Бројот со заболени од КОВИД 19 и натаму е во пораст. Институтот за јавно здравје информира сека во последните 24 часа се направени 5.959 тестирања, при што се потврдени 325 нови случаи.
Регистрирани се 11 оздравени пацеинти, како и едно едно починато лице во болнички услови од Битола.
Во Тетово веќе има четврти бран поради секојдневно зголемување на хоспитализации на заболени од Ковид-19.
Секојдневното зголемување на бројот на хоспитализирани и заразени со Ковид-19 во Тетово е основа да се смета дека веќе регионот е во четвртиот бран на коронавирусот, изјави д-р Гзим Нуредини, координатор на Ковид – центарот при Клиничка болница во Тетово.
Во Ковид – центарот сега веќе има 36 заболени кои се лекуваат од кои 31 се на кислородна поддршка.
-Четвртиот бран веќе е почнат, има секојдневно зголемување на бројот на хоспитализирани. Бројката од 59 прегледи само во прва смена вчера ни укажува на тоа дека бранот ќе продолжи и понатаму, ќе има нови болни кои ќе треба да бидат примени на болничко лекување. Сметам дека треба да има поголеми рестрикции и пример во затворени простории да се овозможува влез на прележани и вакцинирани. Не се носат маски во затворено и посебно во верските објекти. Замислете само неколку инфицирани, а без симптоми да влезат на свадба или во верски објекти што значи тоа за ширењето на болеста, изјави д-р Нуредини.












