• Latest
Photo by Jonathan Velasquez on Unsplash

Изјави на денот: Дерала, Филипче, Царовска, Линде, Османи, Пендаровски…

June 22, 2021

ДИК ја достави одлуката за поништување на листата на Движењето за национално единство на Турците – партијата бара оставки и одложување на изборите

October 18, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК ја поништи кандидатската листа за советници за Град Скопје на ДНЕТ, гласовите ќе се сметаат за неважечки

October 18, 2025
Фото: МВР

Претрес во село Согле, општина Чашка поради сомнение за сторено кривично дело „поткуп при избори“

October 18, 2025

Селими: Владата ги урива двата столба на државата – меѓуетничките односи и европската интеграција, со што ја доведува во прашање самата демократија

October 18, 2025

Жител на Ваташа приведен поради уништување плакати на политичка партија на кавадаречко подрачје

October 18, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК: Исправена е печатната грешка, гласањето на болните во Општина Ново Село се одвива непречено

October 18, 2025
Фотографија: ВИ

За локалните избори се акредитирани 1451 набљудувач – 807 домашни и 644 странски

October 18, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

October 18, 2025

Андонов: За да се заштити демократијата, потребна е демократизација на партиите и политичките структури

October 18, 2025
Креирано со помош на ВИ

„Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

October 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Изјави на денот: Дерала, Филипче, Царовска, Линде, Османи, Пендаровски…

June 22, 2021 19:00
in ДНЕВНИК, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Photo by Jonathan Velasquez on Unsplash

Photo by Jonathan Velasquez on Unsplash

Share on FacebookShare on Twitter

Од денешните изјави издвојуваме: Дерала за интересот на изборните набљудувачи, Филипче за поддршката од Кина, Царовска за набавката на учебници, Линде за шведската поддршка на евроинтеграцијата на Северна Македонија, Османи за бугарското вето, Пендаровски за алтернативи со спорот со Бугарија.

Дерала за Утрински брифинг: Голем е интересот за изборни набљудувачи на ЦИВИЛ

„Политичките партии излегоа од сенката и веќе многу сериозни и големи активности спроведуваат и на терен и во медиумите, па така и ние го засиливме мониторингот. Нашиот долгорочен мониторинг трае, но што се однесува до краткорочното набљудување, набљудувачите кои што ќе го набљудуваат самото гласање, ние ќе ги подготвиме уште од сега. Тоа подразбира 300 предвидени набљудувачи, во првата фаза 150. Секој граѓанин или граѓанка со наполнети 18 години и македонско државјанство има право да се пријави. Во селектирањето на кандидатите се обрнува внимание на искуството, образовниот формат на луѓето, но забрането е да се вклучат лица кои се активно вклучени во политичка кампања и се членови на партиски функции“, изјави во Утрински брифинг првиот човек на ЦИВИЛ, Џабир Дерала.

Филипче: Поддршката од Кина и кинескиот народ е од огромна важност за здравствениот систем

„Сакам да изразам благодарност за поддршката од Кинеската Амбасада и амбасадорот Џанг Ѕуо за неговите заложби во целокупниот изминат период. Поддршката од Народна Република Кина е од огромна важност за здравствениот систем. Во текот на месец март и април оваа година Кинеската Амбасада донираше на Министерството за здравство на Република Северна Македонија медицинска опрема за третман на пациенти заболени од Ковид-19 вирусот во износ од 38.500 Евра. Оваа опрема беше соодветно распределена низ ковид центрите каде што беше најпотребна за третман на заболените пациенти. Дополнително, во текот на февруари 2021 година Црвениот Крст на Кина донираше на Министерството за здравство финансиски средства во износ од 100.000,00 долари за набавка на лекот фавипиравир. Во текот на изминатата година Кинеската Амбасада донираше на Министерството за здравство финансиски средства во износ од 30.000 Евра и лична заштитна опрема како заштитни хируршки маски, Н95 маски, скафандери, каљачи, ковид тестови итн “ потенцираше министерот Филипче во денешната изјава за медиуми.

Царовска: Истражни органи треба да утврдат како се правеле набавките на учебници

„Оваа година многу транспарентно се обидовме да ги собереме сите потребни податоци на кој начин од 2014 до денес се откупувале учебниците и каков квалитет на учебници имаме. Ова го направивме во насока на транспарентно добивање информации потребни за МОН и за граѓаните, а компаниите кои се јавија на јавна набавка се најдоа затечени. Не сакаа да ги дадат податоците коишто ги баравме, затоа формиравме Комисија којашто министерот има право да ја формира за да се добијат потребните податоци. Од 2014 ги отворивме сите записници, сите одобренија за употреба на учебници, како се воделе постапките. Комисијата има детални записници, наоди и заклучоци и препорачува бидејќи ние не сме истражен орган, тие записници да се предадат на надлежните истражни органи и да се види како е дојдено до тие одобренија за употреба на учебници“, рече Царовска.

Линде: Шведска силно ја поддржува евроинтеграцијата на Северна Македонија и реформската агенда на земјата

„ОБСЕ останува да го поддржува силното партнерство, развиено од пред 30 години. Со оглед на заложбата на Северна Македонија за зачленување во ЕУ, секако и ова беше тема на денешниот разговор. За мене како претседавач на ОБСЕ, важно е да видам дека се спроведуваат заложбите на ОБСЕ. Во разговорите со министерот Османи, изразив пофални зборови за напорите за реформи од страна на Владата и подвлеков дека институциите на ОБСЕ се тука да дадат поддршка за овие реформи, особено во области, каде може да се направи синергија од напори“, изјави Линде.

Османи: Само претседателот Радев има политички мандат да го повлече ветото

„Тоа не е прашање дали сум јас оптимист или не, туку е прашање на констатација на Европската комисија, на сите 26 земји членки. Еве денеска пред вас и министерката за надворешни работи на Шведска рече дека Северна Македонија треба да ги почне преговорите. Оттука, ова е прашање на ЕУ што понатаму со процесот, но имајќи предвид дека тоа е во стратешки интерес и на Бугарија дека сепак ќе се рефлектира и ќе се даде тоа зелено светло на 24 и на 25 јуни,“ посочи Османи.

Пендаровски: Ако продолжи спорот со Бугарија, мора да бараме алтернативи

„Во услови кога проширувањето на ЕУ де-факто е замрзнато имаме две опции, да ја донесеме Европа дома и второ, според мене треба наскоро да почнеме да го враќаме во живот договорот за стратешко партнерство со САД од 2008-мата година. Ова не значи откажување од европските интеграции, напротив. Но, ако продолжи спорот со Бугарија, мора да бараме алтернативи,“ додаде претседателот Пендаровски.

Ирена Крџиќ

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    163 shares
    Share 65 Tweet 41
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ