира, заедно со ќотекот и крвта. Ако се случи тоа, а гледајќи како се движат работите, мошне е веројатно тоа и да се случи, по краткото “сончање”, ќе следи уште поцрн мрак, кој ќе трае најмалку неколку години, пред да собереме повторно сила за вистинска борба со режимот, сила која сега ја имаме, но ризикуваме да ја изгубиме.

Драги мои сограѓан(к)и, допрва ќе станува потемно и потемно. А дали по тоа ќе ни светне? Во голема мера, тоа ќе зависи од нас, и само од нас.

Кој треба да биде нашиот одговор на оваа стратегија? Обединување – наместо дистанцирање. Солидарност – наместо лични интереси. Цврстина и решителност – наместо колебање и попустливост. Отвореност и искреност – наспроти лагите и „стратегиите“ на началниците.

Допрва не чека борба со силниот непријател. Со коалицијата која е хетерогена етнички, верски, идеолошки, но ја обединува криминалот. Тоа зло може да го победи само иста таква коалиција, која ја обединува доброто и човечноста. Со мал „апгрејд“ и дополнување на редовите кои ќе го комплетираат мозаикот, таа коалиција, таа сила ја гледам деновиве на улица, во реките луѓе на „Шарената револуција“.

Tags: демократијаМакедонијаслободашарена револуција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ