ВЕСТ НА ДЕНОТ Бајден донесе извршно решение: Непочитувањето на договорите како Преспанскиот носат дестабилизација
Преспанскиот договор со Грција и Охридскиот рамковен договор се најдоа на листата на САД на клучни договори од регионот, кои доколку не се почитуваат и спроведуваат може да доведат до дестабилизација. Ова стана јасно откако американскиот претседател Џо Бајден потпиша нов декрет со кој им забранува влез во САД на сите лица што од Западен Балкан што нема да ги почитуваат овие договори, а воедно и ќе им го конфискува имотот на територија на државата.
За одговорни се сметаат оние што ги прекршиле договорите за регионална безбедност и мир, како Договорот од Преспа, Охридскиот рамковен договор, Резолуцијата 1244 и Дејтонскиот договор.
ВМРО-ДПМНЕ и Левица остануваат против Преспанскиот договор и покрај извршната наредба на американскиот претседател Џо Бајден, со која им се заканува забрана за влез и конфискување имот на сите противници на Договорот со Грција и на други важни договори за стабилизирање на Балканот, склучени во изминатите две и пол децении. Од двете партии експресно му свртеа грб на стратешкиот партнер на земјава, преку изјавите на функционерот на најголемата опозициска партија, Антонијо Милошоски и шефот Левица, Димитар Апасиев.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ Маричиќ: Партиите блиску до договор за имлементација на препораките на ОБСЕ/ОДИР во Изборниот законик, останува прашањето за изборниот модел
Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска изјави дека партиите се блиску до договор за имплементација на препораките на ОБСЕ/ОДИХР во Изборниот законик, но оти сепак останува потешкиот дел, а тоа е конечен договор за самиот изборен модел. Тој потенцираше дека за какви било промени на изборните правила, потребно е да се постигне консензус и да има согласност од релевантните политички партии, што ќе биде добро за државата, за меѓусебната доверба, а што како препорака ни е дадена и од Венецијанската комисија.
„До сега се одржаа и неколку состаноци и со претставниците на политичките партии, на кои се дебатираше за начинот и динамиката на промена на изборниот модел. Лично сум задоволен што најдовме заеднички јазик, односно сме блиску до договор за имплементација на препораките на ОБСЕ и ОДИХР. Сепак, сега останува потешкиот дел, а тоа е конечен договор за самиот изборен модел. На овој начин граѓаните ќе имаат можност да гласаат повеќе за личност отколку за партија, што е ќе биде дополнителна вредност и мотив партиите да кандидираат луѓе со кредибилитет во општеството, односно ќе можат најсоодветно и најквалитетно да одговорат на обврските во советите. Генерално меѓу сите партии има согласност за ова, но останува предизвик да се разговара за начинот на кој градоначалниците ќе го освојуваат мандатот. Односно дали тоа ќе се направи во прв или пак треба да има и втор круг. Сметам дека со креативност и меѓусебна доверба, овој прашање може да биде надминато и на крајот сите заеднички да застанеме позади измените на Изборниот законик,“ рече Маричиќ на конференција за Изборни реформи во Северна Македонија во организација на Министерството за правда и НДИ.
ЦИВИЛ ВО ЖИВО: Црвен картон за националистите, воените хушкачи и криминалците во политиката
„Американскиот претседател, Џо Бајден со својот декретот, извршна наредба, практично им даде црвен картон на сите криминалци, корумпирани политичари, политички партии кои се националистички, ектстремни, радикални структур кои се во Западен Балкан, па така и во Северна Македонија кои се воени хушкачи и структури кои промовираат говор на омраза и негирање на суштински важни меѓународни документи како што е Преспанскиот договор, Охридскиот договор, Дејтонскиот договор во БиХ и некои други договори кои се таксативно наведени во извршната наредба на американскиот Претседател каде што според таа наредба им се замрзнува имотот и им се забранува влез на политичарите кои се противат или ги дестабилизираат овие договори или ги дестабилизираат своите држави и воопшто регионот“, истакна Џабир Дерала во живо.
ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ Панел на ЦИВИЛ: Младите и европските вредности
ЦИВИЛ организира панел дискусија насловена „Младите и европските вредности“ која ќе се одржи на 10 јуни 2021 година, четврток, во Хотел Парк&Спа (зад градски стадион), во Скопје, со почеток во 13 часот.
Колку младите се запознаени со европските вредности, дали нивното општествено –политичко опкружување отвора можности за промовирање и негување на европските вредности во нашата земја или уште повеќе ги охрабруваат за нивно заминување во странство, колку образовниот систем придонесува за европеизација на младите, постои ли европска иднина за младите во нашата држава, кои се искуствата да се биде млад овде и во некоја од европските земји, се само дел од прашањата на кои ЦИВИЛ и учесниците на панел дискусијата ќе се обидат да дадат одговор.
Учесници на панелот ќе бидат Билјана Арсовска-комуниколог, Андреј Стојкоски-Национален младински совет на Македонија и Билјана Стојческа-Младински сојуз Крушево. Модератор на настанот ќе биде Ирена Крџиќ, ЦИВИЛ.
ФЛЕШ ВЕСТИ
РАЗРЕШНИЦА Со 104 гласа „за“ седум против и три воздржани албанскиот парламент попладнево го разреши шефот на државата Илир Мета, што е прв случај во трите деценискот плурализам во земјата.
ИМУНИЗАЦИЈА Вчера се аплицирани 10.556 вакцини.
Пристигаа 30.000 вакцини „Синовак“, донација од Турција
НЕЛЕГАЛНИ ОБЈЕКТИ Под силно полициско обезбедување денеска почна најавуваната акција за отстранување на нелегалните градби и урбана опрема од плажите во градското подрачје на Охрид.
СЕРТИФИКАТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ Со цел гарантирање на безбедни услови за престој и користење на услуги во угостителските објекти, хотелите, мотелите, автокамповите Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) во соработка со Министерството за економија издава меѓународен сертификат за безбедност „Safety Travel Stamp“ односно „Знак за безбеден туризам“.
ОБРАЗОВАНИЕ И покрај пандемијата, учебната година успешно заврши.
Министерката Царовска со желба учениците од 1 септември да се вратат на училиште.
ИЗБОРИ Партиите се блиску до договор за имплементација на препораките на ОБСЕ/ОДИХР во Изборниот законик, но оти сепак останува потешкиот дел, а тоа е конечен договор за самиот изборен модел.
ПОЛИТИКА Наредбата на Бајден е сериозна порака на охрабрување и мотивација
СЛОБОДНА ЗОНА
„Ме примија, почнаа првите часови на албански јазик, јас само молчев и ги слушав предавањата без ништо да ги разбирам што предаваат и зборуваат. Ми беше многу тешко, се чувствував дека сум поразлична од останатите. Ми беше досадно и за миг посакав да се откажам од својата желба да учам во тоа училиште. Но, токму тогаш кога бев решена да се откажам, се појави муфтијата и ни одржа предавање, но додека зборуваше забележа ученичка (мене) која не го разбира албанскиот јазик, и во тој момент почна да предава на македонски јазик. Тоа ми даде сила и поттик да останам во тоа училиште. Веднаш потоа се запишав на шестмесечен курс по албански јазик и откако го завршив курсот веќе знаев да зборувам и да пишувам, потоа беше лесно да учам и за одговарам на албански јазик“ пишува Нафије Далиби во „А што има лошо во тоа да си различна… “
„По толку пролеана крв, невидени ѕверства и безумие на Балканот, време е да им кажеме на сите „лудаци“ дека не се пожелни и дека треба да одговараат. И да го вратат имотот што и онака не го заработиле! За тоа што го преселиле во САД, веќе се погрижи американскиот претседател„ пишува Џабир Дерала во „Црвен картон за националистите, воените хушкачи и криминалците во политиката“.
Ирена Крџиќ