• Latest

Николов: Почитувањето на стратегијата „Едно општество за сите“ треба да почне од локалната самоуправа

July 12, 2021
Фото: ANF Nеws

ПКК се самораспушти и го запира вооружениот конфликт против турските власти

May 12, 2025

Повеќе од публикација: Одбрана на демократијата и човековите права – повик за акција во борбата против националзимот, десничарскиот екстремизам и авторитаризам

May 12, 2025
Фото: Скриншот од ФБ на Драгана Костиќ

„Ако нѐ нема нас – кој ќе ве штити вас?“, протест на Независниот синдикат на полицијата за зголемување на платата

May 12, 2025
Фотомонтжа: Д. Мишев / ЦивилМедиа. Скриншот од видео на NEWS 18

 Американските експерти за владина етика згрозени од плановите на Трамп да прифати авион од 400 милиони долари како подарок од Катар

May 12, 2025

Одбрана на демократијата: Отфрлање на лажната рамнотежа и зајакнување на демократската отпорност

May 12, 2025
Фото: Фејсбук на Весна Јаневска

Јаневска: Средношколците во Штип, Битола и Скопје ќе полагаат државна матура во амфитетарите на универзитетите

May 12, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Социјалистите водат на изборите во Албанија: СПАК покрена 39 истраги за изборен криминал; Косовските партии се обратија до Уставен суд поради (не) конституирањето на собранието

May 12, 2025
Фото: МИА

ЕУ ја предупредува Русија – без прекин на огнот, нема мировни преговори

May 12, 2025

Убиства пред полициска станица, во кафич, дома пред детето наспроти благодарницата на Тошковски

May 12, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

May 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Николов: Почитувањето на стратегијата „Едно општество за сите“ треба да почне од локалната самоуправа

July 12, 2021 15:31
in ИНТЕРВЈУ, МУЛТИКУЛТУРА, ОПШТЕСТВО, ТОП 5, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

За европските вредности, мултикултурализмот, Стратегијата „Едно општество за сите“  хибридните закани и сајбер нападите на локално ниво, ЦИВИЛ Медиа разговараше со Сашко Николов, градоначалникот на Општина Штип.

ЦИВИЛ Медиа: Колку се придонесува од сите општествени чинители во промоција на европските вредности и мултикултурализмот?

Николов: Јас како нов, млад градоначалник, влегов да ја водам Општина Штип, којашто претставува традиционална општина каде што самиот мултикултурализам, мултиетникум, е во основата на функционирањето а оваа општина. Уште пред децении, да не кажам векови наназад, во Штип живееле различни етникуми, со различни религии и различни начини на живот. Сите се фузирале и функционирале како едно општество, не дозволувале нивните различни религии да живеат во посебни квартови, туку живееле измешани. И ние како такви, европските вредности веќе ги имплементираме, односно, ги живееме. Јас сум така израснат, во моето маало сме растеле со Роми, коишто живееја веднаш до мојата куќа, јас сум играл во нивниот, тие во мојот двор, сме се изградиле во индивидуи, дел од нив се правници, јас сум доктор, сега градоначалник, меѓутоа, во општеството функционираме заедно, вели Николов.

Како човек што растел во една таква шарена заедница, каде што функционирале луѓе со различни визии, различни традиции и култури… Ние сме го славеле Бајрам, влашкиот Божиќ или како што ја викаме „влашка Василица“, сме ги славеле македонските Бадникови вечери, и само имате дополнително повеќе празници да ги уживате како дете, додека сите растеле во една ваква мултикултурна заедница.

Тоа што како градоначалник се трудам да го направам од општина Штип, е да биде дел од европското семејство. Во нашата општина ние ги следиме генерално сите правци, и тоа што недостасува е формирање на таканареченото Европско катче. Но, во овие десет месеци и немаме толку време, средства и организациски можности да го изградиме и да направиме такво катче. Знам дека општина Струмица пред неколку месеци официјално го отворија европското катче и почна да функционира, што е чекор плус за општина Струмица. Верувам дека Општина Штип во брзо време ќе го формира тоа катче.

Во однос на доближување на граѓаните до Европа и европскиот начин на функционирање, Коцевски вели дека во Штип често доаѓаат на посета амбасадори од различни држави, како што се амбасадорите на Бугарија, Босна и Херцеговина, Обединетото Кралство, Шведска итн..

Градоначалник на општина Штип, интервју за ЦИВИЛ Медиа, 06.07. 2021 фотографија: Горан Наумовски

Главниот проблем на кој треба да работиме е да ги донесеме  европските начела во нашата држава. Тоа се демократските права, слобода на говор, демократија и демократски капацитет, владеење на правото. Тоа се принципите на европското семејство, на што всушност се темели тоа движење и европско функционирање толку години наназад во една перфектна кондиција. Така што како млада држава во развивање, ние веќе сме на добар пат човековите права, слободното изразување и демократските капацитети да ги носиме на едно друго ниво, посочува Николов.

Но, ние често ќе се судриме со една приказна, ние единаесет години имавме владеење на една политичка фракција, којашто последните години од своето владеење направи една комплетна промена на системот на функционирање. Буквално се узурпираа човековите права, демократските капацитети, слободата на изразување, и сега од 2017 година наваму, го отворивме премногу тоа. Па сега имаме премногу изразување, премногу секој си кажува што сака, што мисли и без да размисли за последиците коишто ги влече таа мисла, меѓутоа, добро е да имаме изразување и добро е да се слуша гласот на најмалиот граѓанин, по возраст и по големина, па се до најголемиот, за на крај, сите тие мислења да дадат резултат за подобрување на функционирањето на општеството, и во подобрување на квалитетот на живеењето на граѓаните во мојата општина, во нашата држава, вели Николов.

ЦИВИЛ Медиа: Каква е соработката меѓу локалната власт, граѓанските здруженија, медиумите и граѓанките и граѓаните за активно учество и заемно вклучување во носење на одлуки на локално ниво?

Николов: Уште во мојата предизборна кампања, за предвремените локални избори во Штип, моите постулати беа ред, дисциплина, ефикасност, транспарентност и експедитивност. За да може овие постулати да се применат, јас мора да ги знам проблемите на граѓаните. Уште во 2020 година, функционирањето на урбаните заедници на претседателите на урбаните- месните заедници коишто се дел од оваа општина, имавме секојдневни средби, и се уште ги одржуваме, заради тоа што само на тој начин можеме да допреме до реалните проблеми со коишто се соочуваат граѓаните, и на тој начин да делуваме брзо. Од една страна, граѓаните од овие урбани заедници коишто ги работиме, ја градиме и ја усовршуваме самата општина Штип. И рурално, и урбано. Од друга страна, граѓанските здруженија и медиумите се тие коишто, овој систем којшто го водам во оваа општина, го надградуваат. Имаме помош од многу медиуми коишто нормално, тоа што нема да го види раководителот на месната заедница, ќе го видат новинарите, го презентираат и ние веднаш реагираме. Тоа е едно суштинско функционирање и зближување на граѓаните, медиумите, локалната самоуправа, и уште побитно, граѓанските здруженија.

Во мојата општина има доста граѓански здруженија за кои немам увид дали ги добиваат проектите за кои аплицираат. Немам увид колку тие проекти тежат финансиски, како и во ефектот од тие проекти. Така што тоа е работа на советот на општината, на претседателот на советот, заедно со сите позиции, работиме на финансиските буџети на граѓанските организации да можат да добиваат повеќе средства, да можат да реализираат повеќе проекти кои ќе бидат во корист на локалната самоуправа, во корист на граѓаните, во корист на општината. Со цел да направиме еден мост, зближување и брзо ефективно решавање, вели Николов.

Николов вели дека е задоволен како функционира општината во овие десет месеци, и дека им излегол во пресрет на неколку граѓански организации да ги добијат потребните средства.

-Донесов човек од граѓанска организација, неутрален човек, да биде врската помеѓу локалната самоуправа и граѓанското општество, и ефектот е прекрасен, вели Николов.

ЦИВИЛ Медиа: Колку на локално ниво се спроведува Стратегијата „едно општество за сите“, особено во делот наменет за Локалната самоуправа?

Николов: Во општина Штип, односно во самата зграда на локалната самоуправа, имаме околу 160 вработени. 120 се во општината и плус територијалната пожарна единица, четириесет пожарникари земаат плата од самата општина. За жал, се уште имаме поделеност во функционирањето, во однос на позиција –опозиција. Поголемиот процент вработени се од опозицијата, меѓутоа, кога станува збор за функционирање на локалната самоуправа, јас со своите принципи на работа ги собрав сите и од позиција и од опозиција, и одлично функционираат.

Николов посочи дека ваквото здружено функционирање без поделби, е тоа што му треба на нашето општество.

Градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов на интервју за ЦИВИЛ Медиа, на 06.07. 2021 фотографија: Горан Наумовски

-Оваа локална самоуправа, овој кабинет, оваа општина, е за сите. Секој што ја извршува својата работа, ќе биде награден, секој што нема да ја изврши својата работа според колективниот договор за работни односи ќе биде соодветно казнет,  порачува Николов.

Николов вели дека во овие десет месеци немаат никакво хоризонтално или вертикално разместување на вработените во општината, и смета дека десет месеци се премалку време за соочување со одредени предизвици за одредени работи.

-Без разлика на политичката припадност, во нашата општина имаме работници коишто се грижат за општината, коишто се грижат за општеството, за граѓаните. Барањата од граѓаните ги извршуваат експедитивно, и сите овие работи мене како градоначалник ми наложуваат тој човек да го задржам и да го мотивирам да ја извршува својата работа уште подобро. И тој човек ќе биде пример за другите. Почитувањето на стратегијата „Едно општество за сите“, почнува од општината, кога граѓаните ќе видат дека во општината нема поделба на партиска, религиска или етничка припадност, тогаш во самото општество почнува фузијата на граѓаните.

–Штип претставува традиционално мешана  мултикултурна општина. Со векови наназад овде живеат Власи, Турци, Роми, Бошњаци, Македонци, Торбеши, Албанци живееле тука. И не можете да поминете и да кажете „ова е турско маало, овде живее Влав, овде Албанец…“, куќите и дворовите се поврзани и измешани, и јас се радувам што односите меѓу етничките заедници во нашата општина се на едно многу високо ниво. Дури тоа што Европската Унија го бара, системот да се имплементира, ние тоа го живееме. Штип може да биде пример за тоа како мултикултурализмот може да функционира цврсто и заеднички на едно прекрасно ниво. Моментално немаме таква канцеларија во нашата општина, веројатно не се ни створила потреба од такво нешто, меѓутоа, тоа е во духот на демократијата, во духот на европеизацијата, со цел оа што го зборуваме, да биде транспарентно. Ние тоа го знаеме, но светот не знае. И тоа треба на елоквентен начин да го елаборираме пред Европа, за да видат дека тоа што тие го створиле како систем за мултикултурализам, ние го тераме векови наназад, вели Николов.

ЦИВИЛ Медиа: Дали некогаш Општината била подложна на сајбер напади или хибридни закани?

Николов: Една од агендите во мојата предизборна кампања беше дигитализација на нашата општина. И се уште имаме не целосно дигитализирана општина. За да имате сајбер напад или хибридна закана кон една институција, треба да имате електронски систем на функционирање. За жал, дел од системите се така, но регистрите, катастарските книги, имотно правните документи, сите тие се уште се водат во хард копи и се чуваат, и верувам дека се потребни неколку години за да направиме дигитализација на општина Штип.

Николов вели дека веќе се влезени во дигитализација на општеството односно „Смарт сити“, „Грин сити“ правци во коишто тој сака да го крене градот на едно модерно, европско ниво, и вели дека немаат хибридни закани или сајбер напади. Но затоа, вели дека имаат оркестрирани вербални напади, заради долгите години живеење во една монархија, каде што човековите права, слободата на говорот и демократските капацитети беа ограничени.

-Се доведовме до ситуација единствениот начин за една политичка партија да дојде на власт, тоа да се направи со популистички методи. Но, ние не продаваме празни флоскули за да не гласаат, ние изработуваме, и ќе не гласаат заради сработеното, изјави меѓу другото градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов.

Д. Тахири

Камера: Дехран Муратов

Монтажа: Ариан Мехмети

Фотографија: Горан Наумовски

 

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ