• Latest

Факти, одговорност и решителност во борбата со хибридните закани, со Бугарија се разговара за португалскиот предлог, колку сме еднакви на локално ниво

June 16, 2021

Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

October 15, 2025
Фото: Фејсбук

Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

October 15, 2025

ЦИВИЛ ја отвори дебатата за демократското назадување и улогата на граѓаните како чувари на демократските процеси

October 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Зацврстување на кинеската „мека моќ“ во Северна Македонија: Преку образованието, ИТ и TикToк до влијание врз изборите

October 15, 2025

Последни три дена од изборната кампања

October 15, 2025
Фото: Фејсбук на Гордана Сиљановска Давкова

Венецијанската комисија бара уставни измени и ограничување на мандатот на јавниот обвинител

October 15, 2025

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен денеска во Скопје

October 15, 2025
Screenshot

Османи порачува дека нови градби без дозвола под негова одговорност нема да има, Меџити го обвини за лицемерие бидејќи живее во дивоградба легализирана за едно евро

October 14, 2025

Ви благодариме што се залагате за вистината и демократијата

October 14, 2025
Demolished Gaza
Photo source: Al Jazeera video screenshot

Ројтерс: ОН соопшти дека земјите се подготвени да помогнат во финансирањето на обновата на Газа од 70 милијарди долари

October 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Факти, одговорност и решителност во борбата со хибридните закани, со Бугарија се разговара за португалскиот предлог, колку сме еднакви на локално ниво

June 16, 2021 18:19
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

ЦИВИЛ на „автопатот“ со факти, одговорност и решителност наспроти опасните дезинформации

ЦИВИЛ денеска одржа панел дискусија на тема „Автопатот со факти, одговорност и решителност наспроти беспаќето на опасните дезинформации“. Учесници на панелот беа националниот координатор за стратегиски комуникации Марјан Забрчанец, потполковник Александар Илиев, доцентот при катедрата за меѓународно јавно право, м-р Љупчо Стојковски и уредникот на Вистиномер и Критинк, е-изданија на Фондацијата Метаморфозис, Владимир Петрески.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Заев: Ќе ја искористиме желбата за разговори со Бугарија, не разговараме за идентитетот и јазикот, туку за португалскиот предлог

„Потврдивме дека заслуживме и повеќе од тоа, туку како што реков повеќе од јасно е дека ЕУ се чувствува должна затоа што не испорачала, ние испорачавме се. Ние ја крепиме агендата на борбата против сите, би ги нарекол, меморандуми за промена на граници или етнички територии токму преку Северна Македонија и нашето едно општество за сите и мултиетничка, мултирелигиозна функционална демократија и сме пример на европскиот континент за тоа. Пример сме и преку европскиот начин на решавање на проблемите во регионот. Пример, најдобри сме и во реформите и тоа како нашиот народ заслужил да добие прва меѓувладина конференција која што реков дека е само получекор во нашиот пат кон европската интеграција“, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ИНВЕСТИЦИИ Инвестиција од 70 милиони евра која предвидува 100 нови вработувања, ќе биде фотонапонската електрана во Осломеј од 100 мегавати за чија изградба денеска и официјално беа потпишани договорите меѓу „АД ЕСМ“, „Фортис енержи електрик“ од Турција и со „Солар про“ од Бугарија. Реализацијата на овој проект ќе биде по принципот на јавно-приватно партнерство, а електраната се очекува да биде функционална до крајот на годината.

ПЕРСПЕКТИВИ Во организација на Американското катче Битола, заменик – претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска имаше виртуелна средба во форма на градско собрание (Youth Town Hall) со младите од регионот на Битола и Струга, наменета за воспоставување транспарентен разговор на теми поврзани со Европската Унија и пристапувањето на Северна Македонија.

ИСТРАЖУВАЊЕ Најновата анкета на ИРИ покажува дека пристапувањето во ЕУ на  Северна Македонија е со поддршка од 79 проценти од граѓаните

ПРОСЛАВА ВМРО-ДПМНЕ вечерва во Античкиот театар во Охрид со настан ќе го одбележи својот 31-ви роденден, каде Мицкоски ќе зборува за нова стратегија „Македонија за сите луѓе“

ПАНДЕМИЈА Европската унија треба постепено да ги олесни корона ограничувањата за влез за патниците од САД и седум други земји по договорот од средата меѓу 27-те земји-членки. Патниците од САД, Албанија, Хонг Конг, Либан, Макао, Македонија, Србија и Тајван треба полесно да влегуваат во Унијата, изјави португалското претседателство со ЕУ

ТРГОВИЈА Со многу конструктивни предлози од двете страни, кои ја одразуваат заедничката желба да се зајакне и продлабочи билатералната економска соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Украина заврши Третата седница на меѓувладината комисија по Договорот за македонската влада и украинската влада за трговска и економска соработка со која преседаваа министерот за економија Крешник Бектеши и заменик министерот за економски развој, трговија и земјоделство на Украина, Тарас Качка во улога на домаќин.

ПОМОШ Јавниот повик за издавање потврда-ваучер за користење на средства за организиран одмор на работници со ниски приходи чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето износот од 30.000 денари се затвора денеска. За една недела од објавување на јавниот повик во архивата на Министерството за економија се пристигнати над 2.600 апликации.

ВЕБИНАР Случаите со говор на омраза во земјава, „задушени“ во Обвинителството е заклучокот од вебинарот „Како да се бориме против говорот на омраза?“, организиран од проектот „Метаморфозис“.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

ЦИВИЛ утре со јавен настан на тема „Колку сме еднакви“ за политиките, практиките и промовирањето на европските вредности на локално ниво

ЦИВИЛ организира јавен настан (панел дискусија) на тема „Колку сме еднакви?“ посветен на политиките и практиките за еднаквост, недискриминација и промовирање на европски вредности во единиците на локалната самоуправа на 17 јуни, утре (четврток), во хотел Сити Парк, со почеток во 13 часот. Настанот трае 45 до 60 минути.

Како говорници на настанот ќе учествуваат градоначалникот на општина Шуто Оризари Курто Дудуш и градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари. Настанот ќе го модерира Дијана Тахири од ЦИВИЛ.

Главното прашање на панел дискусијата се однесува на капацитетите, можностите, политиките и практиките на локално ниво во промовирањето на европските вредности, а во тие рамки и еднаквоста, недискриминацијата на локално ниво.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Очекувам црната пропаганда да го заземе своето заслужено место – во калливите ровови и темните подруми. Со други зборови, да прејде во дефанзива. Време е за точни информации и за борба на мислења, не за надмудрување и деструкција. Време е да ѝ се спротивставиме на искривената реалност што ја создава црната пропаганда, со избирање на поинаков, проактивен и афирмативен пристап“ пишува Џабир Дерала во денешниот Едиторијал под наслов „Црната пропаганда е таму каде што заслужува, во калливите ровови и темните подруми“.

„Од сите овие камени одредници, нашата држава се повеќе ни личи на археолошко наоѓалиште. Каде и да мрднеш некој историски камен се појавува и те упатува на некаков пат. Обичниот свет веќе ни патот не може да го изоди, а да не се препне од некој таков камен. Ај што мора да се движи низ прашината и калта на патот, мора да пресконува и крупни камени препреки. Додуша вековната мудрост често го води кон заобиколување на препреките, но тие некогаш мора и да се прескокнуваат. Скокањето и не е тешко, но доскокот на две нозе често е ризичен. Посебно кога скокнеш со опинци, а сакаш да досконеш во италијански чевли. А политичарите наши имаат веќе извежбана дисциплина на скокање од камен на камен и оп ни прашливи ни калливи стигнуваат на целта“, пишува Војо Маневски во „Писма, пораки и патокази“.

Биљана Јордановска

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ