• Latest

Инклузивно игралиште „Парк на срцата“ кај велешкото езеро „Младост“

August 15, 2021
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Инклузивно игралиште „Парк на срцата“ кај велешкото езеро „Младост“

August 15, 2021 11:33
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

На езерото Младост кај Велес  изградено е инклузивно игралиште со две тактилни патеки и реквизити, во рамки на проектот проект „Инклузивен Смарт Туризам“, што се промовира денеска од страна на Центарот за развој на Вардарски плански регион и Општина Велес.

Целта на новиот проект е подобрување на пристапноста и развој на инклузивноста преку воведување нови рекреативни содржини и услуги и нивно интегрирање со постојните содржини во туристичката атракција езеро Младост да се овозможи еднаков пристап за сите домашни и странски посетители, информираат носителите на проектот.

„Главната активност на проектот е инклузивното игралиште „Парк на срцата“, со две тактилни патеки и реквизити, соодветни на потребите на сите посетители, вклучително посетителите со ограничена мобилност и попречености. Исто така , дополнителна активност се и реквизити за обезбедување на пристап до плажа и пристап до вода за посетителите со ограничена мобилност“, соопштија носителите на проектот.

Со ова, според нив, не само што се овозможува рекреација на децата и лицата со попречености и нивна максимална инклузија со можност за дружење и игри без разлики, туку се придонесува за здравјето и благосостојба на сите домашни и странски посетители. Ова долгорочно ќе придонесе за препознавање на нашата држава како земја на инклузивен туризам и можност за одмор и рекреација за сите. Со овој проект, лицата со посебни потреби добиваат можност да се вклучат целосно во содржините на езерото и самиот парк, кој, покрај лица со посебни потреби, ќе може да го користат и други деца, со цел нивно заедничко дружење, запознавање односно постигнување на главната цел за меѓусебна интеграција.

Инклузивното игралиште „Парк на Срцата“ особено значење дава на подигнување на свеста на граѓаните како и на испраќање на пораката дека и лицата со попречености треба да добијат можност да бидат еднакви и да го добијат правото да функционираат во општеството како и останатите граѓани.

Проектот е финансиски поддржан од проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, спроведен од страна на Швајцарска Агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа.

 

Tags: инклузивно игралиштелица со попреченостпроект
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ