• Latest

СЛОБОДНА ЗОНА: Јордановска, Дерала…

June 25, 2021

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мирни локални избори засенети од висока политичка поларизација, висок број неважечки ливчиња, прекршување на молкот и говор на омраза

October 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Приливот на храна во Газа е сè уште далеку под целите, посочуваат од Светската програма за храна

October 21, 2025

Според меѓународните набљудувачи, локалните избори беа засенети од правни недостатоци, ограничени институционални капацитети и висока политичка поларизација

October 21, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Владата наложи вонредна инспекција во Град Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ поради кризата со отпадот

October 21, 2025

Европскиот парламент со резолуција за Србија: Растечка репресија, кинеско влијание и најголеми демонстрации во последните децении

October 21, 2025

Македонски туристи во Кина принудени да го тргнат македонското државно знаме

October 21, 2025
Скриншот од видео на FRANCE 24 English

Саркози започна со отслужување на петгодишната затворска казна

October 21, 2025
Фото: ВИ

Прекршување на изборниот молк, лажни вести и говор на омраза

October 21, 2025
Скриншот од видео на The Hill

(ВИДЕО) Трамп до австралискиот амбасадор: И јас не те сакам и веројатно никогаш нема да те сакам

October 21, 2025
Моментот кога Санае Такаичи ќе победи на Долниот дом на Јапонија. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Санае Такаичи стана првата жена премиер на Јапонија

October 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

СЛОБОДНА ЗОНА: Јордановска, Дерала…

June 25, 2021 21:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Слободна зона денеска со Џабир Дерала и Биљана Јордановска:

„Имено, диктатурата ги ослободува луѓето од неколку тешки граѓански обврски, на пример, да учествуваат во носењето на одлуките. Автократот има своја мрежа на послушни и ефикасни апаратчици кои го одржуваат системот како што ќе им каже владетелот. Луѓето се ослободени и од тешкото бреме на критиката, не мора да ги следат јавните финансии, не се заморуваат со реформи, ревизии, транспарентност, одговорност… Проклетството на знаењето и на свеста се заменува со една бескрајна благотелешка одземеност, со блаженство. Замислете сите да почнат да размислуваат со своја глава. Хаос!

И реформите… Зошто некој би правел реформи? Чувството на непроменливост на состојбите е незаменливо. Наместо реформи, автократијата нуди прецизна и добро разработена машинерија во која послушните се повластени, а сите останати се непријатели. Јасно како ден. Што има подобро од тоа?“, пишува Џабир Дерала во колумната „Диктатурата ослободува!“.

„Министерството за правда на почетокот на 2021 започна со работа на измените во Изборниот законик. За таа цел се формираше работна група во која учествуваа претставници на граѓанските организации, меѓу кои и ЦИВИЛ, Државната изборна комисија, Антикорупциската комисија, Државниот завод за ревизија, политичките партии и експерти што согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР, но и на сите релевантни чинители работеа на конкретни измени по членови и ставови во самиот законик…

И овие јавни настани на ЦИВИЛ беа добра подлога и одлична можност да се постават на едно место основите врз кои ќе се надоградува изборниот систем, кои лекции се научени, а за кои допрва ќе се кршат копјата, пред сѐ, меѓу политичките партии. Иако главната поента на сите говорници е дека граѓаните треба да бидат во фокусот на секоја измена што се прави во процесот на изборните реформи, сепак, и понатаму останува само дијалогот меѓу политичките партии и консензусот кој тие треба да го постигнат и врз чија основа ќе се одлучува како ќе се спроведуваат изборните процеси.

Институционално и на ниво на политички партии се нагласува отвореноста за соработка, добро завршената работа во одредени сегменти во измените на Изборниот законик и преговорите за измени во изборниот модел. Од друга страна, видливо е и незадоволството на невладиниот сектор и експертите кои ја истакнаа потребата од нов Изборен законик“, пишува Биљана Јордановска во анализата „Изборни реформи, измени и препораки: Меѓу политичките и граѓанските интереси“.

Дехран Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    180 shares
    Share 72 Tweet 45
  • Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    164 shares
    Share 66 Tweet 41
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ