• Latest

ЦИВИЛ на „автопатот“ со факти, одговорност и решителност наспроти беспаќето на опасните дезинформации

June 16, 2021

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ

ЦИВИЛ на „автопатот“ со факти, одговорност и решителност наспроти беспаќето на опасните дезинформации

June 16, 2021 16:42
in ВЕСТИ, ТОП 5, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ одржа панел дискусија на тема „Автопатот со факти, одговорност и решителност наспроти беспаќето на опасните дезинформации“. Учесници на панелот беа националниот координатор за стратегиски комуникации Марјан Забрчанец, потполковник Александар Илиев, доцентот при катедрата за меѓународно јавно право, д-р Љупчо Стојковски и уредникот на Вистиномер и Критинк, е-изданија на Фондацијата Метаморфозис, Владимир Петрески.

„Мислам дека сите ние кои што се занимаваме професионално или како општествена одговорност со информации, со јавно комуницирање, со односи со јавност, со влијание врз јавноста, премногу, предолг период сме заглавени во справување со негативни појави, негативни влијанија како што се дезинформациите и дека заборавивме помалку кои се работите кои што треба да ги промовираме. Конечно видов во насловот зборуваме за автопат на одговорност, на отчетност, на одговорно комуницирање или пласирање на факти и информации, наспроти, јас би рекол, оние мрачни тунели на кои што се создаваат и се шират лажните вести кои што имаат за намера да предизвикаат опасност, штета врз јавноста и притоа стануваат дезинформации. Во оваа насока ме охрабрува и начинот на кој што НАТО во последните свои јавни стратешки документи ја дефинира својата улога во дезинформациите, па така НАТО во своите последни јавни определби по однос на стратешките комуникации вели: ние не сме препознаени или не сакаме да бидеме препознаени по она против што се бориме, туку по она за што се залагаме или по она што го промовираме и токму тоа е мојата теза денеска, дека општествените чинители кои што презеле одговорност и си ја зацртале својата улога дека ќе промовираат прогрес, факти, информации, напредок, соживот, дијалог, разбирање, мора многу повеќе да вложуваат во каузите „за“, отколку борбата „против“. Некогаш можеби тоа е едно исто, меѓутоа секогаш кога зборуваме за против и зборуваме за справување, одбрана и борба, во суштина тоа е начин на дејствување кој што многу повеќе ја заплашува широка јавност, отколку што ја охрабрува широка јавност на едно проактивно и прогресивно дејствување, истакна Националниот координатор за стратегиски комуникации, Марјан Забрчанец, на панел дискусијата на ЦИВИЛ на тема „Автопатот со факти, одговорност и решителност наспроти беспаќето на опасните дезинформации“.

„Дезинформациите се поврзани со повеќе закани за националната безбедност и тие може да имаат ефект на дезорганизирање на властите, да делуваат негативно врз процесот на  донесување политичките одлуки, да создадат поделби и внатрешни судири во општеството, да создадат лажни очекувања и да ја намалат волјата на народот да пружи отпор на евентуален агресор. Дезинформациите честопати се испреплетени со теории на заговор и лажни научни наративи што го прави справување со истите комплексно прашање. Дополнително, интернетот и новите технологии како вештачката интелигенција и методи како користењето “тролови“ и “ботови“, овозможува дезинформациите да се шират глобално, брзо и со висок интензитет“, истакна потполковник Александар Илиев од Министерството за Одбрана  на панел дискусијата на ЦИВИЛ на тема „Автопатот со факти, одговорност и решителност наспроти беспаќето на опасните дезинформации“.

Има различни дефиниции за хибридни закани и хибридни напади, но тие вклучуваат не само дезинформации туку многу повеќе. Вклучуваат и пропаганда, шпионажа, саботажа и класични напади, можеби не вооружени напади со употреба на сила како на времето што било класична војна, но некакви форми на закани на агресија, класични да речеме, затоа е и терминот хибридна војна што имплицира дека се е измешано помеѓу класични дистинкции помеѓу војна и мир, меѓу цивили и не цивили, војници поранешно, структурите кои се инволвирани во превенирање и реагирање на овие закани, порано што безбедносните сили, војска и армија па денес гледаме се повеќе потреба од инволвираност на цивилни структури и  институции да соработуваат со класични безбедносни за да реагираат на овие хибридни војни. Проблемот со хибридни закани, хибридни напади, истиве дискусии се јавија пред десеттина години или повеќе, кога беа актуелни сајбер напади, денес со хибридни инкорпорирате сајбер напади ама се многу повеќе не само сајбер напади. Дискусиите се јавија дали сајбер напади и хибридни напади можат да активираат право на самоодбрана. Секако дека не можат да активираат и тоа е главната одлика на хибридни закани што одат под радарот, тие се по субверзивни во нивните функционирања и методи и штетата што ја прават за да може да се активира класично право на самоодбрана на државите. Сега државите остануваат со врзани раце како правно да дејствуваат, дозволено,  истакна доцентот при катедрата за меѓународно јавно право, д-р Љупчо Стојковски .

„Ние ќе продолжиме да работиме на проверката на факти, особено затоа што гледаме дека за тоа има многу интерес, и тоа пред се има интерес од социјалните мрежи. Социјалните мрежи се во една таква позиција што сакаат да ги тргнат дезинформациите од своите страници, и голема улога за тоа имаат хибридните закани, учеството на странски фактори, еве таа фамозна 2016 година кога тоа стана толку многу страшно, имаше една студија веднаш по изборите во 2016 година, каде што се покажа дека дваесетте најчитани вести со дезинформации, биле по читани од дваесетте најчитани кои биле вистинити. Во последниот месец пред изборите, во последните триесет дена пред изборите оние дваесет вести со лаги биле најчитани за разлика од оние дваесет вести кои биле вистинити! И тогаш се виде дека ѓаволот ја однел шегата. Исто, се појавија веб сајтови кои бараа независност на Тексас. Да, во Тексас секогаш имало некакви ставови и мислења уште од нивната граѓанска војна, Тексас да бил независен, арно ама сега одеднаш се појави многу организирано. Се појави високо професионален сајт кој беше поврзан со социјалните мрежи, но ако погледнете подлабоко, ќе видите дека јазичните грешки таму, одговараат многу на јазични грешки кои би ги направил некој чијшто матичен јазик му е словенскиот јазик. Потоа, ако видите кога се објавуваат содржините на тој вебсајт, ќе забележите дека деведесет отсто се постираат меѓу девет часот наутро, и пет часот попладне, значи во работно време, арно ама по московско време. Се појавија Фејсбук групи каде што се бараше независност на Калифорнија. Калифорнија била петта најголема економија на светот, и гледате дека работите одат таму каде што не треба“изјави уредникот на Вистиномер и Критинк, е-изданија на Фондацијата Метаморфозис, Владимир Петрески на панел дискусијата на ЦИВИЛ на тема „Автопатот со факти, одговорност и решителност наспроти беспаќето на опасните дезинформации“.

Ирена Крџиќ

Камера: Атанас Петровски

Реализација и монтажа: Ариан Мехмети

Фотографија: Игор Чадиновски

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ