-Тоа се тие кои со години и децении се присутни. Почнало уште од 90тите со плурализацијата, кога се забележило дека главните критичари на политичките елити се граѓаните. Тогаш почнал делот со парите, бидејќи кај нас општеството било такво, што уште немало групи кои се бореле за себе. Кога имало проневери на пари, тоа било искористено за да створат генерална слика дека граѓанските организации се перални на пари, иако, ние сме можеби најтранспарентните организации што постојат во државата. Никои други немаат толку финансиски извештаи. И покрај транспарентноста, не може да се избрише таа слика која постои кај граѓанските организации, изјави Кочо Андоновски од ЛГБТИ центарот при Хелсиншкиот комитет на дебатата на ЦИВИЛ „Црната пропаганда против граѓанските организации“.
Втората тема – вредносната, е малку потешка и за одбрана, затоа што Павле добро го детектира тоа на глобално ниво како се случува. Во Загреб има група на луѓе активисти, каде што споделуваме различни информации и истражувања. Тоа што може да се забележие дека тоа што почна стихијно во 70тите во САД, со Никсон, кога десничарите сфаќаат дека пропагандата можат да ја користат во своја полза. Тоа добива страшен размер со доаѓањето на Путин. Со доаѓањето на Путин и почнувањето на оваа дезинформациска војна, тие го преземаа нашиот начин на организирање и комуницирање. Го преземале граѓанскиот модел, на граѓанското општество, кој е развиен од невладините граѓански движења. Веќе е изградена мрежа, и затоа може да се видат истите наративи од Јута, во Велес.
-Тие луѓе се реакционери, не сакаат прогрес, затоа што не сакаат одредени групи, не сакаат да постигнат еднаквост. Целото ова има линија на движење која се храни на многу специфичен начин. Ова е хранење на едно фашистичко чудовиште кое почна многу конкретно со глобалниот напад на Сорос кој во основата е антисемитизам. Една од основите на овие реакционери е антисемитизимот. Продолжија со заговор и закана. ЛГБТИ движењето кое се претставуваше на екстремно монструозни начини, кое доведува до дехуманизација на цела група луѓе, не само на активисти, што доведува да може центарот да е напаѓан. 6 пати беше нападнат. Таа група не е веќе човечка. Можам да дојдам и да го нападнам дека не е веќе човек. Антисемитизам, дехуманизација на цели групи на луѓе, правење на непријатели на народот од тие групи, плашење на народот, вели Андоновски.
-Среќа е што ваквите чудовишта секој ден треба да се хранат, треба нови и нови групи, луѓе се додека не станат мнозинство. Тоа што е страшно, е што пред да биде подобро, ќе биде полошо. Последен изблик на сето ова е нападот на реформата во образованието. Нападот не е случаен и наивен, не е напад на дигитализацијата (иако има финансиски аспект). Меѓутоа, главното е што структурата на Груевски успеа да го вгради во учебниците е тврдиот патријархат. Овој напад врз реформата е токму да се избегне чистење на учебниците од тврди патријархални содржини кои се вметнале. За трансџендер луѓето прават тотална дехуманизација, тие веќе не се луѓе, туку идеологија. Тоа е дехуманизацијата. И утре може некој да оди да убие некого бидејќи е идеологија а не човек, заклучува Андоновски.