• Latest

Новата концепција за основно образование ќе се применува во прво и четврто одделение со стартот на новата учебна година

August 12, 2021
Висока претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателка на Европската комисија, Каја Калас, 21 април 2026 (фото: Европска Унија, 2026)

ЕУ подготвува забрана за влез за припадниците на рускиот агресор – силни пораки од Брисел и Кијив

April 22, 2026
Војо Маневски

Лошо скроената облека сами си ја сошивме

April 22, 2026

Дипломатски десант на Мицкоски во Виена, без приземјување во реалноста

April 22, 2026

Анализа на CIVIL Today: НАТО референдумот во Словенија отвора нова фаза на хибридна војна во Европа

April 22, 2026

Мицкоски од Виена упати апел за враќање на дијаспората

April 22, 2026

Ќе го избегне ли Словенија референдумот за излез од НАТО?

April 22, 2026
Манасиевски, прес конференција, ВМРО-ДПМНЕ, 21 април 2026 (фото извор: веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

Заев се појави, ВМРО-ДПМНЕ „докажа“. Што тоа?

April 21, 2026
Гордана Дувњак (1965–2026)

Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

April 21, 2026
Петар Колев

Радев ќе владее – што значи тоа за Северна Македонија

April 21, 2026

Од аздисаност до изгубеност

April 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Висока претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателка на Европската комисија, Каја Калас, 21 април 2026 (фото: Европска Унија, 2026)

    ЕУ подготвува забрана за влез за припадниците на рускиот агресор – силни пораки од Брисел и Кијив

    Анализа на CIVIL Today: НАТО референдумот во Словенија отвора нова фаза на хибридна војна во Европа

    Мицкоски од Виена упати апел за враќање на дијаспората

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Избори во Бугарија: Румен Радев со апсолутно мнозинство

    (Инфографик) Избори во Бугарија: Осмата попитка

    Парламентарни избори во Бугарија: Клучни статистички податоци за денешното гласање

    Бугарија гласа: Осми обид за пет години да се стави крај на политичката криза

    „Инцидентот“ за кој се извини Вучиќ, а за вистинската полициска бруталност власта во Србија молчи.

    Легитимирање во Нови Сад предизвика „протест на власта“: Брзи реакции за „инцидентот“, тишина за претходните случаи на полициска бруталност

    Ормуски теснец (Фото: Скриншот Google Maps)

    Незвесност и ескалација на Блискиот Исток: Иран воведе нови ограничувања за Ормускиот теснец, отвори оган врз танкер

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Војо Маневски

    Лошо скроената облека сами си ја сошивме

    Дипломатски десант на Мицкоски во Виена, без приземјување во реалноста

    Мицкоски од Виена упати апел за враќање на дијаспората

    Манасиевски, прес конференција, ВМРО-ДПМНЕ, 21 април 2026 (фото извор: веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

    Заев се појави, ВМРО-ДПМНЕ „докажа“. Што тоа?

    Петар Колев

    Радев ќе владее – што значи тоа за Северна Македонија

    Од аздисаност до изгубеност

    Гордана Силјановска Давкова на средба со Реџеп Таип Ердоган (фото извор: ФБ на претседателката)

    Кремљовски шепотења

    РЕАКЦИИ: „Чувствувам“ значи „наредувам“ – жестоки критики за изјавата на Мицкоски

    ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите денеска?

    РЕАКЦИИ: Поделена јавност – затвор или политички камбек за Груевски?

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА
    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ
    Војо Маневски

    Лошо скроената облека сами си ја сошивме

    Дипломатски десант на Мицкоски во Виена, без приземјување во реалноста

    Ќе го избегне ли Словенија референдумот за излез од НАТО?

    Манасиевски, прес конференција, ВМРО-ДПМНЕ, 21 април 2026 (фото извор: веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

    Заев се појави, ВМРО-ДПМНЕ „докажа“. Што тоа?

    Петар Колев

    Радев ќе владее – што значи тоа за Северна Македонија

    Од аздисаност до изгубеност

    Гордана Силјановска Давкова на средба со Реџеп Таип Ердоган (фото извор: ФБ на претседателката)

    Кремљовски шепотења

    Осми избори за пет години во Бугарија, иста дилема: Кој ќе победи – и кој ќе владее?

    Специјален трибунал за кривичното дело агресија на РФ

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски како Алиса во земјата на чудата: Дали сме ние во Европа или во Африка?

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home ОБРАЗОВАНИЕ

Новата концепција за основно образование ќе се применува во прво и четврто одделение со стартот на новата учебна година

August 12, 2021 14:00
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Концепцијата за основно образование, која овој март беше усвоена по четири месеци дебати и полемики, ќе се применува со стартот на учебната 2021/2022 година. Најпрво во прво и четврто одделение, за кои наставните програми по сите предмети се веќе изработени, а потоа етапно и во другите одделенија.

Планот на МОН е за пет години да биде реформирано целото деветгодишно основно образование. Според стручните кои ја подготвија новата концепција, придобивки се намален број предмети, нивно интегрирање и можност за учениците да избираат предмети со што се почитуваат нивните интереси и се овозможува развој на нивните потенцијали.

Концепцијата беше подготвена од работна група од 12 члена, според кои таа обезбедува настава ориентирана кон продлабочено и смислено учење базирано на критичко мислење и логичко заклучување, осмислување и поврзување на информациите и решавање проблеми, наместо помнење факти, кои денес се лесно достапни, а се подложни и на манипулација. Целта е она што учениците го учат да можат да го поврзат со секојдневниот живот и тоа е водечкиот принцип по кој се креирани наставните програми. Тие се темелат и на инклузивност, родова сензитивност/рамноправност и интеркултурност т.е. подобрена интеретничка интеграција,

Наставниот план содржи задолжителни предмети – од осум во прво до 11 во деветто одделение: Мајчин јазик т.е. јазикот на кој ученикот ја следи наставата: Македонски/Албански/Турски/Српски/Босански јазик; потоа Англиски јазик. Природни науки (предметот опфаќа теми од биологија, хемија, физика и делови од географија) и Математика. Овие предмети се застапени во сите одделенија во основното образование, со различен фонд на часови.

Задолжителен е и Историја и општество (опфаќа содржини од историјата, делови од географија, граѓанско образование и од други општествено-хуманистички дисциплини)  и се изучува во континуитет – најпрво преку предметот Општество (I-III одд.), а од IV одд. преку предметот Историја и општество. Ликовно образование, Музичко образование, Физичко и здравствено образование се, исто така, задолжителни и секој од овие три предмети е застапен во сите одделенија на основното образование со ист фонд на часови.

Од вториот образовен период (од IV до VI одделение) се воведува и задолжителниот предмет Техничко образование и информатика – кој е застапен и во третиот образовен период (од VII до IX одделение), но во пониските одделенија акцентот се става на техничкото, а во повисоките одделенија на информатичкото образование.

За учениците кои не ја следат наставата на македонски јазик, во задолжителните ќе биде и предметот Македонски јазик кој ќе се изучува во вториот и третиот период на основното образование (од IV до IX одделение).

Наставните програми што обединуваат повеќе научни дисциплини (Природни науки, Историја и општество, Техничко образование и информатика) се модуларни, односно во рамки на наставната програма секоја научна дисциплина претставува засебен дел (модул) со јасно утврдени резултати од учење, стандарди за оценување и временска рамка (број на часови) за реализација. Исто така, наставните програми за овие предмети може да имаат и заеднички модул во кој дисциплините се обединети околу заеднички резултати од учење.

Според авторите на Концепцијата, мултидисциплинарно и интердисциплинарно изучување овозможува учениците полесно да ги поврзат наставните содржини со реалноста, да ја согледаат смислата на она што го учат и да ги доживуваат наставните активности како релевантни и применливи. Оваа интеграција бара наставните програми од различните предмети да овозможат реализација на сродни теми во текот на исто одделение.  Се работи за холистички пристап кој при изучувањето на одредена централна тема или прашање/проблем, ги нагласува врските меѓу процесите/појавите.

Значењето на некој поим  може да се проширува на тој начин што ќе се доведува во врска со други теми кои се обработуваат во погорните одделенија. Наставните програми тука го следат принципот на т.н. спирален курикулум кој се базира на повторување на клучните поими, но со постепено усложнување на нивоата на знаење за овие поими и/или согледување на нивното значење во различни контексти. За успешно планирање и реализација на интегрираната настава се укажува на неопходна соработка меѓу наставниците од различни дисциплини.

Изборните предмети, пак, ќе ги нудат самите училишта и тие ќе произлезат од интересите на учениците, но се земаат предвид и можностите на наставниот кадар и ресурсите со кои располага училиштето. Овие предмети, според експертите, може да помогнат не само во развивање на потенцијалите на учениците, туку и во зголемување на нивното задоволство од престојот и учењето во училиште и во зголемување на нивната мотивација за постигнување успех вон училиштето.

Според Концепцијата, секое училиште задолжително ќе треба да понуди две листи на изборни предмети – едната е за учење Втор странски јазик (германски, француски, италијански и руски јазик) од VI до IX одделение.  Втората листа опфаќа т.н. Слободни изборни предмети кои ќе ги нуди училиштето, во зависност од интересите на учениците и можностите на училиштето.

Кај изборните предмети се нудат и такви кои се посветени на стекнување сознанија за културните/етничките обележја на сите што живеат во државава, како и на нагласување на заедничките интереси и вредности на сите граѓани што се припадници на различните етнички заедници. Се нуди можност учениците да изберат да го учат вториот службен јазик на општината каде што се наоѓа училиштето (албански, турски, српски, ромски). За учениците кои учат на јазик различен од мајчиниот, училиштето им нуди можност за изучување на сопствениот јазик и култура почнувајќи од трето одделение, преку избор на предметот Јазик и култура на Ромите/Власите/Бошњаците/Турците/Србите. По направениот избор, предметот добива статус на дополнителен наставен предмет.

На сите ученици кои не ја следат наставата на албански јазик, во вториот период  (VI-IX одд.) им се нуди можноста да учат Албански јазик како дополнителен изборен предмет.  Меѓуетничката интеграција се стимулира и со заеднички наставни и воннаставни активности со етнички мешани групи ученици кои учат на различни наставни јазици.

Слободните изборни предмети во првиот образовен период (од прво до трето одделение) ќе се реализираат во форма на слободни активности што ги води одделенскиот наставник и како дополнување на она што е веќе учено во текот на денот/неделата. На учениците од вториот и третиот период на основното образование (IV-IX одд.) им се нуди да избираат од четири категории слободни изборни предмети. Во првата категорија се предмети за продлабочување на знаењата од задолжителните наставни предмети (програмирање, сликање/цртање/вајарство, класична култура, сексуално образование); втората категорија – за поддршка на интереси на учениците кои не се дел од наставните предмети (фотографија, градинарство/хортикултура, театарски работилници, танцување, готвење, резбарство, моделарство).

Во третата категорија се слободни изборни предмети за поддршка на личниот и социјалниот развој на учениците (образование за животни вештини, мултикултурни работилници), а во четвртата се изборни предмети од спортско-рекреативен карактер (пример: фудбал, кошарка, ракомет, одбојка, пинг-понг, јога, пилатес).

Сите основни училишта ќе бидат задолжени во секој образовен период да понудат најмалку три изборни предмети од секоја од четирите наведени категории. Исклучок се училиштата со мал број ученици во кои листата на изборни предмети, во договор со учениците (односно со нивните родители/старатели), може да биде поограничена.

Од листата на слободни изборни предмети утврдена во училиштето, учениците избираат два во текот на една учебна година – еден за првото и друг за второто полугодие. До трето одделение слободните изборни предмети се реализираат како слободни активности.  Во активностите во конкретен изборен предмет учествуваат ученици коишто споделуваат заеднички интерес, без оглед дали учат во исто одделение/паралелка. Слободните изборни предмети се оценуваат описно и постигањата на учениците се вклучуваат во додатокот на свидетелството.

Концепцијата предвидува во училиштата да се реализираат и повеќе видови задолжителни воннаставни активности. Тие може да бидат краткотрајни, како акции (еколошки или хуманитарни, доброволна и општествено корисна работа надвор од училиштата), излети, екскурзии и еднократни работилници, а може да бидат и подолготрајни, какви што се: еколошките клубови, спортските клубови, училишниот театар, училишниот хор и оркестар… Секој ученик во третиот период (од седмо до деветто одделение) е задолжен да реализира најмалку 20 часа општествено корисна работа (индивидуално или заедно со соученици) во текот на една учебна година. Активностите може да бидат различни – акција за чистење во пошироката околина, читање книги на деца во градинка, собирање стара хартија во соседството, посетување и помагање на стари лица или лица со попреченост во соседството итн.

Наставните програми за сите предмети се развиваат врз основа на националните стандарди кои се базирани на компетенции кои учениците треба да ги стекнат на крајот на основното образование и тие претставуваат комбинација од знаења, вештини и ставови.  Националните стандарди се однесуваат на осум подрачја околу кои се групирани компетенциите: Јазична писменост (се однесуваат на мајчиниот јазик односно јазикот на кој се следи наставата),  Користење други јазици,  Математика и природни науки, Дигитална писменост, Личен и социјален развој, Општество и демократска култура, Техника, технологија и претприемништво и Уметничко изразување и култура.

За сите предмети (задолжителни и изборни од областа на јазиците) Концепцијата предвидува изработка на квалитетни учебници и/или наставни материјали кои се целосно усогласени со наставната програма. За учениците до трето одделение тие треба да бидат во печатена форма, а во сите горни одделенија може да бидат во електронска или печатена. Планот е класичните форми на учебниците (достапни во печатена или електронска форма) постепено да бидат заменети со дигитални верзии.  За задолжителните предмети Музичко образование, Ликовно образование, Физичко и здравствено образование и Техничко образование и информатика нема да има  учебници, туку ќе се користат наставни материјали, исто како и за слободните изборни предмети, соодветно на темата што ја покриваат.

Во согласност со овие цели на Концепцијата, подготвен е и Предлог-закон за учебници и наставни материјали кој наиде на отпор да се дигитализираат учебниците и иницијатива за референдумско изјаснување на граѓаните, по што Владата го повлече од собраниска процедура, а МОН најави дека од септември повторно ќе организира дебати за нови сугестии со кои ќе биде подобрен предложениоет текст.

Во однос на организацијата на наставата, во Концепцијата е наведено дека сè додека голем дел од учениците учат во училишта со двосменска настава, задолжителниот престој на учениците од прво до петто одделение во училиштето е пет часа на ден, од кои три до три и пол  часа поминуваат на наставни часови, а преостанатото време во други активности. Учениците од шесто до деветто одделение престојуваат во училиштето по шест часа дневно, од кои четири до четири и пол часа се на наставните часови, а преостанатото време во други активности. Тенденцијата е сите училишта во земјата да работат едносменски и кога тоа ќе се оствари, задолжителното време во училиштето ќе може да се продолжи за да се отвори простор за повеќе активности надвор од редовните часови.   За да може да излезат во пресрет на сите задачи, престојот на наставниците во училиштето е по шест часа на ден.

Концепцијата содржи и насоки за оценување на учениците и е појаснето дека информациите за нивните постигања во учењето ќе бидат  во вид на краток опис (кај описните оценки), во вид на бројка (кај бројчаните оценки) или во вид на категорија: „Се истакнува“, „Задоволува“ или „Не задоволува“ (кај слободните изборни предмети).

Предизвик ќе биде сумативното оценување во наставните предмети во кои се интегрирани повеќе дисциплини и тука наставниците кои заедно ја планираат наставата треба и да се  договараат околу начинот на проверките (тестови, есејски задачи, усни презентации). Секој наставник ќе дава сумативна оценка за својот модул и завршните сумативни оценки за секој модул се запишуваат во додатокот на свидетелството, а во самото свидетелството за предметот се запишува една заедничка оценка од наставниците што ја реализираат наставата од конкретниот предмет.

Tags: концепцијаобразованиеосновно образованиереформи
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Избори во Бугарија: Румен Радев со апсолутно мнозинство

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Од аздисаност до изгубеност

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Радев ќе владее – што значи тоа за Северна Македонија

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Ќе го избегне ли Словенија референдумот за излез од НАТО?

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ