• Latest

Филипче: Mерките за спречување на ширењето на КОВИД-19 се предложени навремено

August 8, 2021
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (1): Отисокот на руското влијание во Северна Македонија

November 9, 2025
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Филипче: Mерките за спречување на ширењето на КОВИД-19 се предложени навремено

August 8, 2021 14:01
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Мерките кои ги воведе Владата за спречување на ширењето на КОВИД-19 важат за сите организирани настани, семинари, конференциии, посета на угостителски објекти и на затворено, за што постојат протоколи и на отворено, за што ги задолживме да направат редарски служби. Нема одлука за институциите. Апелирам до раководителите на сите институции и државни и приватни да ги мотивираат своите вработени, посебно тие кои работат со голем број луѓе, да се вакцинираат – истакна министерот за здравство, Венко Филипче, кој додаде дека за организирање состаноци, конференции, семинари и работилници и за влез во такви објекти во затворено ќе биде неопходен сертификат за вакцинација.

Многу веројатно е дека овој механизам, рече Филипче, ќе бара координација и ќе отвори многу предизвици и прашања и затоа ќе се координираат институциите кои треба сето тоа да го конторлираат.

Како што истакна тој, и досега во ингеренциите на инспекторатите се контролите за почитувањето на протоколите и за тоа колкав капацитет е пополнет од една просторија. Во текот на оваа седмица, како што кажа, ќе се направат координации за секој да си ги знае своите ингеренции. Задолжени се сите институции, каде се организираат настани, да имаат редарска служба која ќе ги бара сертификатите но со контролата и преку инспекторатот. Тој истакна и дека имале стручна дискусија и дека ставот е дека прележана болест, антитела, односно имунитет од прележана болест не штити доволно, не создава доволно имунитет како што создава вакцината.

Тој посочи дека навремено се предлагаат мерките и дека најавувале повеќе месеци наназад дека истите ќе ги воведат, а ги вовеле во момент кога за тоа е соодветно.

“Во таа смисла се и координативните состаноци за подготовка на здравствениот систем, сите овие механизми со ротација на кадар, обезбедување распоред на здравствени установи кои би примале пациенти итн. Ние не мжеме да предвидиме дали овој раст ќе продолжи или ќе запре. Се надеваме дека ќе запре поради тоа што сепак имаме одредена бројка на вакцинирано население, околу 500 000 граѓани кои се вакцинирани и следниве недели ќе бидат ревакцинирани. Сметаме дека тоа може да го успори растот. Раст има и во другите земји, меѓутоа мора да ги преземеме овие мерки сега и тие се навремено преземени. Мислам дека ова ќе даде добри резултати, со цел другите процеси кои треба да почнат од есенските месеци, на пример училиштата, да почнат како што посакуваме”, изјави Филипче.

“Податоците од анкетите”, нагласи дека  “покажуваат дека имаме проблем таму каде мерките не се почитуваат и за тие затворени простории имаме соодветни протоколи кои очигледно не се почитувале и затоа ваков проблем”. Посочи дека луѓето планирале одредени настани и сметаат дека една недела, до 16 август, е разумен период ако треба да ги поместат, да ги одложат малку за да имаат време да се организираат.

Во врска со опфатот со вакцинацијата на наставниците,Филипче истакна дека засега е околу 60 проценти.

“Имаме секојдневна комуникација со Министерството за образование и наука кое често ги комуницира директорите на училиштатата за тие да ги мобилизираат своите вработени. Ќе видиме каков ќе биде одговорот до крајот на оваа недела. Ако продолжи со оваа динамика верувам дека висок процент на вработените и во МОН во делот на училиштата и во градинките ќе бидат опфатени со вакцинацијата. Во двата сектори сега е околу 60 проценти”, изјави додаде Филипче.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ