• Latest

СКЕН – политички видео магазин: Хибридните закани – подмолност на интернетот

June 15, 2021

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ

СКЕН – политички видео магазин: Хибридните закани – подмолност на интернетот

June 15, 2021 11:33
in ВЕСТИ, КОНТЕКСТ, ТОП 5, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Хибридните напади пред сè се базираат на лажните вести, дезинформациите, говорот на омразата кои се генерираат од одредени центри на моќ, меѓутоа и измамата, саботирањето, употребата на пранкови… Хибридните закани – подмолност на интернетот, е тема на изданието на политичкиот видео магазин СКЕН, објавено на 13 ноември 2020. Овој Скен го преобјавуваме во пресрет на утрешниот јавен настан на ЦИВИЛ на тема Автопатот со факти, одговорност и решинелност наспроти беспаќето на опасните дезинформации. 

„Целта на хибридните напади е кон уништување на шансите на одредена земја или структура да ги оствари своите цели. Да ја дестабилизираат, да ја дискридитираат и да ја оневозможат во исполнување на целите“, вели Џабир Дерала од ЦИВИЛ.

Претседателот на државата, Стево Пендаровски смета дека со хибридните напади светот, а и ние како држава со мали ресурси допрва ќе имаме проблем.

„Ние како држава бевме предмет на сериозни хибридни напади првпат за време на Референдумот во 2018 година. Меѓутоа тогаш уште не бевме внатре во НАТО алијансата, тогаш добивавме некаква поддршка на билатерално ниво, но не таква каква што добиваме сега. Последниот пат со сихронизиран напад со огромен интензитет кој досега не беше забележан кај нас, со кој беше соборена страницата на Државната изборна комисија на самиот изборен ден, а тоа не го прави еден човек, тоа се приказни за мали деца дека тоа го направиле 2-3 хакери млади луѓе кои направиле таква штета, тоа не е точно“, вели Пендаровски.

Тој истакна дека хибридните напади се нов проблем, но наша среќа е што од 27 март оваа година сме членки на НАТО и дека почнавме да добиваме обилна помош и поддршка од другите сојузници во НАТО.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг истакна дека на Северна Македонија и даваат целосна подршка во борба со сајбер нападите и хибридните напади кои ги имаше и пред пандемијата и кои не исчезнаа и дека НАТО ги зголемува безбедносните мерки и борбата со дезинформациите и лажните вести.

Сашо Орданоски вели дека Слободен печат и ТИМЕ.МК беа цел на хибридни напади уште пред речиси една година, пред да се одржат парламентарните избори во Северна Македонија и иако имаат податоци од каде се извршени тие напади и се пријавени и доставени во полиција, засега немаат никаков одговор.

текст и монтажа: Дехран Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result