• Latest

Сребреница, да не се заборави и да не се повтори: Дали мртвите ќе ни простат нам?

July 11, 2021

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ КОНТЕКСТ

Сребреница, да не се заборави и да не се повтори: Дали мртвите ќе ни простат нам?

July 11, 2021 14:18
in ВЕСТИ, КОНТЕКСТ, РЕГИОН, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Во контекст на 26 годишнината од геноцидот во Сребреница, ЦИВИЛ потсетува на репортажата на колегата, новинар и активист Дехран Муратов, кој во 2015 година присуствуваше на одбележувањето на 20 години од убиството на над осум илјади босански муслимани.

Како навлегувавме во селото се гледаа неколку запалени куќи, а куршумите оставиле белези на куќите. Најголемиот дел од луѓето имаа очила за сонце, беа облечени, дотерани, но сепак, не можеа да ги сокријат солзите и болката што ја носат во душата.

На главната улица се наоѓа фудбалско игралиште ФК ,,Губер“, но, наместо фудбалери и публика, на теренот имаше неколку војници и два огромни борбени хелихоптери поставени на двете половини од фудбалското игралиште. Колку ли фудбалери би биле познати како босанскиот фудбалер Един Џеко, ако денес тоа фудбалско игралиште служеше за спортување, а не за платформа за воени хеликоптери, вели Муратов во својта репортажа „Сребреница, 20 години потоа“

Во Меморијалниот центар Сребреница-Поточари досега се погребани 6.652 жртви на геноцидот врз Бошњаците,  237 жртви се погребани на други локации, во согласност со желбите на нивните семејства, а се трага по уште илјада исчезнати жители на Сребреница.

Гробовите на Сребреница

Додека се читаа имињата и годината на раѓање на жртвите, си замислував, можеби некои од жртвите денес, да беа живи, ќе беа славни личности со кои ќе се гордееше цела Босна и целиот Балкан, како што се радуваме и гордееме со „нашиот“ српски тенисер Новак Џоковиќ. Но, за жал, нема одговор на моите прашања. Откако заврши молитвата, пракса кај муслиманите е оџата да праша дали им простувате на мртвите пред да ги закопаат, или поточно: ,,им халалите ли“? Сите извикаа три пати ДА. Во тој момент еден од другарите (ќе се препознае) му потекоа солзи од очите и рече ,,а што има ние да им простиме, прашањето е дали тие ќе ни простат нам“. Да, дали тие ќе ни простат на сите нас, без разлика на нашата вера и нација затоа што дозволивме да загинат невини цивили!, го пренусува своето искуство Муратов.

Сребреница, 20 години, архива на ЦИВИЛ

И денеска, 26 години по геноцидот во Сребреница, сеќавањата и сведоштвата се толку блиски и реални, низ звукот на тишината и празнината во очите на преживеаните, на оние што нашле трошка мир во гробовите на своите најблиски, но и во оние што немирно лутаат низ времето барајќи ги своите исчезнати.

 Се вратив со мислите во Сребреница. Таму како да запрело времето пред 20 години. Се чувствуваа смртта, солзите, страдањата, болката… Не видов ниту една птица да пролета. Додека минувавме низ селото, се гледаа неколку парцели со гробови, но исто така и во дворовите на некои куќи имаше по 1-2 гроба. Иако помина доста време, раните сѐ уште не се излечени. Ниту може да се залечат. Собрав сила само да си кажам: „Никогаш повеќе да не се повтори Сребреница!“

Никогаш да не се повтори! Никогаш да не се заборави!

Б. Ј.


Сребреница, 20 години потоа

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ