• Latest

Дисоска: Невладиниот сектор мора да се класифицира, да се направи катастар со стриктна поделба на улогите на невладиниот сектор

June 29, 2021
Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

ОДГОВОР БЕЗ ОДГОВОР: Кабинетот на Сиљановска-Давкова избегнува да одговори конкретно на прашања за шпионската афера, кабинетот на премиерот и понатаму молчи

June 16, 2026

Андонов прв ја отвори можноста за референдум за уставните измени

June 16, 2026

Граѓански форум: Длабока недоверба кон политичките партии

June 16, 2026
Илустрација ВИ

Мировниот договор меѓу САД и Иран ја намали цената на нафтата, но неизвесноста останува

June 15, 2026
Фотографија: Платфрома Х, Н..Е. Лариса Дир, амбасадорка на Украина во Северна Македонија

Нови жестоки напади врз Украина: Загинати и повредени во Кијив, оштетена Кијево-Печерската лавра и уништено студиото „Довженко“

June 15, 2026
Скопски безбедносен форум 2026(Фотографија: ЦИВИЛ Медиа)

Безбедносен форум Скопје 2026: Западен Балкан како архитект на стабилноста во новата безбедносна реалност

June 15, 2026

(РАЗОТКРИВАЊЕ) Дезинформациите за „био-лабораториите“ во Украина: Како се шири лагата во САД

June 15, 2026

Постојаното враќање на лагата за „био-лабораториите“: Како Русија ја рециклира дезинформацијата за да ја изобличи реалноста

June 14, 2026
Марјан Забрчанец (фото: ЦИВИЛ)

Забрчанец: Транспарентноста не носи гласови на избори, но испорачува европски стандарди и подобри услуги за граѓаните

June 14, 2026

Слово за идентитетот

June 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Дисоска: Невладиниот сектор мора да се класифицира, да се направи катастар со стриктна поделба на улогите на невладиниот сектор

June 29, 2021 12:30
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

„Каква е улогата на граѓанските организации во општествено-политичките процеси?“. Најчесто погрешна бидејки е сфатена од опгрешна гледна точка! Улогата на Граѓанските организации е да бидат коректор на владата и да ги носат на прав пат општествено – политичките процеси и никако не треба да е водена од идеата да влезе во влада, тоа дефинитивно е погрешно поставен граѓански сектор!“, истакна Валентина Дисоска, претседателка на Здружение на бизнис жени.

„Каков е нивниот удел во политичките и општествените процеси, дали граѓаните ги доживуваат како „фолиранти“ или „прогресивци“.

-Мојот бекграунд  е претприемачки, јас доаѓам пред се од приватнот сектор и ова прашање во приватниот сектор не може да се постави. Зошто? Затоа што во приватниот сектор не може да се просперира со фолирантство, таму веднаш се познава кој знае да ја заврши својата работа а кој е фолирант. И во приватниот сектор има прогресивци, тоа се тие кои не носат напред во развојот, и тука исто така нема многу можности за манипулација , зошто? Затоа што ако продуктот не е добар нема да помине на пазарот и тука одлучува купувачот кој што е сурово искрен, вели Дисоска.

-Извинете, но епитетот фолиранти не е даден напразно, велат таму каде што има чад мора да има и оган. Дали вие овде знаете, познавате, сте се сретнале со организации и поединци кои се фолираат во невладиниот сектор и притоа ве ставиле во незгодна ситуација затоа што биле фолиранти? Мене ми се случило, сме имале партнерска организација фолирантска, во која за да не се случи фијаско сме морале да ги одработиме и нивните активности, па дури и извештајот да им го напишеме, и сето тоа зошто? За да не ни пропадне проектот. Што е најтрагично фолирантите сеуште фолираат и постојат, секако мене веќе нема никогаш да ми бидат партнери, но секако ке најдат други на кои лажно ке им се претстават.

И сега сакам да говорам уште за нешто, за професионалността, препознатливостта, градењето имиџ, бренд од организацијата, градењето на капацитетот на кадарот кој работи во организациите! Секоја чест на организациите кои нудат бесплатна едукација на кадарот во невладин сектор, тоа и ние многу често го правиме, но, јас сметам дека тоа е многу погрешен пристап! Секое знаење треба да се плати, секоја обука треба да биде по пазарни цени, затоа што само тогаш оние кои што присуствуваат на обуки, тренинзи ке бидат сериозни во својата доедукација. Знаењето чини, и е тотално погрешен пристапот на бесплатна едукација, која пак не е ниту сертифицирана, ниту пак има проверка на знаењето!

Е , ова последното е страшно, погрешно или половично едуциран кадар прави поголема штета отколку добро!, посочува Дисоска.

-И на крај да заршам, моите 5 минути ќе привршат, ќе прашам, колку од организациите овде имаат точно определени мисија, визија, цели на организацијата кои се стриктно определени, со одредена кауза, за која се залагаат?

Невладиниот сектор мора да се класифицира, да се направи катастар со стриктна поделба на улогите на невладиниот сектор, затоа што не може една организација со еден ист кадар да работи и екологија и економија, па малце човекови права, па малце аграр, женски права… Затоа што кога ке споите делумно едуциран кадар со организации кои работат од се по малце, бидејки нивната кауза е широка и тие работат на секое поле, е токму тогаш се добива епитет на “Фолоранти”.

Исто така треба да се направи катастар на донатори, проекти, активности и се што се работи в невадиниот сектор. Ке имаме многу голема полза ние како невладин сектор, ке знаеме кој донатор за што поддржува, кој проект што постигнал, која организација што постигнала со проектите и во своето работење и секако ке се избегне синдромот на “Земјата бешевжештена лава”, синдром кој се повторува и повторува и секоја една организација која ке реши да работи на одредено поле почнува како пред неа да не постоело ништо, од почеток и пак од почеток и така натаму. Не се следи раст и развој, нема проекции за одење напред, …

Е кога сето ова ке го направиме, кога ќе имаме информации кои се апдејтирани, ќе следиме што се работи, тек тогаш ќе знаеме за невладиниот сектор неговиот придонес и ефективност во политичките и општествените процеси… бидејки без податоци не можеме да креираме ниту политики ниту пак општествени процеси!

И на крај, бидејки немам доволно информации за работењето на останатите организации, јас можам да кажам за Здружението на бизнис жени,  за постигнувањата во политичките и општествените процеси. После 10 години работа, постигнавме да бидеме препознаени,  жените претприемачки, нашата целна група станува се повеќе свесна за нашите заложби како и за плодовите од нашата работа. Бенефициите, условите за кои  сме се избориле, и сеуште се бориме се релевантни за нашата таргет група. Препознавањето од институциите, како релевантен фактор за креирање политики во сферата на женското претприемништво, донесената Стратегија за развој на женското претприемништво од страна на Владата, тоа ни дава легитимитет и јасна слика дека сме навистинскиот пат!

И уште нешто, ја градиме Националната Платформа за развој на женско претприемништво затоа што сме свесни дека сме посилни кога сме поддржани од повеќе организации. Ве поканувам да бидете дел од Платформата за женско претприемништво, за да постигнеме поголеми резултати во креирањет на услови за раст и развој на женското претприемништво, заклучи Дисоска.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ