ЦИВИЛ организира јавен настан на тема „Автопатот со факти, одговорност и решителност наспроти беспаќето на опасните дезинформации“ во среда, 16 јуни, во хотел Сити Парк (кај општина Центар), со почеток во 11 часот. Настанот ќе трае 60 минути.
Дали дезинформациите и говорот на омразата претставуваат хибридни закани? Дали институциите имаат капацитет за справување со хибридните закани? Колку и на кој начин можат граѓанските организации и медиумите да се вклучат во заштитата од хибридните закани? Со факти, одговорност и решителност наспроти опасните дезинформации… Тоа се дел од прашањата и темите за кои ќе стане збор на јавниот настан на ЦИВИЛ.
Настанот ќе биде емитуван во живо на Фејсбук страницата и на видео каналот на ЦИВИЛ, а ќе се одржи без публика. Дозволено е присуство на ТВ екипи, со строго придржување кон протоколите за заштита од Ковид-19.
Работниот јазик на настанот е на македонски јазик но сите материјали потоа ќе бидат достапни на македонски, албански и англиски јазик.
Панелот е дел од проектот „Европски перспективи“ кој ЦИВИЛ го спроведува со поддршка од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија од 1 април оваа година.
Преземањето на содржините е добредојдено, според лиценцата Creative Commons 4.0.
ЦИВИЛ