• Latest

ЗЕЛЕН ПОИМНИК: Двете лица на национализмот – од либерална, до екстремистичка идеологија

August 8, 2021

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

ЗЕЛЕН ПОИМНИК: Двете лица на национализмот – од либерална, до екстремистичка идеологија

Како термин, национализмот скоро секогаш се употребува во негативна конотација. Во модерната ера, тој најчесто се дефинира како идеологија или политичко движење што промовира единство на нацијата, нејзините интереси, права или политички цели, разбирање на зедничкото минато, како и односите со другите нации и држави, односно нејзиниот колективен идентитет. Иако на почетоците бил синоним за развој на демократијата и либерализмот, тој подоцна се развил и во екстремно негативна насока.

August 8, 2021 19:38
in АНАЛИЗИ, ЗЕЛЕНИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Како термин, национализмот скоро секогаш се употребува во негативна конотација. Во модерната ера, тој најчесто се дефинира како идеологија или политичко движење што промовира единство на нацијата, нејзините интереси, права или политички цели, разбирање на зедничкото минато, како и односите со другите нации и држави, односно нејзиниот колективен идентитет. Иако на почетоците бил синоним за развој на демократијата и либерализмот, тој подоцна се развил и во екстремно негативна насока.

За да се разбере значењето на поимот национализам и како тој да се толкува, потребно е да се направи еден краток историски осврт на настаните, кои се тесно поврзани со неговата појава, а се производ на определени културни и политички промени во Европа (Франција, Англија, Шпанија), во XVIII век.

ПОЧЕТОЦИ: НАЦИОНАЛИЗМОТ КАКО СИНОНИМ ЗА ЛИБЕРАЛНАТА ДЕМОКРАТИЈА И РУШЕЊЕ НА АПСОЛУТИЗМОТ 

Национализмот станал синоним за развој на демократијата и либерализмот, а придонел за рушење на тогашната апсолутна власт на монархот и укинување на правната нееднаквост и несигурност, самоволието и угнетувањето.

Тој класичен национализам, кој по своите елементи бил далеку од идеален, бил нужен за дезинтеграција на феудализмот и автократското владеење на монархот.

Афирмацијата на идејата за формирање на единствено општество врз база на општествен договор, можела да се оствари само преку формирањето на нацијата како општествена заедница, на територијата на националната држава.

ДВЕТЕ ЛИЦА НА НАЦИОНАЛИЗМОТ

Сепак, примарната идеја за овој национализам, која што настанала како резултат на  конструктивните и добронамерни побуди на човекот, се расчленила во две насоки.

Првата насока е онаа, според која национализмот е претставен како нужен чекор кон градење на космополитско општество ( во науката познат како цивилен национализам), во  кое уште повеќе се нагласува еднаквоста на сите граѓани, независно од културолошката, верската, етничката, јазичната припадност, а граѓаните се правно поврзани во еден правен систем (државјанство), при што името на нацијата е идентично со името на државата.

Таквиот национализам е составен дел на повеќето модерни,  либерални општества, а општествените вредности во тој дух се заштитени со општествен договор (устав).

Според втората насока, национализмот се јавува како форма на колективна (национална) свест, во чиј концепт се истакнуваат разликите помеѓу нациите, при што, секогаш една нација се претставува како супериорна во однос на останатите, со манифестирање на предрасуди, постојано омаловажување и обезвреднување на културните обележја и карактеристики на другите нации.

Национализмот го поттикнува и настојувањето да се покаже себичен, агресивен и нетолерантен однос на една нација, кон економските, социјалните, културните и политичките интереси на другите нации, со нивно исклучување или елиминирање, заради  реализирање на сопствените интереси.

ЕКСТРЕМЕН НАЦИОНАЛИЗАМ

Најдрастична форма на национализам е онаа, во која се настојува кон едноставна физичка ликвидација или потполно поробување на другите етноси, оспорување на нивните права, националната самобитност и државност,  било во рамките на постојната повеќенационална заедница или надвор од неа. Генерално, национализмот се врзува за различни идеологии, почнувајќи од либералните преку социјалистичките до фашистичките.

Денес национализмот се користи  како орудие, од страна на оние кои го експлоатираат за свои егоистични  цели, што доведува до разединување во рамките на самото  општество и  создавање на меѓусебна нетрпеливост.

Национализмот како феномен во себе содржи елементи на дискриминација, непочитување на човековите права, слобода, еднаквост и демократија.

Во Општата декларација за човековите права на Обединетите нации, во членот 1 се вели:

„Сите човечки суштества се раѓаат слободни  и еднакви, со достоинство и права. Тие се надарени со разум и свест, така што едни спрема други треба да се однесуваат во духот на братство“.

Национализмот е зло. Борбата против тоа зло е граѓанска должност и обврска на сите без исклучок.  Секој треба да влијае врз преземањето мерки, против оние кои на општественото битие му нанесуваат зло и му штетат на развтокот, здравјето, угледот и идеалот за човековите права, бидејќи тие зрачат со енергија која има негативен набој, претставуваат отворена закана која води до општествено-политичка декаденција, религиска и демократска некомпатибилноет, општо-човечка, етичка, морална и социолошка одвратност и културолошка одбивност.

„Јас одлучив да се држам до љубовта. Омразата е преголем терет за носење.“  (Мартин Лутер Кинг)

подготви: Наташа Малинка Миновска

 


Creative Commons 4.0


Линкови за понатамошно читање:
https://www.enciklopedija.hr/Natuknica.aspx?ID=42695
https://criticalfreehumanist.wordpress.com/2017/06/12/kako-tumaciti-nacionalizam-i-sta-on-predstavlja/
http://www.seminarski-diplomski.co.rs/SOCIOLOGIJA/Nacionalizam-pojam.html
https://hamdocamo.wordpress.com/2020/01/07/borba-protiv-nacionalizma-gradanska-je-duznost-i-obaveza/
https://wol.jw.org/hr/wol/d/r19/lp-c/102009282
https://fejsbucenje.com/2020/08/23/nacionalizam-i-patriotizam/
https://sr.wikipedia.org/sr-el/
https://www.un.org/en/udhrbook/pdf/udhr_booklet_en_web.pdf
Читател(к)ите можат да испратат линк на ФБ страницата ЗЕЛЕН ЦИВИЛ за да се додаде на оваа листа.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ