Во последните 24 часа се направени 5.809 тестирање, а регистрирани се 518 нови случаи на КОВИД-19, соопшти Министерството за здравство. Пријавени се 4 починати лица: 2 од Скопје (71г и 88г), по еден од Тетово (75г) и Дебар (67г).
Според бројките од надлежните институции, најмногу нови случаи има во Скопје – 179, следуваат Тетово со 96, Гостивар – 65, Куманово – 35, Кичево – 29, Струга – 20, Битола – 14, Охрид и Струмица – по 11, Дебар – 10, Кавадарци – 7, Велес – 6, Кочани – 5, во Прилеп и Берово се регистриани по 4 случаи, Штип, Виница и Македонски Брод – по 3, Гевгелија, Ресен, Радовиш, Делчево и Пехчево – по 2, додека во Крива Паланка, Пробиштип и Демир Капија е регистриан по еден случај.
Регистрирани сe 31 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 1.028.102 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 158.681 бројката на оздравени пациенти е 150.587, на починати е 5.513, а бројот на активни случаи изнесува 2.581, соопштија од Министерството за здравство.












