• Latest

Коцевски: Различноста е богатство и предност, а не хендикеп и проблем

June 24, 2021

Убиства пред полициска станица, во кафич, дома пред детето наспроти благодарницата на Тошковски

May 12, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

May 12, 2025
Фото: Скриншот од Viory video

Над 80 сандаци со нацистички материјали пронајдени во подрумот на највисокиот аргентински суд

May 12, 2025

Новиот папа повика на ослободување на новинарите кои моментално се во затвори низ целиот свет

May 12, 2025
Фото: Скриншот од вифро нс НБЦ

Хамас најави ослободување на Едан Александар, последниот познат жив израелско-американски заложник во Газа

May 12, 2025

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (РЕАКЦИИ): Граѓаните порачуваат – Одете си, не ве бива; Да се „симнат од облаците“ за да ја видат сиромаштијата; Во Скандинавија не се пука како кај нас…

May 12, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

САД и Кина постигнаа договор за намалување на царините за 115%

May 12, 2025
СРЕДЕНО Таравари и Мицковски како добри сојузници и со холивудски амбиции

Таравари и Мицкоски најавија „сиктер кафе“ од владината коалиција ама уште не го испиле

May 12, 2025
Фото: Скриншот од видео од профилот на Доналд Туск на Х

Туск ја обвини Москва дека го наредила палењето на трговскиот центар во Варшава во 2024 година, Полска го затвори рускиот конзулат во Краков

May 12, 2025
Газа (фото извор: Wikimedia)

Најмалку десет жртви, меѓу кои жени и деца во израелски напад врз училиште во Газа

May 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Коцевски: Различноста е богатство и предност, а не хендикеп и проблем

June 24, 2021 15:37
in ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ, МУЛТИКУЛТУРА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Европските вредности, мултикултурализмот, но и Стратегијата „Едно општество за сите“ имаат своја улога и на локално ниво, чие влијание придонесува за развој и просперитет на целото општество, демократијата, економијата и односот меѓу заедниците во целата држава. Токму за локалните политики, граѓанското учество и придонесот на локалната самоуправа во Општина Велес кон европските перспективи, за борбата со хибридните закани, ЦИВИЛ разговараше со градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски.

ЦИВИЛ Медиа: Колку се придонесува од сите општествени чинители во промоција на европските вредности и мултикултурализмот?

Коцевски: Европските вредности се многу важни, не затоа што тоа го бара од нас Европската унија и претходно НАТО пред да се зачлениме во евроатланските интеграции, и сега во пресрет на почеток на преговорите, туку се важни пред се заради нас да направиме нашето општество да биде стабилно, демократски уредено, модерно, развиено… Секој во доменот на неговите надлежности или во доменот на неговите активности зависи кој од која позиција се наоаѓа е должен да прави максимум за прифаќање и споделување на европските вредности во нашето секојдневно живеење, како стил на однесување, како вистинска вредност.

Впрочем, најголем дел од европските вредности се прифатени во нашата земја уште од донесување на Уставот на Републиката и тоа се еден вид вредности на уставниот поредок, но секогаш треба да се работи на нивна операционализација и нивно оживотворување за граѓаните да ги почувствуваат бенефитите од демократско и недискриминирачко општество во секој поглед.

Велес како мултиетничка општина во која доминантно живеат припадници на македонската етничка заедница, но во оваа општина живеат соодветен процент на бошњачката, албанската, турската, ромската заедница и останатите заедници, гради посебен однос кон прифаќање на мултикултурализмот и градење на посебни односи за негување на културата, традициите, обичаите, јазикот на сите заедници и тоа ни е особено важно и се обидуваме тогаш кога е пригодно во секојдневното дејствување, особено кога се големите празници на помалите етнички заедници на соодветен начин да се вклучиме, да ги поддржиме во организирањето на нивните активности кои се многу важни пред се за нивното чувство, односно да се чувствуваат како рамноправни граѓани во нашата заедница затоа што сите ние се раѓаме како едноставни човечки суштества и треба да ги третираме сите луѓе како еднакви меѓу себе. Може ние да се разликуваме според својата боја на кожа, етничка и верска припадност, социјална или полова припадност, но пред се ние сме луѓе и затоа ни е важен секој припадник на заедницата и присуството во заедницата на припадници на различни етнички заедници секогаш треба да се смета како богатство, како предност а не како хендикеп или евентуален проблем во секојдневното дејствување.

ЦИВИЛ Медиа: Каква е соработката меѓу локалната власт, граѓанските здруженија, медиумите и граѓанките и граѓаните за активно учество и заемно вклучување во носење на одлуки на локално ниво?

Коцевски: Велес со години наназад е една од најтранспарентните општини во нашата земја и прва општина која воведе демократски практики на донесување на најважните документи кои ги носи Советот на Општината во предлог на Градоначалникот, иако тоа не е законска обврска на демократски начин преку правење на јавни настани кои сега модерно се нарекуваат – форуми на заедниците, но тоа е една голема придобивка и ние не отстапуваме. На пример буџетот на Општината и програмите, иако не е законска обврска сепак ги носиме во две фази, прво во нацрт верзија па правиме јавни расправи и дебати за да ги слушнеме размислувањата на сите засегнати страни, без оглед дали се работи за граѓанките и граѓаните кои живеат во урбаните и месните заедници, или за тие кои се организирани преку граѓански организации, во спортски клубови, културно-уметнички друштва, во институциите, во областа на културата, образованието и здравството и тоа се покажа како многу добра пракса. Првпат го почнавме многу одамна кога првпат бев градоначалник после 2000 година, со поддршка од Фондацијата Отворено општество Македонија и мило ми е тоа што како пракса го презедоа и други општини во нашата земја.

Тоа е вистинскиот пат, ние мора да создадеме услови да ја демократизираме власта, не само во носењето на одлуки да создадеме услови да учествуваат што повеќе граѓанки и граѓани, туку тие да учествуваат и во контролата на практикувањето на власта од страна на градоначалникот и советниците кога зборуваме за локално ниво. Граѓанките и граѓаните како даночни обврзници имаат право секогаш и во секое време да знаат каде, колку, како и за што се трошат нивните пари како пари на даночни обврзници кои се слеваат во буџетот на општината. Ние ја имаме добиено довербата во нивно име да ја раководиме општината во тој 4 годишен мандат.

Велес беше многу познат и по силен ангажман на граѓанските организации во битката за здрава животна средина пред повеќе од 15 години, кога на моја иницијатива ја формиравме т.н. „Зелена коалиција“ водејќи ја битката против топилницата во партнерство со најсилните граѓански организации со еколошки предзнак и тие што се грижат за здраво поколение. Тоа беше многу голема битка која успеавме да ја добиеме и имам чувство дека граѓанските организации тогаш го доживеале врвот, пикот и после тоа дојде до некое олабавување или спласнување на активностите.

Слично нешто се случува и во информирањето на локалните средства за јавно информирање. Порано беше се поинаку кога не беше толку големо влијанието на социјалните мрежи во нашите животи. Во меѓувреме згасна и единствената во тоа време локална  радиостаница „Радио Велес“, има две локални телевизии кои за жал немаат информативна програма. Приликите се многу изменети, но тој простор на некој начин го преземаа порталите и социјалните мрежи и се направи некоја компензација во начинот на известувањето на граѓаните што ќе се случува во општината. Но, како и да е, сите ние без оглед дали се наоѓаме на кекои позиции, или сме припадници на граѓански организации, сме членови на Советот, или извршуваме други работни задачи, сме должни да работиме на европските вредности и негување на основните принципи на мултикултурализмот како темелна основа за добра иднина на нашата заедница.

ЦИВИЛ Медиа: Колку на локално ниво се спроведува Стратегијата „едно општество за сите“, особено во делот наменет за Локалната самоуправа?

Коцевски: Ако зборуваме од аспект на локалната самоуправа ние се обидуваме да не ги делиме граѓаните по ниеден основ, ја градиме општината да биде „мајка за сите“, а не „за едни мајка за други маќеа“, да ги трошиме средствата и да ги планираме проектите и активностите според тоа каде е најпотребно да се вложат средства, кои се најприоритетните проблеми на граѓаните боз оглед на нивната етничка или верска припадност.

Без оглед на критиките на кои наидуваме, јас тоа ќе го илустрирам со неколку примери, во последните 2-3 години најголемите капитални инвестиции во општина Велес со поддршка од централната власт се случија во населени места каде што живеат припадници на албанската и бошњачката етничка заедница. Имаше одредени критики и коментари, прво за тоашто тие што живеат во градот тие капитални инвестиции не ги доживуваат како инвестиции за нив затоа што не ја користат таа инфраструктура, не ги доживуваат како зафати кои успешно ги реализирала Општината, градоначалникот и Советот, меѓутоа јас упорно опстојувам на ставот дека кога ќе ги гледаме по приоритет работите, тогаш поважно е да однесеме водовод во некое селско место, или да направиме асфалтен пат бидејќи кој е од голема важност, отколку друга инфраструктура која треба да се направи во централното градско подрачје. И тие луѓе што живеат во руралните места заслужуваат да имаат чиста и здрава вода за пиење и да имаат асфалтен пат по кој слободно ќе може да стигнат до своето место на живеење.

ЦИВИЛ Медиа: Дали и на кој начин работи Локалната комисија за односи меѓу заедниците?

Коцевски: Кога се донесе Законот за локална самоуправа во Законот се востанови да има и после тоа добивме инструкции во статутите на општините да се основаат Комисии за односи меѓу  заедниците со задолжителна обврска тоа задолжително да се стори во општините каде што повеќе од 20 проценти живеат припадници на немнозинските етнички заедници. За другите општини не беше задолжително, така што во општина Велес иако не е формирана и не постои таква Комисија за односи меѓу заедниците, сепак ние негуваме добри односи помеѓу заедниците без оглед на тоа што формално правно не постои таква Комисија.

ЦИВИЛ Медиа: Дали некогаш Општината била подложна на сајбер напади или хибридни закани?

Коцевски: Точно не знам како да го дефинираме тоа, но би кажал дека говорот на омраза е широко распространет, не сме имале вистински хакерски напади во смисла некој да ни ја сруши вебстраната на Општината, со исклучок на проблемите кои се случуваа во текот на изборната кампања која јас како кандидат за градоначалник бев изложен на жестоки напади со говор на омраза од вработени во општинската администрација кои беа лоцирани и им беа одземени лаптопите и мобилните телефони, но бидејќи има мал број на вработени во таа служба во Министерството за внатрешни работи во централата во Скопје, сè уште не е направено вештачење на запленетите апарати, телефонски уреди и лаптоп. Тој службеник сè уште е вработен во општинската администрација. Сум бил изложен во неколку наврати на жестоки напади, бидејќи имаше и закани по живот го пријавувавме тоа во службите во МВР, правев консултации со Јавното обвинителство, но за среќа не се случиле некои конкретни закани по мојата лична безбедност освен што тоа заврши на вербален начин. Но, имам чувство дека политичките партии во недостиг на идеи како вистински да се спротивстават на активностите и да парираат со алтернативни визии, проекти и идеи за да го привлечат вниманието на гласачите, тие се обидуваат со девалвирање на тоа што се работи, со недолични изрази, на омаловажување, со говор на омраза, навреди, закани и уцени тоа да го прават оркестрирано на социјалните мрежи. Честопати нашите објави на социјалните мрежи на општинската вебстраница се изложени на таков инструментиран напад. Велес всушност е познат и по тие работи во светски рамки, не само на локално ниво и во ниво на државата, но се обидуваме да одолееме. Јас мислам дека граѓанките и граѓаните на Велес имаат висока политичка култура и можат да проценат што е вистина, а што не е вистина. Засега можам да кажам дека успеваме да се справиме со тие закани.

На крај, ја користам приликата да ви честитам за одличниот проект на тоа што работите на промовирање на европските вредности и се додека сум градоначалник до максимум ќе се вклучам во нивното промовирање. Се надевам дека тоа ќе биде случај и во следниот мандат, бидејќи мислам дека тоа е многу важно и дека тоа е иднината за изградба на една вистинска, демократска држава или едно вистинско граѓанско општество во кое сите граѓани нашата земја ќе ја чувствуваат како своја татковина, без оглед дали тоа се Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Бошњаци, Срби итн., дали се православни, муслимани, без оглед дали се машки или женски, без разлика каква е нивната сексуална определба или социјалната структура, сите ние имаме право на живот и должни сме заедно да ја градиме нашата земја да биде убаво и пристојно место за живеење.

Дехран Муратов

камера и фотографија: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ