• Latest

Институциите да реагираат на лажните вести и говорот на омрaза, бегалецот Груевски стана бизнисмен во Будимпешта, ОБСЕ и ЕУ ќе ги мониторираат судските процеси за организиран криминал и корупција

July 28, 2021
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Институциите да реагираат на лажните вести и говорот на омрaза, бегалецот Груевски стана бизнисмен во Будимпешта, ОБСЕ и ЕУ ќе ги мониторираат судските процеси за организиран криминал и корупција

July 28, 2021 17:44
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Институциите да реагираат на говорот на омраза, медиумската писменост е лек против лажните вести

„Бидејќи живееме среде хибридна војна, крајно време е да се признае дека демократските и прогресивни општества се загрозени од злоупотребата на самите демократски инструменти. Поточно, демократиите се нападнати од софистицирани, комплексни и упорни пропагандни машини, разузнавачки и контраразузнавачки агенции, подземни и криминални структури, лажни граѓански општества, верски кругови, бизниси, медиуми, академии итн“, со овие зборови Џабир Дерала претседателот на ЦИВИЛ ја отвори Регионалната конференција „Напади врз демократијата и човековите права: Граѓанските организации во поддршка на општествата од Западен Балкан кои се соочуваат со дезинформации, говор на омраза и хибридни напади“.

Нападите против граѓанските активисти и новинарите се безброј. Тоа не е само пропаганда на омраза од страна на некоја лута група радикали и горчливи тролови. Повеќе од очигледно е дека цела пропагандна машинерија стои зад повеќегодишните континуирани напади врз чинителите на граѓанското општество, особено оние што се видливи и влијателни, активни на дневна основа, како што е ЦИВИЛ“, посочи Дерала.

„ЦИВИЛ и Балканскиот форум се членови на граѓанскиот форум. Тоа е разновидна платформа на организации. Ние ги обединивме нашите напори да дадеме пример, да покажеме дека можеме да работиме заедно и да создадеме единствен фронт за справување со прашањата што ги кочат демократиите, напредокот и иднината на нашите земји. Ние презентиравме заеднички изјави и манифести на бројни самити, и работиме на зајакнување на односите меѓу граѓанското општество, медиумите, младите, академската дијаспора и деловните сектори во регионот на Балканот“, се обрати Астрит Истрефи од Балканскиот форум.

„Пропагандата, дезинформацијата, лажните вести, колку и да ги именуваме или дефинираме, докажано е дека имаат влијание не само во ширењето, туку и речиси имаат одлучувачко влијание на изборите, референдумите, мирот и процесите на интеграција во ЕУ, вклучително и во сегашната пандемија и вакцинација. Има многу докази за таква закана за нашите земји и општества“, посочи Истрефи.

Меѓу учесниците и говорниците на двата панели на конференцијата беа Марион Краске, проф-д-р Снежана Трпевска, Волфганг Ресман, Амина  Шурковиќ, Ненад Шебек, Абит Хоџа, Амина Шемсовиќ, Ерјон Цурај, Бојан Кордалов, Мерсиха Смаиловиќ, Владимир Ѓорѓевски и други претставници на медиумите и граѓанското општество. Учесниците се од земјите на Западен Балкан и од Германија.

Конференцијата ја организираше ЦИВИЛ во соработка со Балкан форум и членките на Платформата за граѓанско општество за демократија и човекови права (ПГО).

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

К„ако заклучок, навистина мора да констатираме дека лажните вести стануваат се повеќе глобален предизвик. Затоа ни требаат глобални агенди, глобални мрежи, мора да ставиме знак прашалник пред моќниците. Мора јасно да кажеме дека ова е исто така проблем во ЕУ. Треба да се фокусираме и на медиумската писменост, образованието. Треба да создадеме мрежа во Југоисточна Европа, и ќе продолжиме со ова. Треба да создадеме мрежа на слободни медиуми. Се надеваме, ќе ни се придружите во воспоставувањето на оваа мрежа. Ова ќе помогне да се направи проблемот видлив, а потоа да се работи на контра мерки“, истакна политичката аналитичарка Марион Краске.

ФЛЕШ ВЕСТИ

НЕПРАВДА Поранешниот македонски премиер Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија, основал фирма со седиште во Пецел, предградие на Будимпешта, пишува унгарскиот портал 24.ху. Порталот открива дека Груевски отворил приватен бизнис во Унгарија. Неговата фирма ИЦИЦ Кфт, е регистрирана во Пецел, предградие на Будимпешта на 15 јули и тој е директор и основач на компанијата. Нејзина главна активност е бизнис менаџмент и бизнис консалтинг, но фирмата се занимава и со продажба на големо на порцелан, стаклени производи и производи за чистење…

ПРАВДА ОБСЕ и ЕУ денеска го одбележаа почетокот на заедничкиот проект за мониторинг на судски процеси во областа на организираниот криминал и корупција, чија цел е подобрување на спроведување на правдата и намалување на корупцијата и организираниот криминал, што е неопходно за исполнување на критериумите за пристапување во ЕУ. Набљудувањето на судските процеси ќе започне во јули 2021 година и ќе трае до декември 2023 година.

КОАЛИЦИЈА Лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев соопшти дека договорил соработка за локалните избори со претседателот на ДПА, Мендух Тачи.

ВАУЧЕРИ На сите граѓани што аплицирале и што ги исполнуваат условите за добивање ваучер за домашен туризам ќе им бидат врачени во текот на наредната недела и нема да важи условот „прв дојден, прв услужен“ што се применуваше досега, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

СУДСКА ОДЛУКА Апелацискиот суд Скопје постапувајќи по кривичниот предмет во јавноста познат како „Титаник 3“, ги уважи жалбите на обвинетите Исмет Гури и Ејуп Алими, и ја укина првостепената пресуда. Гури и Алими на 31 март 2020 година беа осудени на по три и пол години затвор за „Титаник 3“, заради уништување на изборен материјал во локалните избори во општина Чаир, во 2013 година.

СЛОБОДНА ЗОНА 

„Стуткан во својата злоба и неспособност, ова сениште е длабоко несреќно и празно. Не постојат пари, моќ или слава што можат да ја надоместат таа болна празнотија во него и во неговите зборови (лаги). Колку и да се качува по скалилата, тој е речиси невидлив (безначаен) за својот спонзор – непријателот на демократијата, правдата и слободата. Едноставно, неговиот живот на јавната и политичката сцена е бескрајно искачување во празно. И сето време го јадат комплексите, бидејќи не може да им дојде ни до глуждот на оние против кои сесрдно плука.

Ова е „фоторобот“ на дел од македонските криминалци во политиката, се однесува на повеќе десетици неранимајковци што ги гледаме, слушаме и читаме секој ден, како со нашите пари удираат по нашите животи. Родово е несензитивен, од проста причина што мажите речиси целосно доминираат во оваа категорија. За нивна голема жал и на разочарување на нивните поголеми газди и спонзори, криминалците во политиката ќе добијат можеби уште некоја битка, но војната што ја поведоа – извесно е – ќе ја изгубат“, пишува Џабир Дерала во својата колумна „Фоторобот на криминалецот во политиката: Бескрајно искачување во празно“.

Д. Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ