• Latest

ЦИВИЛ 7: Битката против хибридните закани, декретот на Бајден и дипломатската МК-ЕУ агенда

June 21, 2021

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

ЦИВИЛ 7: Битката против хибридните закани, декретот на Бајден и дипломатската МК-ЕУ агенда

June 21, 2021 19:29
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Тема на минатата недела, за која ќе зборуваме во оваа издание на ЦИВИЛ 7, беа хибридните закани. ЦИВИЛ организираше панел дискусија разобличувајќи ги дезинформациите и говорот на омразата и нивното влијание за безбедноста и стабилноста на државата, како и за придонесот на институциите, но и на граѓанските организации и медиумите да се вклучат во заштитата од злонамерните дезинформации и хибридните закани. Oна со кое треба да располагаат сите чинтели се фактите одговорноста и решителноста.

Заклучокот од панелот, како што пишува и Џабир Дерала во еден од едиторијалите посветен на оваа тема „Црната пропаганда е таму каде што заслужува, во калливите ровови и темните подруми“ е дека нас треба да нè определуваат точните информации и вести за тоа што претставува секој од нас, што е суштината на настаните и процесите, што сме ние, а не што претставува нашиот одговор против црната пропаганда.

Хибридните закани, сајбер нападите, борбата против дезинформациите и лажните вести, не се новитет на нашето поднебје. Затоа во оваа издание на ЦИВИЛ 7 потсетивме и на нивното влијание и колку членството во НАТО придонесува кон поуспешно справување со хибридната војна.

Нови перспективи се очекуваат и од долгоочекуваните преговори за членство во ЕУ. Спорот со Бугарија мора да се реши, а минатонеделната дипломатска офанзива пред самитот на ЕУ што ќе се одржи на 22 јуни, само ја засили желбата што поскоро да се навлезе во преговарачките рамки. Посетата на премиерот Зоран Заев, на Самитот на Западен Балкан што се одржа во Австрија и средбата со австрискиот канцелар Себастијан Курц, беше можност да се упати пораката дека  иднината на Западен Балкан е во ЕУ, како што иднината на Европа е со Западен Балкан. А тоа е возможно и со приклучување на Северна Македонија кон европското семејство.

За крај одѕивот на Извршната одредба на американскиот претседател Џо Бајден не стивна ниту минатата недела. Но уште поважна беше неговата средба со премиерот Зоран Заев, на маргините на Самитот со НАТО, како и она што ќе следува по неговата средба со рускиот претседател Владимир Путин. На крајот, поставеноста и односите меѓу САД и Русија, дополнително влијаат и на балканските политики, руското влијание, конкретно во нашата земја, како и безбедноста во контекст на хибридните закани, дезинформациите и лажните вести, на македонско тло.

Биљана Јордановска

камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ