• Latest

Најавените КОВИД мерки ја брануваат јавноста, десетина активни пожари, лажни вести за преименување детски одморалишта

August 9, 2021

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Најавените КОВИД мерки ја брануваат јавноста, десетина активни пожари, лажни вести за преименување детски одморалишта

August 9, 2021 16:15
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Владата ги промовира мерките за заштита на здравјето на граѓаните, опозицијата обвинува за дискриминација на невакцинираните

По одлуката на Владата на Северна Македонија за воведување на нови рестриктивни мерки од 16 август, јавноста ја брануваат различни реакции. Дел од јавноста и политичарите ги одобруваат новите мерки, дел од нив се противи и смета дека се дискриминаторски или задоцнети, а дел од нив ја користи и оваа ситуација во лов на гласови во пресрет на локалните избори. Дискусијата на социјалните мрежи е обременета со нов наплив на лажни вести и дезинформации. ЦИВИЛ МЕДИА објави преглед на реакциите во јавноста и во политиката.

ИЗЈАВА НАДЕНОТ: Бектеши: Ако сакате да пиете кафе, вакцинирајте се

Министерот за економија Крешник Бектеши ги повика граѓаните, особено угостителските објекти, да ги почитуваат мерките за заштита и протоколите, оти само на тој начин ќе се спречи ширењето на коронавирусот. Тој потенцира дека како Влада се обврзани да ги поттикнат сите граѓани да се вакцинираат, се со цел да не бидат доведени во ситуација да воведат порестриктивни мерки.

Крешник Бектеши

Од 16 август нема да има свадби и прослави во затворен простор. На отворено, како што се бара потврда за вакцинација во угостителските објекти, така ќе се бара и за тие кои организираат свадби и прослави гостите да покажат потврда дека се вакцинирани, изјави Бектеши, дополнувајќи дека остануваат претходно донесените протоколи за угостителските објекти, сега дополнително со новата мерка.

„Ако сакате да пиете кафе, вакцинирајте се“ – порача Бектеши.

ФЛЕШ ВЕСТИ

МОНИТОРИНГ Државната комисија за спречување на корупцијата објави повик за ангажирање на 50 набљудувачи и пет аналитичари за време на изборниот процес.

ОХРИДСКИ ДОГОВОР Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби денеска во Државниот архив го предаде оригиналниот документ потпишан од седумте потписници на Охридскиот рамковен договор.

ОСОМНИЧЕНИ Приведен дебарчанец осомничен за подметнување шумски пожар.

ПОМОШ Нов тим од девет пожарникари од Смолјан, Бугарија, замина за Република Северна Македонија за да помогне во гаснењето на пожарите.

КОМАНДУВАЊЕ Центарот за управување со кризи на денешната прес-конфернеција го претстави системот НИКС (Следна генерација на систем за командување), што претставува посебен систем за командување во итни ситуации, којшто всушност ги дигитализира сите податоци од терен.

ПОЛИЦАЈЦИ Во активностите за гаснење и превенирање на пожарите во изминатото деноноќие биле ангажирани 644 полицајци.

МЕТОДИ Сите села во чија близина беснеат пожари се обезбедени со сите оние методи кои ги користи било која противпожарна служба во светот, информира на денешната прес-конференција в.д. директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

АПЕЛ Министерството за здравство информира дека за разлика од други земји, каде за одредени категории професии, вакцинацијата кај нив е задолжителна, кај нас истата е прво на избор. Но, ја потенцираме важноста од вакцинација, затоа граѓаните кои досега не се вакцинирале, се двоумат, имаат дилема околу вакцинирањето, да се охрабрат и што побрзо да примат вакцина, апелираат од Министерството за здравство.

МОНИТОРИНГ

ЛАЖНИ ВЕСТИ Лажни профили блиски до „Левица“ шират лажни вести за преименување на детските одморалишта во Крушево

Знае некој од кога детски одморалишта во Крушево се именувани Талат Џафери и Амди Бајрам?“, прашува Твитер корисникот „Локумче #Апсаана“. Користено е лажно внесување податоци во Гугл Мапс, за да се „докаже“ дека детските одморалишта во Крушево се навистина преименувани.

Во текот на само 2 часа твитот е споделен од петнаесетина други корисници, повеќето лажни профили и дел од пропагандистичката машинерија блиска до политичката партија Левица, ноторно познати по ширење лажни вести и напади на оваа мрежа.

ПОЖАРИТЕ И ПОЛИТИКАТА

РЕПОРТАЖА: Меѓу шумските и политичките пожари

Видовме како се запалија планините, видовме и како се гасат. Со енергична акција, со пожртвуваност на нашите најголеми херои, пожарникарите, како нашите, така и странските, извесно е дека ќе однесеме победа над огнената стихија. Тие пожари ќе згаснат, дрвјата ќе пораснат, штетите ќе се надоместат. Видовме и како се палат политичките пожари. Дел од политичарите, оние што постојано ги гледаме како остануваат покрај шините, ја искористија и оваа неволја што ја снајде нашата земја, па поитаа да ќарат по некој предизборен поен во јавноста.

Рано наутро, в недела, на 8 јуни, се собра една, само навидум малку веројатна, екипа, Војо Маневски, Атанас Петровски и јас. Тргнавме кон столбовите од чад, да видиме како се гасат пожарите во Малешевијата. Дел од тимовите ни е по одмори, други користат викенд, само малкумина се останати да дежураат на нашите дескови. Затоа, решивме да одиме ние, „најмладите“. Сите заедно имаме „само“ 164 години. Инаку, што би правеле нашите 164 години в недела, ако не да се занимаваат со – буквално – најжешката тема?, фрагмент од репортажната сторија од  Џабир Дерала, Меѓу шумските и политичките пожари.

БОРБА ПРОТИВ ХИБРИДНИТЕ ЗАКАНИ

Цурај: Заштитата на дигиталните права е всушност основната база на дигиталната демократија

Г -дин Ерјон Цурај е експерт за дигитална трансформација/основач и управен партнер во Tech 360 Smart Solutions/координатор на модули Жан Моне/деловен развој. Во обраќањето на Регионалната конференција „Напади врз демократијата и човековите права“ во Скопје, тој потенцираше дека за намалување на опасноста од хибридните напади, треба фокус на  дигиталните права и дигиталната писменост.

МУЛТИКУЛТУРА

#НаправиРазлика #ПочитувајГиРазличностите

Младиот фотограф Огнен Бошњаковски во видео порака за Иницијативата на ЦИВИЛ „Направи разлика, почитувај ги различностите“

ЗЕЛЕН ПОИМНИК

„Развитокот на екологијата, бил тесно поврзан и со сознанието дека економскиот просперитет доаѓа во судир со општествениот прогрес, поради  нарушувањето на природната рамнотежа, со прекумерното  покорување на природата  и  безумното  искористување на природните ресурси.

Во услови кога за овие егзистенцијални проблеми за опстанок на целата природа не можело да се најде решение преку конвенционалните политички институции, започнале со активност еколошките движења. На тој начин било поттикнувано подигнувањето на еколошката свест во доменот на пошироката јавност, но и во разнородните сфери на научните дисциплини.

Со нужноста за решавање на горливите еколошки прашања, на интердисциплинарен начин, се појавила една од поновите научни дисциплини, наречена политичка екологија.“, извадок од анализата на Наташа Малинка Миновска, Од екологија кон политичка екологија: Природната и социјалната сфера како нераздвојна целина

„Национализмот станал синоним за развој на демократијата и либерализмот, а придонел за рушење на тогашната апсолутна власт на монархот и укинување на правната нееднаквост и несигурност, самоволието и угнетувањето.

Тој класичен национализам, кој по своите елементи бил далеку од идеален, бил нужен за дезинтеграција на феудализмот и автократското владеење на монархот.

Афирмацијата на идејата за формирање на единствено општество врз база на општествен договор, можела да се оствари само преку формирањето на нацијата како општествена заедница, на територијата на националната држава.“, пишува во анализата на Наташа Малинка Миновска, Двете лица на национализмот: Од либерална, до екстремистичка идеологија

СЛОБОДНА ЗОНА

„Почитувани пратеници… Не сум сигурен дека мојов предлог е според деловникот на највисокиот дом во државата, ама се надевам дека ќе ми биде простено незнаењето. Да знаев ќе бев пратеник, нели?

Донесувате закони со кои ни го регулирате поведението во разни делови од нашето постоење. Се разбира, тоа го правите со добра намера да ни биде животот посреден и подобар, според вашето објаснување. За некои закони не можете да се согласите во степенот на подобрувањето на нашиот живот, па барате помош од пријателите и им ставате европски знаменца. А штом нивната важност е така рангирана, нема несогласување. Има да се изгласа и готово, европска вредност е тоа и нема место за нашите балкански надитрувања.“, пишува Војо Маневски во колумната Да се забрани со закон!

Д. Тахири

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ