• Latest

ЦИВИЛ објави одговори на најчесто поставуваните прашања за изборните набљудувачи

July 5, 2021

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 21 септември

August 22, 2026

ТЕЦ Неготино произведуваше струја, државата штедеше, а случајот стана „криминал“: Како дојде до случајот „Мазут“?

August 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Пензија: морков кој никогаш не си го видел, на стап со кој те тепаат цел живот

August 22, 2026

КОМУ ИДЕ: ВМРО-ДПМНЕ не сака, но нуди предвремени избори, ДУИ ги бара веднаш, СДСМ не сака да биде „алиби“, а ВЛЕН возврати со напад на ДУИ

August 21, 2026

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Косово и „двојните стандарди“: Што доби Вучиќ од посетата на Зеленски

August 20, 2026

Опозицијата го даде одговорот, подготвени сме: ДУИ бара итни избори по изјавата на Мицкоски

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026

Дир: ПВО е потребна не „после“, туку пред следниот напад; бројот на убиени цивили расте

August 20, 2026
СУДИР СО РЕАЛНОСТА | Власта се пофали пак, животот остана скап
(илустрација: ChatGPT по концепт на ЦИВИЛ МЕДИА)

На која планета живее власта?

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026 (фото: ДСНС)

Руски терор врз Кијив: Најмалку 12 загинати во масовен ноќен напад со балистички ракети и дронови, оштетена и детска болница

August 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ЦИВИЛ објави одговори на најчесто поставуваните прашања за изборните набљудувачи

July 5, 2021 14:35
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ИЗБОРИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ објави одговори на најчесто поставуваните прашања од заинтересираните да аплицираат за позиција на краткорочни изборни набљудувачи на ЦИВИЛ. Како што е познато, во тек е Повик за аплицирање за изборни набљудувачи на локалните избори 2021, со краен рок за аплицирање до 10 јули. Меѓу заинтересираните што аплицираат во оваа фаза ќе се изберат и четворица долгорочни набљудувачи. Ова се одговорите на досега најчесто поставуваните прашања што ги одговорија членовите на Координативниот тим на ЦИВИЛ:

На кој начин можеме да се пријавиме за изборни набљудувачи на ЦИВИЛ?

Пријавувањето е онлајн, преку ЛИНК ДО АПЛИКАЦИЈА.

Кој има право да се пријави на повикот за изборни набљудувачи на ЦИВИЛ?

Сите полнолетни граѓанки и граѓани на Република Северна Македонија имаат право да бидат изборни набљудувачи на ЦИВИЛ, со исклучок на претходно активно вклучени лица во изборниот процес. Членови на тимови на меѓународни или домашни набљудувачки мисии, партиски функционери и активисти вклучени во изборната кампања, кандидати на изборите и членови на телата на Државната изборна комисија (членови на ДИК, ОИК, избирачки одбори и слично) немаат право на учество на овој повик.

Кога е крајниот рок за пријавување за набљудувачи на локалните избори?

Крајниот рок за пријавување е 10 јули, на полноќ. Најдобро е да се пријавите најдоцна до истекот на овој рок. Во секој случај, ЦИВИЛ постојано работи на зголемување на бројот на набљудувачи, така што можен е и нов рок, но тоа не е сигурно. Затоа, пријавете се побрзо.

Кога ќе се одржат семинарите за обука на изборните набљудувачи?

Набрзо по селекцијата на набљудувачи, ќе се одржат и семинари за обука на набљудувачите. Кандидат(к)ите се повикани да бидат подготвени за посета на семинар за обука во втората половина на јули.

Јас ќе бидам на годишен одмор во втората половина на јули. Дали ќе има и друг термин за обука?

Веројатно ќе има термин за обука и кон крајот на септември или почетокот на октомври, но тоа ќе биде обука на која не ќе можете да се пријавите за долгорочно набљудување. Затоа, пожелно е да се пријавите за обука во втората половина на јули. Ако сте на годишен одмор во тој период, чекајте го терминот во септември.

Јас бев набљудувач на изборите на ЦИВИЛ на претходните, предвремени парламентарни избори? Дали треба да посетувам обука?

Да. Обуките се задолжителни за сите избрани набљудувачи, без оглед на тоа дали биле набљудувачи на ЦИВИЛ и во некој од претходните изборни циклуси, дури и да се работело за претходни локални избори. Постојано има измени во изборната легислатива, но и унапредување на методологиите на ЦИВИЛ. Уште една причина за учество е и податокот дека на обуките ќе бидат потпишани и договорите за ангажман, како и познатата Повелба на набљудувачите на ЦИВИЛ, со која се обврзуваат на мобилност, посветеност и непристрасност.

Колку време трае ангажманот на краткорочните набљудувачи?

Краткорочните набљудувачи се активираат на почетокот на изборниот молк, но главните активности се на денот на гласањето. Од нив може да се побара да бидат активни и еден ден по гласањето.

Дали секој од набљудувачите ќе добие едно избирачко место за набљудување?

Не. Сите набљудувачи на ЦИВИЛ се мобилни, односно дека секој набљудувач има обврска да покрие во просек десет избирачки места.

Дали ангажманот се плаќа?

Хонорарите за изборните набљудувачи на изборниот молк и денот на гласањето изнесува до 70 евра (бруто), додека долгорочните набљудувачи ќе потпишат договори во износ од 200 евра. Зависно од квалитетот на извршените задачи, овие износи може да бидат намалени или зголемени.

Кога почнува ангажманот на долгорочните набљудувачи?

Во втората половина на август. Во тој период, новите долгорочни набљудувачи му се приклучуваат на Мониторинг тимот на ЦИВИЛ кој е активен во текот на целата година.

Кој одлучува по апликациите?

Апликациите ги разгледува тричлена комисија на ЦИВИЛ.

Дали податоците што ги внесуваме во апликацијата се јавни?

Не. Тие се чуваат во најстрога тајност.

Јас немам компјутер, како да аплицирам?

Аплицирањето е лесно. Тоа можете да го направите и од мобилен телефон. Пополнувањето на апликацијата трае најмногу 10 минути.

Имам неколку прашања за вас. Како да ве контактирам?

Доколку имате прашање, не се двоумете да се јавите на 02 / 520 91 76, секој ден од 9 до 17 часот или напишете порака на нашата ФБ страница или мејл: civil@civil.org.mk.

ЦИВИЛ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ